Соопштение на Уставниот суд по одржаната 22 седница

Уставниот суд денеска ја одржа 22. седница на која дискутираше за осум иницијативи за оценување на уставност и законитост, две барања за заштита на слободи и права и два предлога за донесување на одлуки. 

I.    ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

  1. Реферат У.бр.176/2024

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 141-а од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги   („Службен весник на Република Македонија“ бр.184/2013, 13/2014,  44/2014, 101/2014, 132/2014, 13/2016, 142/2016, 132/2017, 168/2018, 248/2018 и 27/2019 и „Службен весник на Република Северна       Македонија“ бр.154/2019, 42/2020, 90/2020, 140/2020, 2/2021, 48/2021,    77/2021, 154/2023, 55/2024 и 193/2024) и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Северна   Македонија“ бр.55/2024). 

Подносител на иницијативата: Адвокат Љупчо Докузов

2. Реферат У.бр.29/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 113 во делот „од први јули 2019 година“ од Законот за тутун,      производи од тутун и сродни производи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/2019, 20/2020 и 56/2021).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

3. Реферат У.бр.42/2025

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 20-а став 3 од Законот за технолошки индустриски развојни зони („Службен весник на Република Македонија“ бр.14/2007, 103/2008,       139/2009,     156/2010, 172/2012, 41/2014, 160/2014, 72/2015, 129/2015,   173/2015, 192/2015, 217/2015, 30/2016, 83/2018 и  „Службен весник на  Република Северна Македонија“ бр.13/2023 и  59/2025) и не поведе постапка за оценување на уставноста на член 19 став 1 во делот „управува“  од  Законот за технолошки индустриски развојни зони („Службен весник на Република Македонија“ бр.14/2007, 103/2008,       139/2009,     156/2010, 172/2012, 41/2014, 160/2014, 72/2015, 129/2015,   173/2015, 192/2015, 217/2015, 30/2016, 83/2018 и  „Службен весник на   Република Северна Македонија“ бр.13/2023 и  59/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

4.  Реферат УЗ.бр.25/2025

Судот  ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за начинот на уништување на документи и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано осигурување („Службен      весник на Република Македонија“ бр.124/2013).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

5. Реферат У.бр.138/2021

Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ССИ 03, Блок ССИ 03.07, Општина Бутел и Општина    Карпош, Скопје, бр.09-6947/3 од 12.10.2021 година („Службен   гласник на Општина Карпош“ бр.19/2021); Одлука за донесување на   Детален урбанистички план за градска четврт ССЗ 02, Блок 06,      Општина Карпош – Скопје, бр.09-6334/4 од 16.09.2021 година    („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.15/2021); Oдлука за       донесување на Детален урбанистички план за Блок 9 од градска   четврт ССИ 03, Општина Карпош и Општина Чаир бр.09-6334/5 од  16.09.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.    15/2021); Одлука за донесување на Детален урбанистички план за       градска четврт 3 06, Блок 3 06.09 Општина Карпош, Скопје, бр.09-  5967/7 од 30.08.2021 година („Службен гласник на Општина  Карпош“ бр. 13/2021); Одлука за донесување на измена и дополна      на Детален урбанистички план за градска четврт ЦС 15-Криви Дол      Блок 1, Општина Карпош – Скопје бр.09-5017/6 од 15.07.2021 година    („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.10/2021); Одлука за   донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ССИ    03 блок 02, Општина Карпош и Општина Бутел, Скопје бр.09-2334/7 од 09.04.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.7/2021) и Одлука за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт 304, Блок 04.02 Општина Карпош – Скопје бр.09-6997/8 од 12.11.2020 година („Службен гласник на Општина Карпош“  бр.20/2020).

Подносители на иницијативата: Невена Георгиева и Татјана Чакулев

6. Реферат У.бр.201/2024

Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за утврдување правила во урбанистичкото планирање и спроведување на параметри во рамки на дефинирана градежна    парцела за реализација и спроведување на урбанистички план бр.08-   7099/17 од 12.06.2024 година, донесена од Советот на Општина Тетово („Службен весник на Општина Тетово“ бр.7/2024).

Подносител на иницијативата: Даријан Сотировски

7. Реферат У.бр.260/2024

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на точка 32 од дел III од Годишната програма за финансирање на  изработка на урбанистички планови за 2025 со број 80.868/6 од 4 февруари 2025 година („Службен весник на Република Северна   Македонија“ бр.25/2022).

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на точка 35 од дел III од Годишната програма за финансирање на  изработка на урбанистички планови за 2024 со број 41-805/4 од 16 јануари 2024 година („Службен весник на Република Северна   Македонија“ бр.15/2024, 160/2024 и 226/2024).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

8. Реферат У.бр.265/2024

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на законитоста на Соопштение бр.02-763/1 од 10.06.2024 година, донесено од страна на претседателот на Стоматолошка комора на Македонија

Подносител на иницијативата: Жарко Ѓорѓиев, претседател на Здружение на приватни стоматолози

II.   БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

У.бр.258/2024

Предмет: Барање за заштита на слободите и правата на човеков и граѓанинот согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот кои се однесуваат на забрана од дискриминација на граѓаните, по основ на расна и национална припадност.

Подносители на барањето: У. Н и други 

Судот го одби барањето на У. Н.  и други од Прилеп, за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија кои се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на расна и национална припадност.

БЗСП бр.4/2025   

Судот го отфрли барањето на Александар Насковски од Скопје за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија што се однесуваат на забраната на дискриминација по основ на работен статус, заштита на правото на слободно изразување, правото на мирно собирање и изразување на јавен протест.  

III.  ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ

 1.   У.бр.268/2024

Судот го поништи член 46 став 7 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија бр.141/2014 и 36/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.147/2023, 263/2023, 286/2023, 135/2024, 218/2024 и 275/2024).

2. УЗ.бр.6/2025

Судот ја укина Одлуката за донесување на Предлог-Деталниот урбанистички план за нас. „ДЕВЕАНА“ УЕ „Д“ Блок „Д5“ – дел, за плански период 2018- 2023(1ха) – Општина Кичево бр. 08-1747/18 од 18.07.2023 година („Службен гласник на Општина Кичево“ бр.VII/2023 од 19.07.2023 година).