Уставен суд на
Република Северна Македонија
Одлука У.бр.81/2022
Скопје, 21.09.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 21.09.2023 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр.27-8039/1 од 23 август 2021 година, донесена од Советот на Град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ бр.11/2021 од 24.08.2021 година).
2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот, означен во точката 1 од оваа одлука.
3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 12 јули 2023 година, по поднесената иницијатива од Бојан Милошевски, адвокат од Скопје, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр.27-8039/1 од 23 август 2021 година, донесена од Советот на Град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ бр.11/2021 од 24.08.2021 година) и го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на наведената одлука затоа што пред Судот, со основ се постави прашањето за нејзината согласност со Уставот.
II
На седницата Судот утврди дека Советот на Град Скопје на седумдесет и петтата седница на 23 август 2021 година, донел Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05 бр.27-8039/1 од 23 август 2021 година, објавена во „Службен гласник на Град Скопје“ бр.11/2021 од 24.08.2021 година.
При утврдување на фактичката состојба, Судот ги имаше предвид сите прибавени докази, и тоа:
– Планска програма со плански опфат за Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр.13-4585/2 од 28.05.2018 година, донесена од страна на Комисијата за урбанизам на Град Скопје;
– Решение за одобрување на планска програма за Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр.08-4685/4, донесено од градоначалникот на Град Скопје, на 28.05.2018 година, по претходно изработен Предлог за одобрување на Планска програма за Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр.13-4685/3 од 28.05.2018 година, изработен од Комисијата за урбанизам на Град Скопје;
– Потврда за заверка на Планска програма за Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр.08-4685/5 од 28.05.2018 година, донесена од страна на Комисијата за урбанизам на Град Скопје;
– На 02.07.2018 година, отворена е постапка за изработка и донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, со прикачување на Барање бр.13-5820/1 од 02.07.2018 година;
– Забелешки бр.13-5820/2 од 29.06.2021 година, дадени од Комисијата за урбанизам на Град Скопје, поради неопходноста од флексибилноста во процесот на спроведување на Регулацискиот план, а во врска со усогласувањето на истиот со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022;
– Одговор на забелешки технички број К10218 од 05.07.2021 година, доставен од страна на Агенцијата за планирање на просторот на Република Северна Македонија;
– Позитивно мислење бр.0939-10021/2 од 13.07 2021 година, за утврдената состојба по споредувањето на податоците од Регулацискиот план на Генерален урбанистички план на Град Скопје за четврт З 05, со податоците од катастарскиот план, издадено од страна на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија;
– Позитивно мислење бр.13-5820/3 од 16.08.2021 година, за изработување на предлогот за Регулацискиот план на Генерален урбанистички план на Град Скопје за четврт З 05 со површина 63,20 хектари во согласност со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022, издадено од Комисијата за урбанизам на Град Скопје;
– Конечен предлог план за Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр. 0903-367/4 од 18.08.2021 година, доставен од страна на Агенцијата за планирање на просторот;
– Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр 27-8039/1 од 23.08.2021 година, донесена врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.05/02), и член 94 став 1 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/2020), од страна на Советот на Град Скопје. Одлуката е објавена во „Службен гласник на Град Скопје“ бр.11/2021 од 24.08.2021 година;
– Известување за извршено дигитално преклопување, на податоците од Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05 со податоците од катастарските парцели, бр.0939-10021/3 од 23.09.2021 година, од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија и
– Доказ за објавата на донесениот Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05 на 27.09.2021 година, на веб-страницата на Град Скопје (http://gisportal.skopje.gov.mk/GUP_sintezni/Z05.pdf).
