Меѓународни активности

225

Архива

Изберете година и месец

Меѓународни признанија за Уставниот суд: Благодарници од Турција, Австрија, Азербејџан и Египет за  организирање на 4. Годишен состанок на BCCF во Охрид
23/11/2026
До претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, пристигнаа писма со благодарност од претседателите на уставните судови на Турција, Австрија,  Азербејџан, од Врховниот суд на Арапската република Египет по одржувањето на 4. годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови (BCCF), организиран од 12 до 14 ноември 2026 година во Охрид. […]
Uncategorized, Меѓународни активности, Соопштенија
Делегација на Уставниот суд во официјална посета на Сараево: Предвидено потпишување Меморандум за соработка со Уставниот суд на Босна и Херцеговина
23/11/2026
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски, од 22 до 25 ноември 2026 година престојува во официјална посета на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, во Сараево. Во фокусот на посетата се унапредувањето на билатералната соработка, размената на искуства и добри практики во уставното судство кои ќе се […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Шест уставни судови од Балканот ја усвоија Охридската декларација: независноста, транспарентноста и ефикасноста во функција на поголема доверба во уставните судови
18/11/2026
Шест уставни судови, членки на Форумот на балканските уставни судови (BCCF) едногласно усвоија Охридската декларација за време на 4. годишен состанок, кој се одржа од 12 до 14 ноември 2026 година во Охрид, во организација на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Целта на Декларацијата е да се утврдат заеднички насоки за зајакнување на независноста, […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Проф. д-р Кристоф Грабенвартер, претседател на Уставниот суд на Австрија во посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија
12/11/2026
Во пресрет на 4.Годишен состанок на Балканскиот форум на уставни судови што ќе се одржи во Охрид на 13 ноември, на 12 ноември 2026 година, во билатерална посета на Уставниот суд на Република Македонија престојуваше претседателот на Уставниот суд на Австрија, проф. д-р Кристоф Грабенвартер и шефицата на кабинетот на Претседателот г-ѓа Мариане Брукмулер. Претседателот […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Делегација на Врховниот Уставен суд на Египет во посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија
11/11/2026
На 11 ноември 2026 година, на покана на претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија д-р Дарко Костадиновски кој во 2026 претседава со Балканскиот форум на уставни судови, беше остварена билатерална посета од страна на Врховниот Уставен суд на Египет во состав од претседателот Н.Е. Булос Фахми Искендер, заменикот претседател г-дин Махмуд Мохамед Али […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Уставниот суд ја претставува програмата на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови и меѓународната конференција во Охрид
10/11/2026
Претседатели и судии на уставни судови, претставници на меѓународни организации и истакнати правни експерти ќе учествуваат на меѓународната конференција посветена на довербата во уставното судство, современите предизвици и владеењето на правото. Уставниот суд на Република Северна Македонија, од 12 до 14 ноември 2026 година, во Охрид ќе биде домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Судијката м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева говорник на меѓународна конференција во Грузија по повод 30 години од основањето на Уставниот суд
06/11/2026
Судијката на Уставниот суд м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, имаше свое обраќање на меѓународната конференција во Батуми, по повод 30 годишнината од основањето на Уставниот суд на Грузија. Централната тема на конференцијата е „Улогата на уставносудската контрола во државата заснована на владеење на правото“.  Васиќ-Бозаџиева се обрати на првата сесија посветена на темата „Уставниот поредок и основните […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Павловска-Данева: Ефикасноста на уставното судство подразбира достапност, навременост, транспарентност и ефективна нормативна контрола
02/11/2026
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, учествуваше на меѓународната конференција во Белград, одржана по повод „20 години од Уставот на Република Србија“. Настанот се одржа од 28 до 30 октомври 2026 година во Република Србија. Во рамки […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Делегација на Уставниот суд учествува на меѓународна конференција во Белград, по повод 20 години од Уставот на Република Србија 
29/10/2026
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав од претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, учествува на меѓународната конференција во Белград која се одржува од 28-30 октомври 2026 година.  Конференцијата се организира по повод „20 години од Уставот на Република Србија“.  Во рамки на конференцијата, […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот
23/10/2026
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, што се одржа на 22 октомври 2026 година во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Костадиновски говореше во рамки на втората панел-сесија, на темата […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Делегација на Уставниот суд на меѓународна конференција во Приштина, претседателот Костадиновски со свој говор ќе се обрати пред присутните
22/10/2026
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, заедно со судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, денеска учествуваат на меѓународна конференција посветена на улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите. Настанот се организира во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Учествуваат […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Советникот на Судот Јањиќ-Тодорова учествуваше на онлајн семинар на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови (ACCF)
21/10/2026
Советникот на Судот за меѓународно-правни односи и соработка, Татјана Јањиќ Тодорова учествуваше на онлајн семинарот на националните кореспонденти на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови (ACCF) чиј полноправен член е Уставниот суд на РепубликаСеверна Македонија. Учесниците на семинарот дискутираа и ги презентираа своите искуства и добри практики во врска со темата на семинарот: Комуникацијата на уставните […]
Uncategorized, Меѓународни активности, Соопштенија