Меѓународни активности

223

Архива

Изберете година и месец

Учество на офицерот за врски на Уставниот суд на Република Македонија на трет состанок на Заедничкиот Совет за Уставна Правда на Европската Комисија за Демократија преку Правото
15/03/2004
На 9 и 10 март 2004 година во Венеција, Италија, се одржа трет состанок на Заедничкиот Совет на Уставна правда на Европската Комисија за Демократија преку Правото, позната како Венецијанска Комисија на Советот на Европа. Од Уставниот суд на Република Македонија, на оваа средба присуствуваше државниот советник м-р Симеон Петровски, кој е воедно и офицер […]
Меѓународни активности
Учество на меѓународна конференција во Хаг, Холандија
19/02/2004
Во текот на ноември 2003 година, судијата Мирјана Лазарова-Трајковска учествуваше на “Конференцијата за основни права во плуралистичко општество” што се одржа во Хаг, Холандија, во организација на Советот на Европа и  Холандија, како актуелен претседавач со Комитетот на Министри во Советот на Европа. На оваа Конференција присуствуваа претставници од повеќе земји и тоа судии, амбасадори, […]
Меѓународни активности
Студиска посета на судија на Уставниот суд на Северна Ирска
19/02/2004
Во текот на октомври 2003 година судијата Мирјана Лазарова-Трајковска учествуваше на семинарот насловен како “Управување со мировни процеси” кој се одржа во Северна Ирска. Во текот на оваа неколкудневна студиска посета беа остварени низа контакти со политичари, судии, претставници на невладини организации, беа остварени контакти со Полицискиот Омбудсман на Северна Ирска, Комитетот за еднаквост, Комисијата […]
Меѓународни активности, Соопштенија
24 состанок на работната Група на експерти за државјанство на Комитетот на Експерти за државјанство
19/02/2004
Во текот на февруари 2004 година, судијата Мирјана Лазарова-Трајковска присуствуваше на 24 состанок на работната Група на експерти за државјанство на Комитетот на Експерти за државјанство, што се одржа во Стразбур, во организација на Советот на Европа. Целта на состанокот беше подготовка на протокол на Европската Конвенција за државјанство. Протоколот се однесува на бездржавјанството во […]
Меѓународни активности
Посета на Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија на Европскиот суд за Човекови Права во Стразбур
07/02/2004
По покана на Претседателот на Европскиот суд за човекови права, Г-динот Вилдхабер, Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Г-ѓа Лилјана Ингилизова-Ристова во придружба на државниот советник за меѓународна соработка и информативно-документациони работи м-р Симеон Петровски, присуствуваше на свечената церемонија по повод официјалното отворање на новата судиска 2004 година на Судот од Стразбур, што се […]
Меѓународни активности
Подготвителен состанок на Претседателите на Судовите за XIII Конференција на Европските Уставни судови во Кипар
15/10/2003
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија, предводена од Претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и Судијата Игор Спировски, денеска заминува во неколкудневна посета на Никозија, Кипар. Повод за посетата е одржувањето на Подготвителниот состанок на Претседателите на Судовите за XIII Конференција на Европските Уставни Судови, кој трае до 17 Октомври 2003 година. Организатор на овој […]
Меѓународни активности