Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав од претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, учествува на меѓународната конференција во Белград која се одржува од 28-30 октомври 2026 година.
Конференцијата се организира по повод „20 години од Уставот на Република Србија“.
Во рамки на конференцијата, судијката Павловска-Данева ќе има обраќање на темата „Мерки за подобрување на ефикасноста на апстрактната контрола на правните акти од страна на Уставниот суд“, во третата панел-дискусија посветена на нормативната контрола, теоријата и практиката.
На конференцијата учествуваат претседатели и судии на уставни судови, судии на Европскиот суд за човекови права, претставници на Венецијанската комисија, високи претставници на правосудни институции и универзитетски професори.
Конференцијата опфаќа дискусии за развојот на уставноста, современите предизвици на уставното судство, човековите права и вештачката интелигенција, гаранциите за фер судење пред уставните судови.