Во одговорот од Советот на Град Скопје, бр.08-11611-1 од 04.10.2022 година, се наведува дека согласно член 7 став 1 точка 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, постојат генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план за вон населено место. На тој начин законодавецот предвидел рангирање односно хиерархиска поставеност на споменатите видови на урбанистички планови. Оттука, деталниот урбанистички план е план од пониско ниво во однос на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022. Во одговорот, се наведува дека врз основа на Генералниот урбанистички план 2012-2022, Советот на Општина Карпош донел Детален урбанистички план за градска четврт З 05 со Одлуката бр.07-7546/4 од 06.11.2013 година и кој е сè уште во сила, а имајќи го предвид фактот на донесување на Деталниот урбанистички план значи дека истиот е усогласен со Генералниот урбанистички план и Oпштината согласно одредбите од Законот за општата управна постапка го спроведува истиот и издава и одобрува градежно-техничка документација. Понатаму, се наведува дека Деталниот урбанистички план кој го донела Општина Карпош за градска четврт З 05 е од 2013 година, додека пак Регулацискиот план е донесен во 2021 година, односно 7 години подоцна. Како неспорен факт се наведува и дека е потребно Деталниот урбанистички план да биде усогласен со Регулацискиот план доколку бил донесен пред донесување на Деталниот урбанистички план и истото претставува принцип на вертикална хиерархиска усогласеност кој е присутен во законските и подзаконските акти за урбанистичко планирање. Наведенотo подразбира дека Деталниот урбанистички план за градска четврт З 05 од 2013 година во времето кога бил донесен од страна на Советот на Општина Карпош, не егзистирал Регулацискиот план на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за таа градска четврт. Иако новиот Закон за урбанистичко планирање не го познава институтот регулациски план, со член 94 во делот на преодните и завршните одредби предвидено е дека започнатите постапки за донесување на регулациски план на генералниот урбанистички план на денот на отпочнување на примената на овој закон, односно 18 јуни 2020 година ќе продолжат согласно одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Во однос на наводите во иницијативата за различните намени и параметри предвидени со Деталниот урбанистички план и Регулацискиот план и податоците од постојната состојба за градска четврт З 05, од страна на доносителот на актот наведена е следната фактичка состојба:
– Во блок „З 05 02“ се предвидува доминантна класа на намена М(А+Б), односно „А“ – домување и „Б“ – комерцијални и деловни намени. Покрај доминантните класи на намените биле предвидени и „В“ – јавни институции (во рамките на намената „В“ спаѓала и намената „В5“ – верски институции), „Д1“ – парковско зеленило и површина под секундарна инфраструктура. Приложен е и табеларен приказ со нумерички показатели;
– Во блоковите „З 05.03“ и „З 05.04“ (како и во сите други блокови) предвидената класа на намени „Д1“ – претставува јавен интерес од највисоко ниво. Согласно член 59 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, минималниот број на паркинг места за планираните намени на земјиштето и градбите за „Д1“ – парковско зеленило, се определува од проектната документација во зависност од специфичните потреби и услови. Од тука произлегува дека со детален урбанистички план може попрецизно да се уредат јавните површини со детална диспозиција на јавните отворени паркинзи и парковско зеленило;
– Во блокот „З 05.06“ по должина на улицата „Никола Русински“ било планирано зеленило кое постои на лице место и не задира во постоечките подземни паркинзи. И за овој блок важело образложението коешто е дадено за претходните два блока;
– Во блокот „З 05.06“ на местото каде што било предвидено „Д1“ – парковско зеленило од увид на лице место може да се констатира дека истото е постоечко, исто така, со увид во важечкиот Детален урбанистички план може да се види дека на таа локација не се предвидува хелиодром и
– Во блокот „З 05.08“ по должината на новопланираната улица „С5“ исто така било предвидено „Д1“- парковско зеленило кое на лице место постои и не навлегува во поликлиниката „Букурешт“, а од истата било одвоено со постоечка улица.
III
Владеење на правото, правната заштита на сопственоста и слободата на пазарот и претприемништвото се дел од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија, утврдени во член 8 став 1 алинеи 3, 6 и 7 од Уставот.
Граѓаните на Република Северна Македонија, согласно член 9 став 1 од Уставот, се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Во став 2 од истиот член е утврдено дека граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Во Република Северна Македонија, според член 51 став 1 од Уставот, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.
Уставниот суд, одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите, согласно член 110 алинеja 2 од Уставот.
