November 2024
-

Претседателот на Уставниот суд оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Н.Е.Кристоф Ле Риголер
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судиите м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева и м-р Фатмир Скендер остварија работна средба со амбасадорот на Република Франција во земјава, Н.Е. Кристоф Ле Риголер (Christophe Le Rigoleur). Претседателот Костадиновски ја нагласи важноста и интересот за континуитет во одржување на блиски односи меѓу Уставен суд на Република Северна Македонија и…
-

Учество на судиите м-р Татјана Васиќ–Бозаџиева и м-р Фатмир Скендер на Регионална конференција на уставни судови, Тузла, Босна и Херцеговина
Судиите м-р Татјана Васиќ – Бозаџиева и м-р Фатмир Скендер во периодот од 26 – 28 ноември 2024 година учествуваа на Регионална конференција на уставни судови на тема „Зајакнување на заштитата на човековите права преку уставните судови во областа на заштитата на животната средина и клима“, што се одржа во Тузла, Босна и Херцеговина. На…
-
Резиме на излагањето на судијата м-р Татјана Васиќ – Бозаџиева од Регионалната конференција на уставни судови
Научните истражувања направени во нашата држава ја потврдуваат сериозноста на еколошката криза во Република Северна Македонија, истакнувајќи ги следниве проблеми: загадување на почвата, водите и воздухот, прекумерна урбанизација, отпад и депонии, отпадни води и нелегално градење. Овие проблеми се најизразени во големите градови, особено во Скопје, каде што капацитетите за еколошка одржливост се речиси тројно…
-
Дневен ред за 31-та седница закажана за 4 декември 2024 година
На 4 декември 2024 година (среда), со почеток во 9:30 часот Уставниот суд ќе ја одржи 31-та седница со дневен ред за кој се предвидени десет иницијативи за оценување на уставност и законитост и ќе одлучува по четири предлози за одлучување. I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 1. Реферат У.бр.107/2021 Оспорен: Член 6 став…
-

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски се сретна со Шејма Бабајигит, координаторка на „Тика” во Скопје
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата м-р Фатмир Скендер остварија работна средба со претставници од Турската агенција за координација и соработка, предводени од главната координаторка за Скопје, Шејма Бабајигит. На средбата беше констатирана успешната соработка помеѓу Судот и „Тика” во изминатите години. Претседателот Костадиновски изрази голема благодарност за поддршката што ТИКА во…
-

Организирана пригодна свеченост по повод пензионирањето на Мирјана Лесевска, советник на Судот и шеф на кабинет
Судиите и службата во Уставниот суд организираа пригодна свеченост по повод пензионирањето на советникот на Судот и шеф на кабинетот на претседателот, Мирјана Лесевска. Лесевска повеќе од половина од својот работен век го помина во Уставниот суд во одделението за стручно аналитички работи и со својот ангажман даде значаен придонес за подобрување на квалитетот на…
-

Студенти од Правниот факултет-Кичево во посета на Уставниот суд
Студенти од Правниот факултет- Кичево беа во посета на Уставниот суд. Во рамки на посетата се информираа за надлежностите и улогата на Судот, кадровските капацитети и условите за работење во Уставниот суд. Студентите се интересираа за начинот на кој се носат одлуките, изборот на уставни судии и информирањето на јавноста за одлуките на Уставниот суд. …
-

Поведена постапка за законот за данок на солидарност
Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Законот за данок на солидарност. Судот во оваа фаза од постапката ги прифати дел од наводите во иницијативите на пет подносители како основани. Судот изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и…
-

Соопштение по завршената 30. седница
На 20 ноември Уставниот суд ја одржа 30. седница со дневен ред на кој се дискутираше по осум иницијативи за оценување на уставност и законитост и се одлучуваше по пет предмета за кои е донесена конечна одлука. 1. Реферат У.бр.179/2023, У.бр.183/2023, У.бр.187/2023, У.бр.190/2023 и У.бр.197/2023 Се поведува постапка за оценување на уставност на Законот за…
-
У.бр.116/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста од табеларниот приказ во глава V. Висина на надоместоци за уредување на градежно земјиште и тоа во делот на табелите: V-а. Висина на уредување на градежно земјиште во градот Богданци реден број 15 и 16 од Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024…
-
У.бр.163/2024 и У.бр.164/2024
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 4 став 1 точка 3 од Законот за управните спорови и СЕ ОТФРЛААТ иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на член 69 став 4 од Законот
-
У.бр.34/2023
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за определување на заштитни зони за заштита на водите на водозафатниот објект извор „Студенчица“, мерки за заштита, услови, начин на воспоставување на заштитните зони и картографскиот приказ