2023
-
У.бр.100/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за висината на трошоците во постапката за издавање на дозвола за користење простор, дозвола за ограничено користење на ГМО класа 2 или дозвола за ограничено користење на ГМО класа 3 и/ или класа 4
-
У.бр.128/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 2 став 3 во делот „Советот на“ од Законот за дополнување на Законот за облигационите односи
-
У.бр.8/2019, У.бр.16/2019, У.бр.26/2019, У.бр.40/2019 и У.бр.47/2019
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 848 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и СЕ ОТФРЛААТ…
-
У.бр.106/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за изменување на Правилникот за содржината и начинот на подготовката на актите, за внатрешна организација и систематизација на работните места, како и содржината на функционалната анализа на институциите на јавниот сектор
-
У.бр.103/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Решението за изменување и дополнување на Решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи
-
У.бр.81/2022
СЕ УКИНУВА Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр.27-8039/1 од 23 август 2021 година, донесена од Советот на Град Скопје
-
У.бр.131/2022
СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 6 став 2 во делот „во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка од член 5 став 3 од овој закон“ од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани за справување со енергетската криза
-
У.бр.86/2021
СЕ УКИНУВА член 6 став 3 во делот „донесено од стечајниот управник“ од Законот за судските такси
-
У.бр.64/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на Советот на Општина Македонска Каменица
-
У.бр.104/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Упатството за изменување и дополнување на Упатството за спроведување на одлуката за методологијата за управување со ликвидносниот ризик
-
У.бр.108/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за содржината на студиските програми