Системската и хиерархиската уреденост на урбанистичкото планирање во системот на просторното и урбанистичкото планирање, целите и начелата на урбанистичкото планирање и уредувањето на просторот, видовите и содржината на урбанистичките планови, условите за вршење на работите од областа на урбанистичкото планирање, постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови, надзорот над спроведувањето на одредбите на овој закон, како и други работи од областа на урбанистичкото планирање, се уредени со Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/2020).
Во главата IX „Завршни одредби“ на овој закон, во член 94 став 1 е утврдено дека започнатите постапки за донесување на регулациски план на генерален урбанистички план до денот на отпочнување на примена на овој закон, ќе продолжат согласно одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016, 163/2016, 90/2017, 64/2018 и 168/2018). Според став 2 на истиот член, доколку во генерален урбанистички план до денот на отпочнување на примена на овој закон е утврдена разработка на генералниот урбанистички план со регулациски планови, во периодот додека е во сила генералниот урбанистички план, регулациските планови ќе бидат изработени и донесени како измени и дополнувања на генералниот урбанистички план во постапка согласно со член 31 од овој закон.
Во Законот за просторно и урбанистичко планирање, во член 14 е утврдено дека Регулациски план на генерален урбанистички план е план со кој може да се врши разработка на плански опфат на генерален урбанистички план заради утврдување на граници за детално планирање. Притоа, регулацискиот план содржи текстуален дел, графички приказ на планските решенија на опфатот и инфраструктурата и нумерички дел со билансни показатели за планскиот опфат и за инфраструктурата. Графичкиот приказ содржи граница на опфат која е уредена со генералниот урбанистички план за детално планирање, граници на зони според намена на земјиште утврдено во генералниот урбанистички план, општ режим на градење итн. Текстуалниот дел на регулацискиот план содржи цел и средства на планските решенија, посебни услови за просторен развој, параметри за спроведување на планот, плански услови за детално планирање итн. Регулацискиот план како план од пониско ниво мора да биде усогласен со генералниот урбанистички план, притоа податоците за постојната состојба, можностите за просторен развој и програмските проекции за просторен развој, претставуваат документациона основа на регулацискиот план на генералниот урбанистички план, која е прилог на планот.
Во глава VI „Постапка за изработување и донесување на урбанистички планови и урбанистичко-плански документации“ од Законот за просторно и урбанистичко планирање, во точка 14 во член 40 детално се уредува постапката за изработување и донесување на регулациски план на генерален урбанистички план.
Донесувачот на урбанистичкиот план односно на регулацискиот план на генерален урбанистички план според член 42 став 5 од Законот, е должен примерок од донесениот урбанистички план и регулацискиот план на генерален урбанистички план во електронска форма да го објави на својата веб-страница.
Во конкретниот случај, од извршениот увид во доставената документација, Судот утврди дека Советот на Град Скопје ја спровел законски пропишаната фаза за објавување на донесениот акт во електронска форма на веб-страницата на Град Скопје, поради што наводите на подносителот дека доносителот на оспорената одлука, постапил спротивно на член 42 став 5 од Законот, се неосновани.
Имајќи го предвид значењето и уредувањето на регулацискиот план на генерален урбанистички план, според Судот, произлегува дека истиот утврдува граници на идно детално планирање, односно начинот на дефинирање на границите на планскиот опфат со регулациски план претставува основа за донесување на детален урбанистички план. Од оспорената одлука може да се утврди дека истата се однесува на донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план за градска четврт З 05 за кој веќе постои важечко детално планирање, односно Детален урбанистички план за градска четврт З 05 донесен со Одлуката бр.07-7546/4 од 06.11.2013 година од страна на Советот на Општина Карпош.
Согласно член 43 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, периодот за планирање на просторот утврден во регулациски план на генерален урбанистички план треба да е соодветен со периодот за планирање на просторот утврден во генералниот урбанистички план според кој е донесен.
