Соопштение по одржаната 21. седница на Уставниот суд

Уставниот суд на 15.10.2025 година ја одржа 21. седница , и ги донесе следните одлуки и решенија:

 1. Реферат У.бр.95/2023

 Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 142 став 7 од Законот за даночната постапка („Службен весник   на Република Македонија“ бр. 13/2006, 145/2007, 21/2008, 88/2008, 159/2008, 23/2009, 76/2009, 105/2009, 133/2009, 145/2010, 171/2010, 53/2011, 166/2011, 39/2012, 84/2012, 187/2013, 15/2015, 97/2015, 129/2015, 154/2015, 23/2016 и 35/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019, 79/2020, 290/2020,   247/2022 и   3/2025).

Подносител на иницијативата:  Владимир Клековски

2. Реферат У.бр.1/2024 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на Закон за плата и други надоместоци на избрани и изменувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република   Социјалистичка Македонија“ бр.36/1990 и „Службен весник на   Република Македонија“ бр. 44/1990, 11/1991, 38/1991, 23/1997, 37/2005, 84/2005, 121/2007, 161/2008,  92/2009, 42/2010, 97/2010, 162/2010, 11/2012, 145/2012, 170/2013, 139/2014, 45/2018 и 233/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/2023,  65/2023, 51/2024 и 272/2024).

Подносител: Здружение на граѓани ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА за давање на правна помош на дискриминирани лица Виница

3. Реферат У.бр.142/2024

Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 2 став 1 точка 62 во делот „Извршниот одбор“ од Законот за платежни услуги и платни системи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2022 и 64/2024).

Подносител: Игорчо Точев од Скоје

4. Реферат У.бр.211/2024

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 14 став 1 во делот „мали количини“ и член 29 став 1 алинеја 1 во делот „количества пропишани согласно со членот 14 на овој  закон“ од Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и („Службен весник на Република Македонија“ бр.39/2006, 89/2008,171/2010, 53/2011, 69/2013, 187/2013, 43/2014, 129/2015, 39/2016, 71/2016 и 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/2021 и 199/2023).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

5. Реферат У.бр.241/2024

Поради недобиено мнозинство гласови при одлучувањето, предметот ќе биде ставен на Дневен ред на една од наредните седници

Оспорен акт: Членовите 1, 2, 4 и 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2024).

Расправајќи по предметот У.бр.241/2024, Судот одлучи по сопствена иницијатива да  оформи предметот УЗ.бр.73/2025 за оценување на уставноста и законитоста  на членовите 11, 12, и 18 од Деловникот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, донесен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на 30.01.2024 година, заведен под број 0101-1/1, како и за оценување на уставноста на целината на Деловникот.

Подносител на иницијативата: Тони Јакимовски

6. Реферат У.бр.273/2024 и У.бр.274/2024

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 7 став 4 од Законот за игрите на среќа и за забавните   игри („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016, 178/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 251/2022 и 168/2024)

-ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 7 став 3 од Законот за игрите на среќа и на забавните игри(„Службен весник на Република Македонија” бр.24/11, 51/11, 148/11, 74/11, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15, 154/15, 23/15, 178/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 251/22 и 168/2024).

-не поведе постапка за оценување на уставноста на Автентично толкување на член 7 ставови 2, 3 и 4 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија” бр.24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15, 251/22) објавено во Службен весник на Република Северна Македонија бр.168/2024.

7. Реферат УЗ.бр.8/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за регистрирање на давателите на услуги платформа за споделување видеа бр.01-325/1 од 23 јануари 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.18/2025).

Подносител на барањето: Игорчо Точев

8. Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на на точките 3 и 10 од Упатството за радиодифузерите за локалните избори за 2025 бр.01-4137/1 од 26.09.2025 година, донесено од Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Подносител на иницијативата: Политичка партија „Левица”

II.   БАРАЊЕ ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА ОДЛУКИ НА УСТАВНИОТ СУД

Судот ја отфрли иницијативата за преиспитување на одлуката УЗ.бр.19/2025

Оспорен акт: Одлуки У.бр.98/2024 и У.бр.139/2024

Подносител на иницијативата: Кузман Цилков

III.  БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

1.   БЗСП.бр.5/2025

Судот го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот што се однесува на забрана на дискриминација по основ на социјална припадност.

Подносител: Лејла Кадриу

Оспорени акти: Решение на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител при вршењето на јавнообвинителската функција при ЈО од 01.02.2022

-Решение на Советот на јавни обвинители од 29.03.2022 година

-Пресуда од 07.03.2022 година на Управен суд

-Пресуда од 20.01.2025 на Виш Управен суд