Завршна сесија на VI-от Конгрес на Светската Конференција за уставна правда

VI-от Конгрес на Светската Конференција за уставна правда заврши вчера попладне со пленарeн состанок на Генералното собрание на кој учествуваа 88 уставни судови. По усвојување на Агендата за нови членови на Бирото, за Африка беше избрано Кралството Мароко, за Америка – Република Перу, за Азија и Океанија – Тајланд и за Европа – Република Австрија. Република Суринам беше едногласно примена во членството.

На состанокот беа прифатени Амандманите на Статутот што се однесуваат на замрзнување и суспензија на членство и на ревизија на финансиските контрибуции. Дискусијата за прием како набљудувач во подгрупи регионални и лингвистички за апликацијата на Конференцијата за уставна надлежност на туркискиот свет, беше одложена со цел да се утврдат објективни критериуми за прием, а Република Бугарија го повлече предлогот за членство на Балканскиот форум на уставни судови како регионална група.

VI-от Конгрес заврши со усвојување на Мадридското комунике.