Врз основа на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022, Советот на Општина Карпош донел Детален урбанистички план за градска четврт З 05 со Одлуката бр.07-7546/4 од 06.11.2013 година, кој сè уште е во сила, што упатува и на фактот дека истиот е усогласен со Генералниот урбанистички план. Од друга страна пак, според Судот, спротивно на уредувањето во член 43 став 2 од Законот, Регулацискиот план на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за градска четврт З 05 е донесен во 2021 година, односно 7 години подоцна и истиот врши разработка на генерален урбанистички план и утврдува граници за детално планирање за веќе постоечки детален урбанистички план.
Имајќи предвид дека во член 23 од Законот за урбанистичкопланирање (којшто сега е во сила) е уредено прашањето во кои случаи и во каква постапка може да се суспендира примената на урбанистички план или негови делови, кои се обврските на донесувачот на планот, кои се последиците, како и временските рокови, што претставува законски основ за суспензија на примена на детален урбанистички план или негови делови, според Судот, Советот на Град Скопје не може со одлука за донесување на регулациски план на генерален урбанистички план да го замени важечкиот детален урбанистички план, којшто бил донесен во законски утврдена постапка. Оттука, Судот смета дека со оспорената одлука за донесување на Регулацискиот план, Советот на Град Скопје излегува надвор од своите законски надлежности. Имено, законската обврска детален урбанистички план да биде усогласен со генерален урбанистички план и регулациски план доколку е донесен, ако истиот се однесува на важечки и во примена детален урбанистички план, би претставувало фактичка суспензија и неможност да се применува деталниот урбанистички план.
Видно од Планската програма за регулациски план на генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05 се однесува на планскиот период 2018-2022 година, односно за помал период од Генералниот урбанистички план, при што во текстуалниот дел како цел која треба да се постигне, меѓу другото, се наведува континуитет во урбанистичкото планирање со усогласување и надоврзување на усвоените плански документи од повисоко и пониско ниво. Судот смета дека ваквата цел за усогласување со веќе усвоени плански документи од пониско ниво при донесување на регулациски план е спротивна на одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање со кои се дефинира регулацискиот план и постапката за негово донесување.
Според Судот, точно е дека во член 94 став 1 од Законот за урбанистичко планирање е предвидено дека започнатите постапки за донесување на регулациски план на генерален урбанистички план до денот на отпочнување на примена на овој закон, ќе продолжат согласно одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање, меѓутоа, имајќи го предвид утврденото значење на регулацискиот план како план со кој може да се врши разработка на плански опфат на генерален урбанистички план заради детално планирање, оваа одредба од Законот нема примена во случајот при постоење на важечки и во примена детален урбанистички план.
Во конкретниот случај, неспорно произлегува дека доносителот на оспорениот акт постапил спротивно на уредувањето во член 94 став 2 од Законот за урбанистичко планирање, и носи регулациски план на генерален урбанистички план 7 години подоцна, кога веќе има важечки и во примена детален урбанистички план усогласен со генералниот урбанистички план, па оттука, регулацискиот план единствено можел да биде изработен и донесен во форма како измена и дополнување на генералниот урбанистички план и со тој регулациски план да се менува генералниот урбанистички план.
Согласно наведеното, Судот утврди дека со донесувањето на оспорениот акт Советот на Град Скопје ги пречекорил своите законски овластувања, и притоа сериозно ја нарушил правната сигурност на граѓаните, што не е во согласност со темелната вредност на уставниот поредок, владеење на правото утврдена во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
Во дополнувањето на иницијативата, подносителот погрешно се повикува на член 117 како дел од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија” бр. 142/2015, 217/2015, 222/2015, 228/2015, 35/2016, 99/2016, 134/2016, 33/2017 и 86/2018), бидејќи конкретното барање на согласност на оспорената одлука со член 117 кој всушност е уреден во Правилникот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.225/2020, 219/2021 и 104/2022), кој не претставува дел од законската и подзаконската регулатива согласно која оспорениот акт е изработен, Судот смета дека се наводи со коишто се бара оценување на акти од ист ранг, а тоа излегува од границите на надлежноста на Уставниот суд.
IV
Со донесувањето на оваа одлука Судот одлучи да го стави вон сила Решението У.бр.81/2023 од 12 јули 2023 година за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на донесениот Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05.
