Меѓународни активности

225

Архива

Изберете година и месец

Официјално отворање на новата судиска година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур
28/01/2008
Од 23- 26 јануари 2008 година, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и генералниот секретар на Уставниот суд г-ѓа Милица Николовска присуствуваа на официјалното отворање на новата судиска година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Настанот започнa со семинар на тема „Улогата на консензусот во системот на Европската конвенција […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Официјална посета на делегација на Уставниот суд на Република Словенија на Уставниот суд на Република Македонија
25/10/2007
Уставниот суд на Република Македонија Ве известува дека на покана на претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Словенија од 25-27 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Во рамките на оваа посета, судијата на Уставниот суд на Република Словенија д-р Цирил […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Посета на делегација на Уставниот суд на Република Албанија
17/10/2007
На покана од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Албанија од 17-20 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Делегацијата на Уставниот суд на Република Албанија ќе биде предводена од претседателот на Уставниот суд д-р Владимир Кристо.
Меѓународни активности, Соопштенија
XII-та Меѓународна Конференција во Ереван, Ерменија
08/10/2007
Во периодот од 5 до 6 октомври 2007 година во Ереван, Ерменија се одржа XII–та Меѓународна Конференција на тема: „Меѓународното искуство во соработката меѓу уставните судови и народните правобранители во полето на  обезбедувањето и заштитата на човековите права“ на која учествуваше судијата на Уставниот суд на Република Македонија, г-дин Бранко Наумоски во придружба на г-ца […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Посета на делегација на Уставниот суд на Република Бугарија
02/10/2007
На покана од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Бугарија од 3 – 6 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Делегацијата на Уставниот суд на Република Бугарија ќе биде предводена од претседателот на Уставниот суд г-дин Румен Јанков.
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на меѓународна конференција во Талин, Естонија
11/09/2007
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од д-р Трендафил Ивановски и Игор Спировски, судии на Уставниот суд, од 5-7 септември 2007 година, престојуваа во Талин, Естонија каде што учествуваа на Меѓународна конференција на тема: Политички прашања во уставно-судската контрола: која е линијата на поделба помеѓу мешањето во политичкото одлучување и уставно-судската контрола“. Конференцијата […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Посета на Уставниот суд на Република Албанија
10/05/2007
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд г-дин Махмут Јусуфи, престојува во Република Албанија во дводневна билатерална посета на Уставниот суд на Република Албанија. Посетата се остварува на покана од претседателот на Уставниот суд на Република Албанија д-р Ѓерѓи Саули и има за цел зајакнување и продлабочување на соработката […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на Меѓународен симпозиум по повод 45 Годишнината од постоењето на Уставниот суд на Република Турција
24/04/2007
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Судот г-дин Махмут Јусуфи, д-р Зоран Сулејманов, судија на Уставниот суд и Симона Герасимова Јовановска, советник, од денеска престојува во Анкара, каде што ќе учествува на Меѓународниот симпозиум на тема „Улогата на уставните судови во универзалниот мир и средба на цивилизациите“ организиран по повод […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на Делегација на Уставниот суд на Република Македонија на тркалезна маса во Република Црна Гора
14/02/2007
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од судиите Бранко Наумоски и д-р Бајрам Положани, во периодот од 14 до 17 февруари 2007 година ќе престојува во Република Црна Гора, по повод тркалезна маса на тема „Положбата и улогата на Уставниот суд во идниот Устав на Република Црна Гора“ во организација на Уставниот […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на меѓународен семинар во Букурешт, Романија
30/11/2006
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од претседателот на Уставниот суд Махмут Јусуфи, судијата д-р Трендафил Ивановски и државниот советник Татјана Јањиќ Тодорова на 23 и 24 ноември присуствуваше на меѓународен семинар на тема: „Гаранции за независноста на уставните судии“. Семинарот се одржа во Букурешт во организација на Уставниот суд на Романија […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Присуство на прославата на 15 годишнината од функционирањето на Уставниот суд на Руската Федерација во Москва
30/10/2006
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од судиите: д-р Трендафил Ивановски и Игор Спировски во периодот од 26 до 28 октомври 2006 година присуствуваше на прославата на 15 годишнината од функционирањето на Уставниот суд на Руската Федерација во Москва. Истовремено беше одржан и IX –Меѓународен форум на уставната правда на тема: “Заедничкиот […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на делегација на Уставниот суд на советување во Милочер, Република Црна Гора
09/10/2006
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Судот, г-дин Махмут Јусуфи во состав од судијата Бранко Наумоски и генералниот секретар на Судот, г-ѓа Милица Николовска учествуваше на  Советување на тема: „Положбата и улогата на Уставниот суд во примената на Европската конвенција за човекови права“ кое се одржа во Милочер, Република Црна […]
Меѓународни активности, Соопштенија