Мадриско Комунике усвоено на VI-от Конгрес на Светската Конференција за уставна правда „Човековите права на идните генерации“

Мадридска декларација – 6. Конгрес на Светската конференција за уставна правда
„Човековите права на идните генерации“

Светската конференција за уставна правда (1) го одржа својот 6от Конгрес на 29-30 октомври 2025 година во Мадрид, по љубезна покана на Уставниот суд на Кралството Шпанија.

На Конгресот учествуваа 88 делегации од уставни судови и судови со еквивалентна надлежност, со вкупно околу 300 учесници. Во 2025 година, Уставните судови на Суринам, Лихтенштајн и Сахарската Арапска Демократска Република, како и Врховниот суд на Јемен, се приклучија на Светската конференција за уставна правда. Конгресот го поздрави постојанато зголемување на членството на WCCJ.

Признавајќи дека уставната правда мора да се развива за да одговори на потребите на меѓугенерациското општество, 6от Конгрес се фокусираше на есенцијалната улога на уставните судови во заштитата на правата кои се протегаат надвор од сегашниот момент.

Тие истакнаа дека уставните судови имаат задача, преку своите одлуки, да го толкуваат уставот и да развиваат принципи, со што се поставуваат правни основи кои ги надминуваат изборните циклуси и политичките агенди.

Учесниците потврдија дека заштитата на достоинството, правата и слободите на идните генерации се уставен императив. Судовите мора да обезбедат дека денешните судски одлуки нема да ги спречуваат слободите и благосостојбата на идните генерации./ Судовите мора да обезбедат дека денешните судски одлуки нема да оптоваруваат слободите и благосостојбата на идните генерации.

Судовите ја нагласија се зголемената препознавање на правото на чиста, здрава и одржлива животна средина како основно право. Тие ја истакнаа нивната улога во решавањето на предмети што се однесуваат на еколошки штети, поддршка на одржлив развој и спроведување на климатска правда. Уставната интерпретација треба да ги поддржи правните рамки што спречуваат непоправливи еколошки штети и ги афирмираат обврските на државите кон идните генерации, како на домашно, така и на глобално ниво.

Конгресот нагласи дека зачувувањето на културното наследство — и материјално и нематеријално — го одржува идентитетот и отпорноста на идните генерации. Судовите треба да применуваат правни механизми за заштита на културните вредности, решавање спорови за културно наследство и справување со културни практики што се во конфликт со универзалните човекови права.

Правото на дигитална поврзаност и фер пристап до информации, како и етичкото управување со новите технологии се сè попотребни за човековиот развој. Судовите се повикуваат да се грижат за заштита од злоупотреба на надзорот, дискриминација од алгоритми и повреда на приватноста на податоците, додека ја промовираат фер достапност до дигитална инфраструктура и знаења.

Покрај главната тема, 6от Конгрес беше можност — согласно со практиката воспоставена на претходните конгреси — да се направи преглед на независноста на уставните судови кои се членови на Светската конференција.

Конгресот призна дека заканите за независноста на уставните судови не се хипотетички ниту изолирани. Судовите во некои земји се соочуваат со политичко мешања, одложено спроведување на одлуки или кампањи кои имаат за цел нарушување на јавното доверба во нив. Во некои случаи, биле правени обиди за ослабување на уставната контрола преку буџетски или процедурни ограничувања.

Конгресот повторно потврди дека уставната правда може да ја исполнува својата улога само кога автономијата и независноста на уставните судови се целосно загарантирани. Ваквата независност не е цел сама по себе, туку неопходен услов за обезбедување на супрематијата на Уставот, ефикасна заштита на основните права и осигурување на балансот меѓу властите во држава која се раководи од принципите на владеење на правото.

Учесниците исто така ја истакнаа својата меѓусебна солидарност во одбраната на интегритетот и независноста на уставните судии, чија што неутралност мора да се заштити од каква било мешање или притисок, без разлика на неговото потекло. Уставната правда, во своите различни институционални форми, е еден од столбовите на демократската стабилност и прогрес, а Конгресот ја изрази своја единствена посветеност за отфрлање на било какви мерки или акти што имаат за цел да го спречат или отежнат остварувањето на судските функции што се од суштинско значење за зачувување на демократијата и човековите права.

Таквите дејства го еродираат владеењето на правото и јавната доверба. Судовите не смеат да станат алатки на волјата на мнозинството, ниту да се изолираат од општествата на кои им служат. Нивната легитимност лежи во нивниот уставен мандат, правно основано расудување, процедурната транспарентност и храброста да донесуваат одлуки според уставите — дури и кога одлуките се политички неподобни.

Судката незавиноста на судството е неопходна за гарантирање еднаква заштита на правата на сите граѓани. Ова бара соодветни ресурси, процедурална заштита и институционално почитување.

Учесниците повикаа на култура на уставност во која судските одлуки верно се имплементираат, а судската критика останува конструктивна. Транспарентноста, одговорноста и дијалогот со институциите и граѓанското општество ја зајакнуваат независноста на судството, а не ја ослабуваат

Учесниците повикаа членовите на Светската конференција за уставна правда да ги преземат, во рамките на своите уставни надлежности, сите мерки што се потребни за одржување на мирољубива соработка на нивните држави со другите членови на меѓународната заедница, заснована на универзално признатите уставни вредности кои вклучуваат ефективна заштита на животната средина, зачувување на културното наследство, развој на науката во интерес на целото човештво и зајакнување на независноста на уставните судови и еквивалентни органи. Учесниците ја нагласија важноста од почитување на националниот суверенитет и територијалниот интегритетност на секоја држава.

Список за контрола на владеењето на правото на Венециjanската комисија на Советот на Европа беше истакнат како клучен инструмент за проценка и зајакнување на владеењето на правото. Сите членови на WCCJ, вклучувајќи ги и оние надвор од Венециjanската комисија, беа охрабрени да ja користат оваа алатка. Контролниот список моментално се ажурира и ќе ги вклучува новите критериуми за уставна правда, дополнително зголемувајќи ја неговата вредност за судовите низ целиот свет.

Конгресот повторно ја потврди важноста на улогата на WCCJ со неговите регионални и јазични групи во поддршката на судовите со притисок — преку солидарност, јавни изјави и активно вклучување. Заштитата на независноста на судството претставува тековна одговорност која е заедничка за сите.

Учесниците на 6от Конгрес изразија искрена благодарност до Уставниот суд на Кралството Шпанија за љубезното домаќинство на 6от Конгресот, кој беше извонредно организиран.

(1) Светската конференција има 125 уставни судови и советодавни тела и врховни судови, како и уставни одбори (во натамошниот текст „уставни судови“) од петте континенти. Таа ја промовира уставната правда, разбрана како преглед на уставноста на законите, вклучувајќи ги и човековите права, како основен елемент на демократијата, заштитата на човековите права и владеењето на правото (Член 1.1 од Статутот на Светската конференција).

Madrid Communique_eng