V
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
Vendimi u.nr.81/2022
Shkup, 21.09.2023
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës, dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të neneve 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 të Rregullores së Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 21.09.2023, miratoi
VENDIM
1. NDËRPRITET Vendimi për miratimin e Planit rregullues të planit të përgjithshëm urbanistik të qytetit të Shkupit 2012-2022 për Z 05 të katërt, nr.27-8039/1, të datës 23 gusht 2021, miratuar nga Këshilli i Qytetit të Shkupit (“Gazeta Zyrtare e Qytetit të Shkupit” nr. 11/2021 nga 24.08.2021).
2. SHFUQIZOHET Aktvendimi për ndërprerjen e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve të kryera në bazë të aktit, të shënuar në pikën 1 të këtij vendimi.
3. Ky vendim do të botohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në seancën e mbajtur më 12 korrik 2023, pas iniciativës së paraqitur nga avokati nga Shkupi, Bojan Milloshevski, ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së Vendimit për miratimin e Planit rregullues të Planit të përgjithshëm urbanistik të qytetit të Shkupit 2012 -2022 për të katërtën Z 05, nr. 27-8039/1, nga 23.08.2021, miratuar nga Këshilli i Qytetit të Shkupit (“Gazeta Zyrtare e Qytetit të Shkupit” nr. 11/2021, të 24 gushtit 2021) dhe e ndërpreu ekzekutimin e akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të vendimit në fjalë për shkak se para Gjykatës ishte ngritur çështja e përputhshmërisë së tij me Kushtetutën.
II
Në seancë, Gjykata konstatoi se Këshilli i Qytetit të Shkupit në seancën e shtatëdhjetë e pestë të datës 23.08.2021, ka miratuar Vendim për miratimin e Planit rregullues të Planit të përgjithshëm urbanistik të Qytetit të Shkupit 2012- 2022 për Z-në e katërt 05 nr.27-8039/1 të datës 23.08.2021, botuar në “Gazetën Zyrtare të Qytetit të Shkupit” nr.11/2021, datë 24.08.2021.
Me rastin e konstatimit të gjendjes faktike, Gjykata ka marrë parasysh të gjitha provat e marra, përkatësisht:
– Programi i planit me shtrirje planifikuese për Planin rregullues të Planit të përgjithshëm urbanistik të Qytetit të Shkupit 2012-2022 për Z-në e katërt 05, nr. 13-4585/2 të datës 28.05.2018, miratuar nga Komisioni për Urbanizëm i Qyteti të Shkupit;
– Vendim për miratimin e programit të planit për Planin rregullues të Planit të përgjithshëm urbanistik të qytetit të Shkupit 2012-2022 për Z 05 të katërt, nr. 08-4685/4, miratuar nga kryetari i komunës së Qytetit të Shkupit, më 28.05.2018, pas propozimit të përgatitur paraprakisht për miratimin e Programit të planit për Planin rregullues të planit të përgjithshëm urbanistik të Qytetit të Shkupit 2012-2022 për Z 05 të katërt, nr. 13-4685/3 të datës 28/ 05/2018, përgatitur nga Komisioni për Urbanizim i Qytetit të Shkupit;
– Vërtetimin për verifikimin e Programit të planit për Planin rregullues të planit të përgjithshëm urbanistik të Qytetit të Shkupit 2012-2022 për Z 05 të katërt, nr. 08-4685/5, nga 28.05.2018, lëshuar nga Komisioni për Urbanizëm i Qytetit të Shkupit;
– Me datë 02.07.2018 është hapur procedurë për përgatitjen dhe miratimin e Planit rregullues të planit të përgjithshëm urbanistik të qytetit të Shkupit 2012-2022 për Z 05 katër, duke ia bashkëngjitur kërkesën nr. 13-5820/1 nga 02.07.2018;
