2025
-
Делегација на хрватскиот Уставен суд, ќе го посети Уставниот суд на Република Северна Македонија
Делегација предводена од претседателот на Уставниот суд на Република Хрватска, д-р Мирослав Шепаровиќ е во посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Во рамки на посетата, на 21 мај ќе се одржи средба со претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и со уставните судии. На работната средба ќе се дискутира на три теми:…
-
Прес конференција и одговор за медиумите на претседателот Костадиновски и судијата Кадриу
Уставниот суд со мнозинство гласови ги укина членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски во изјава за медиумите ги образложи причините за оваа одлука. Претседателот Костадиновски нагласи дека со членовите се направени повреди и од материјална и од формална природа. „Нашите сомнежи за материјалната…
-
(ВИДЕО) Прес конференција на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Осман Кадриу
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Осман Кадриу како судија- известител на предмет, денеска одржаа прес конференција за медиуми, по поголемиот јавен интерес и одговорија на сите прашања поврзани со: (Прес конференцијата се пренесуваше на МИА- видеото е споделено од официјалниот Фејсбук профил на државната новинска агенција МИА) https://www.facebook.com/share/v/19NJd9tE34
-
Соопштение по одржаната 10. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 10. Седница на која се дискутираше по седум иницијативи и беа донесени конечни одлуки за четири предмети. I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 1. Реферат У.бр.204/2023 Не се поведува постапка за оценување на уставноста на: -Член 24 и член 77 од Законот за животната средина; – Уредба за определување…
-
Соопштение во врска со пресудата на Управниот суд
Уставниот суд денеска го прими дописот од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија со кој е доставена Пресудата У-5 бр.380/2025 од 15.05.2025 година на Управниот суд на Република Северна Македонија. Уставниот суд не ја коментира Пресудата на Управниот суд. Постапувањето на сите инволвирани органи како што се Судскиот совет, Собранието и управните судови во…
-
Соопштение во врска со пресудата на Управниот суд
Уставниот суд денеска го прими дописот од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија со кој е доставена Пресудата У-5 бр.380/2025 од 15.05.2025 година на Управниот суд на Република Северна Македонија. Уставниот суд не ја коментира Пресудата на Управниот суд. Постапувањето на сите инволвирани органи како што се Судскиот совет, Собранието и управните судови во…
-
Обука за советниците со поддршка на ЕУ делегацијата и ИПА 3 проектот
Советниците на Уставниот суд на 21 мај 2025 година ќе присуствуваат на обука организирана преку механизмот ИПА 3 и проектот за зајакнување на капацитетите на Уставниот суд, којшто го спроведува ЕУ Делегацијата во Скопје. Тема на обуката е „слобода на мислата, совестта и религијата- правни што ги применува Европскиот суд за човекови права”. Воведно обраќање ќе…
-
Претседателот Костадиновски оствари работна средба со италијанскиот амбасадор Палминтери
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со Н.Е. Паоло Палминтери, амбасадор на Италија во Република Северна Македонија. Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Палминтери за предизвиците и актуелностите со кои се соочува Уставниот суд. На средбата беше изразено заедничко задоволство од нивото на развој на билатералните односи, при што е договорено зајакнување…
-
Уставниот суд ја продолжува соработката со Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работен состанок со Умер Ал-Катиб, раководител на Одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На состанокот се разговараше за идните активности кои Уставниот суд и Мисијата на ОБСЕ во Скопје заеднички ќе ги спроведат, во насока на продолжување на соработката и склучување нов Меморандум…
-
Уставната судијка Татјана Васиќ-Бозаџиева одржа предавање пред студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје
Уставната судијка м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева одржа предавање пред студентите од прва година на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Ова предавање се реализира како една од активностите предвидени со Меморандумот за соработка кој го потпишаа Уставниот суд на Република Северна Македонија и Правниот факултет, во јули 2024 година. Судијката…
-
Заврши Генералното собрание на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт- донесени се повеќе одлуки
Со одржувањето на работилница на темата “Уставна контрола на уставните измени” завршија работните сесии на темите од 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт, по што се одржа Генералното собрание на ACCF. На Генералното собрание, новото претседателство на Уставниот суд на Романија ја презентираше Програмата за следните три години (2025-2028). Темата…
-
Дневен ред за 10. седница на Уставниот суд закажана за 20 мај 2025 година
Уставниот суд ќе ја одржи 10. седница на 20 мај 2025 година со почеток во 9:30 часот. На Дневен ред e предвидено да се дискутира по осум предмети за оценување на уставност и законитост и да се донесат одлуки за четири предмети. I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 1. Реферат У.бр.204/2023 Оспорени: Член 24…