-

Судот утврди повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на новинарот Давид Илиески и ја задолжи Развојна банка да му ги достави бараните информации од јавен карактер
На 11. седница која се одржа денеска (29.04.2026) Уставниот суд утврди повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на новинарот Давид Илиески и со примена на член 57 став 2 Актот ја задолжува Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје да ги достави бараните информации, согласно Барањето за пристап до информации од…
-

Став на Уставниот суд по најавите за протест на културните работници на 28 април 2026 година
По медиумскиот интерс за став од Уставниот суд, во однос на најавениот протест пред Судот денеска (28.04.2026) информираме дека во конкретниот предмет е поведена постапка врз основа на изразен сомнеж за уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура и на член 76-љ од Законот за културата. Станува збор за втора фаза во која ќе…
-

Судијата Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки како еволуција на уставно-судската функција
Судијата на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева беше говорник на 91-та Средба на правниците, во организација на Здружението на правници на Република Северна Македонија, која се одржа од 23 до 25 април 2026 година во Охрид. Павловска-Данева се обрати на сесијата одржана на 23 април, со излагање на темата: „Интерпретативните одлуки како новина во…
-

Обраќање на претседателот на Уставниот суд д-р Костадиновски на 91-та Средба на правниците во Охрид
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски беше беа говорник на 91-та Средба на правниците, во организација на Здружението на правници на Република Северна Македонија, која се одржува од 23 до 25 април 2026 година во Охрид. Костадиновски се обрати на сесијата одржана на 23 април, со излагање на темата: „Интерпретативните одлуки како новина во…
-

Дневен ред за 11. седница на Судот закажана за 29 април во 9:30 часот
На 29 април 2026 година (среда), со почеток во 9,30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 11. Седница со Дневен ред за кој е предвидено да се дискутира за две иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и донесување на две конечни одлуки на Судот. I- ИНИЦИЈАТИВИ…
-
Соопштение по одржаната 10. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 10. седница на која се дисутираше по пет иницијативи за оценување на уставност и законитост, одлучуваше по едно барање за заштита на слободите и правата и донесе две одлуки.I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 1. Реферат У.бр.63/2025 Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на Закон за…
-

Дневен ред за 10. седница закажана за 22 април 2026 година во 9:30 часот
На 22 април 2026 година со почеток во 9:30 часотУставниот суд ќе ја одржи 10. Седница со Дневен ред на кој е предвидено да се дискутира по пет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, две барања за заштита на слободите и правата и по два предмета ќе се донесат конечни одлуки. Седницата ќе се…
-

Продолжува соработката со Факултетот „Јустинијан Први“: нова студентска посета на Уставниот суд
Студенти од прва година на правните студии при Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје го посетија Уставниот суд, во рамки на склучениот Меморандум за соработка, како дел од континуираните активности со академската заедница. Во текот на посетата, студентите беа запознаени со историскиот развој на Судот, со посебен акцент на неговите надлежности – уставно-судската контрола на законите,…
-

Студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во посета на Уставниот суд
Студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ го посетија Уставниот суд на Република Северна Македонија, во рамки на активностите предвидени со склучениот Меморандум за соработка меѓу двете институции. Во текот на посетата, студентите имаа можност непосредно да се запознаат со надлежностите, организацијата и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со неговата улога во заштитата…
-

Граѓаните во Уставниот суд: Одржан отворен ден и средби со претседателот д-р Костадиновски
Денеска во Уставниот суд се одржа Отворен ден за граѓаните, по втор пат, во рамки на иницијативата за поголема транспарентност и директна комуникација со јавноста. Претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски, оствари средби со десетици граѓани кои пројавија интерес за работата и надлежностите на институцијата. Граѓаните се интересираа и бараа информации во врска со предмети…
-

(ИНТЕРВЈУ) Костадиновски: Нека бидат спокојни граѓаните никој нема да го чепне Aлбанскиот јазик
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во интервју за емисијата „Со факти”, емитувана на 08.04.2026 година на МРТ 1 одговори на повеќе актуелни теми поврзани со одлуките на Судот, положбата на судската и уставно-судската власт, Законот за употреба на јазиците, Колективниот договор за култура, уставната тужба, политичките притисоци врз Судот и реформите што, според…
-

Уставниот суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и член 78-љ од Законот за култура
На денешната 9. седница Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, во целина, склучен на 30.12.2019 година по поднесена иницијатива од страна на адвокат, Томислав Стефков и по сопствена иницијатива поведе постапка за член 78-љ од Законот за култура. Од уставно-судската анализа на овој предмет произлегоа три клучни…