– Vërejtje nr.13-5820/2 nga 22.06.2021, të dhëna nga Komisioni i Urbanistikës së Qytetit të Shkupit, për shkak të domosdoshmërisë së fleksibilitetit në procesin e zbatimit të planit rregullues, si dhe në lidhje me harmonizimin e tij me planin e përgjithshëm urbanistik të Qytetit të Shkupit 2012-2022;
– Përgjigje në vërejtjet me numër teknik K10218 të datës 05.07.2021, të dorëzuar nga Agjencia për Planifikim Hapësinor e Republikës së Maqedonisë së Veriut;
– Mendimi pozitiv nr.0939-10021/2 nga 13.07.2021, për gjendjen e konstatuar pas krahasimit të të dhënave nga Plani rregullues i Planit të përgjithshëm urbanistik të Qytetit të Shkupit për Z 05 katër , me të dhënat nga plani i kadastrës i nxjerrë nga Agjencia për kadastër të patundshmërive të Republikës së Maqedonisë së Veriut;
– Mendimi pozitiv nr.13-5820/3 të datës 16.08.2021, për hartimin e propozimit për Planin rregullues të Planit të përgjithshëm urbanistik të Qytetit të Shkupit për Z 05 katër me sipërfaqe prej 63,20 hektarësh në pajtim me Planin e përgjithshëm urbanistik të Qytetit të Shkupit 2012-2022, i lëshuar nga Komisioni për Urbanizëm i Qytetit të Shkupit;
– Draft plani përfundimtar për Planin rregullues të Planit të përgjithshëm urbanistik të qytetit të Shkupit 2012-2022 për Z 05 katër, nr. 0903-367/4 datë 18.08.2021, dërguar nga Agjencia e Planifikimit Hapësinor;
– Vendim për miratimin e Planit rregullues të Planit të përgjithshëm urbanistik të Qytetit të Shkupit 2012-2022 për Z 05 katër, nr. 27-8039/1, nga 23.08.2021, i miratuar në bazë të nenit 36 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 05/02), dhe neni 94 paragrafi 1 i Ligjit për planifikim urbanistik (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 32/2020), nga Këshilli i Qytetit të Shkupit. Vendimi është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Qytetit të Shkupit” nr.11/2021, nga 24.08.2021;
– Njoftim për mbivendosje digjitale të të dhënave nga Plani rregullues i Planit të përgjithshëm urbanistik i Qytetit të Shkupit 2012-2022 për Z 05 katër me të dhënat nga parcelat kadastrale nr.0939-10021/3 të datës 23.09.2021, nga Agjencia e Kadastrës së Patundshmërive të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe
– Dëshmi për publikimin e Planit Rregullues të miratuar të Planit të përgjithshëm urbanistik të Qytetit të Shkupit 2012-2022 për Z 05 katër më 27 shtator 2021, në ueb faqen e Qytetit të Shkupit (http://gisportal.skopje.gov.mk/GUP_sintezni/Z05.pdf).
Në përgjigjen e Këshillit të Qytetit të Shkupit me nr.08-11611-1 të datës 04.10.2022, thuhet se në pajtim me nenin 7 paragrafi 1 pika 2 të Ligjit për planifikim hapësinor dhe urbanistik, ekzistojnë plan urbanistik, plan urbanistik i detajuar, plan urbanistik për fshat dhe plan urbanistik për jashtë vendbanimit. Në atë mënyrë ligjvënësi ka paraparë një renditje apo rregullim hierarkik të llojeve të përmendura të planeve urbanistike. Pra, Plani i detajuar urbanistik është plan i nivelit më të ulët në raport me Planin e përgjithshëm urbanistik të qytetit të Shkupit 2012-2022. Në përgjigje thuhet se në bazë të Planit të përgjithshëm urbanistik 2012-2022, Këshilli i Komunës së Karposhit ka miratuar Planin e detajuar urbanistik për Z 05 katër të qytetit me Vendim nr. 07-7546/4 të datës 06.11.2013 dhe i cili është ende në fuqi, dhe duke marrë parasysh faktin e miratimit të Plani të detajuar urbanistik do të thotë se ai është në harmonizim me Planin e përgjithshëm urbanistik dhe Komuna, në përputhje me dispozitat e Ligjit për procedurën e përgjithshme administrative, e zbaton atë dhe nxjerr dhe miraton dokumentacionin ndërtimor teknik. Më tej, thuhet se Plani i detajuar urbanistik i miratuar nga Komuna e Karposhit për Z 4 05 të qytetit është nga viti 2013, ndërsa Plani rregullues është miratuar në vitin 2021, pra 7 vite më vonë. Si fakt i padiskutueshëm thuhet se është e nevojshme që Plani i detajuar urbanistik të jetë i harmonizuar me Planin rregullues nëse ai është miratuar para miratimit të Plani të detajuar urbanistik dhe i njëjti është parim i përputhshmërisë vertikale hierarkike i cili është i pranishëm në aktet ligjore dhe nënligjore për planifikim urbanistik. Sa më sipër nënkupton se Plani i detajuar urbanistik për Z 4 05 të qytetit i vitit 2013 në kohën kur është miratuar nga Këshilli i Komunës së Karposhit, Plani rregullues i Planit të përgjithshëm urbanistik të Qytetit të Shkupit 2012-2022 nuk ekzistonte për atë lagje të katërt. Edhe pse Ligji i ri për planifikim urbanistik nuk e njeh institutin Plani rregullues, neni 94 në pjesën e dispozitave kalimtare dhe përfundimtare është paraparë se procedurat për miratimin e planit rregullues të planit të përgjithshëm urbanistik kanë filluar në ditën e fillimi i zbatimit të këtij ligji, gjegjësisht 18 qershor 2020 do të vazhdojë në përputhje me dispozitat e Ligjit për planifikim hapësinor dhe urbanistik.
Në lidhje me pretendimet në iniciativë për qëllime dhe parametra të ndryshëm të parashikuar nga Plani i detajuar urbanistik dhe Plani rregullues dhe të dhënat nga gjendja ekzistuese për lagjen e qytetit Z 05 katër, nga ana e miratuesit të aktit është theksuar gjendjen faktike si në vijim:
– Në bllokun “Z 05 02” është paraparë klasa dominuese e qëllimit M(A+B), pra “A” – banim dhe “B” – qëllime tregtare dhe afariste. Përveç klasave dominuese të qëllimeve, ishin paraparë edhe “V” – institucionet publike (në kuadër të dedikimit “V” përfshinte edhe qëllimin “V5” – institucionet fetare), “D1” – gjelbërim parku dhe sipërfaqe nën infrastrukturë sekondare. Gjithashtu është bashkangjitur një sqarim tabelor me tregues numerikë;
– Në blloqet “Z 05.03” dhe “Z 05.04” (si dhe në të gjitha blloqet e tjera) klasa e e paraparë e dikimeve “D1” – paraqet nivelin më të lartë të interesit publik. Në pajtim me nenin 59 të Rregullores për standardet dhe normat e planifikimit urbanistik, numri minimal i hapësirave të parkimit për përdorimet e planifikuara të tokës dhe objekteve për “D1” – gjelbërim parku, përcaktohet nga dokumentacioni i projektit në varësi të nevojave dhe kushteve specifike. Nga kjo rezulton se me një plan urbanistik të detajuar, hapësirat publike mund të rregullohen më saktë me një dispozitim të detajuar të parkingjeve të hapura publike dhe gjelbërimin e parqeve;
– Në bllokun “Z 05.06” përgjatë rrugës “Nikola Rusinski” është planifikuar gjelbërimi që ekziston në terren dhe nuk cenon parkingjet ekzistuese nëntokësore. Arsyetimi i dhënë për dy blloqet e mëparshme zbatohej edhe për këtë bllok;
– Në bllokun “Z 05.06” në vendin ku është planifikuar gjelbërimi i pakut “D1”, nga këqyrja në vend mund të konstatohet se i njëjti është ekzistues, gjithashtu duke këqyrur Planin e detajuar urbanistik në fuqi shihet se në atë lokacion nuk është paraparë heliodrom dhe
– Në bllokun “Z 05.08” përgjatë rrugës së sapoplanifikuar “S5” ishte planifikuar edhe “D1” – gjelbërim parku që ekziston në vend dhe nuk hyn në poliklinikën “Bukuresht” dhe ndahej prej saj me një rrugë ekzistuese.
III
Sundimi i të drejtës, mbrojtja ligjore e pronës dhe liria e tregut dhe sipërmarrësia janë pjesë e vlerave themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut, të përcaktuara në nenin 8 paragrafi 1, alinetë 3, 6 dhe 7 të Kushtetutës.
Qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut, sipas nenit 9 paragrafi 1 të Kushtetutës, janë të barabartë në liritë dhe të drejtat pa dallim gjinie, race, ngjyrës së lëkurës, prejardhjes kombëtare dhe sociale, besimit politik dhe fetar, pasurisë dhe pozitës shoqërore. Në paragrafin 2 të të njëjtit nen thuhet se qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, sipas nenit 51 paragrafi 1 i Kushtetutës, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin.
Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e rregulloreve të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet, në pajtim me nenin 110 paragrafi 2 të Kushtetutës.
Organizimi sistematik dhe hierarkik i planifikimit urbanistik në sistemin e planifikimit hapësinor dhe urbanistik, qëllimet dhe parimet e planifikimit urbanistik dhe rregullimi i hapësirës, llojet dhe përmbajtja e planeve urbanistike, kushtet për kryerjen e punëve në fushën e planifikimit urbanistik, procedurat për përbërjen, miratimin dhe zbatimin e planeve urbanistike, mbikëqyrja mbi zbatimin e dispozitave të këtij ligji, si dhe çështje të tjera në fushën e planifikimit urbanistik, rregullohen me Ligjin për planifikim urbanistik (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 32/2020).
Në kreun IX “Dispozitat përfundimtare” të këtij ligji, në nenin 94 paragrafi 1 përcaktohet se procedurat e filluara për miratimin e planit rregullues të planit të përgjithshëm urbanistik deri në ditën e fillimit të zbatimit të këtij ligji, do të vazhdojnë në pajtim me dispozitat e Ligjit për planifikim hapësinor dhe urbanistik (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016, 163/2016, 90/2017, 64 /2018 dhe 168/2018). Sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, nëse në zhvillimin e planit të përgjithshëm urbanistik deri në ditën e zbatimit të këtij ligji përcaktohet përpilim i planit të përgjithshëm urbanistik me plane rregulluese, gjatë periudhës sa është në fuqi plani i përgjithshëm urbanistikë planet rregulluese do të zhvillohen dhe miratohen si ndryshime dhe plotësime të planit të përgjithshëm urbanistik në procedurën në pajtim me nenin 31 të këtij ligji.
Në Ligjin për planifikim hapësinor dhe urbanistik, në nenin 14, përcaktohet se Plani rregullues i planit të përgjithshëm urbanistik është plan që mund të përdoret për zhvillimin e fushëveprimit planor të planit të përgjithshëm urbanistik me qëllim të përcaktimit të kufijve për planifikim të hollësishëm. Në të njëjtën kohë, Plani rregullues përmban një pjesë tekstuale, paraqitje grafike të zgjidhjeve planifikuese të përfshirjes dhe infrastrukturës dhe një pjesë numerike me indikator të bilancit për shtrirjen dhe infrastrukturën e planit. Paraqitja grafike përmban një kufi të përfshirjes që rregullohet me planin e përgjithshëm urbanistik për planifikimin e detajuar, kufijtë e zonave sipas dedikimit të tokës të përcaktuar në planin e përgjithshëm urbanistik, regjimin e përgjithshëm të ndërtimit etj. Pjesa tekstuale e planit rregullues përmban qëllimin dhe mjetet e zgjidhjeve të planit kushtet e veçanta për zhvillimin hapësinor, parametrat për zbatimin e planit, kushtet e planit për planifikimin e detajuar etj. Plani rregullues si plan i nivelit më të ulët duhet të harmonizohet me planin e përgjithshëm urbanistik, ndërsa të dhënat për gjendjen ekzistuese, mundësitë për zhvillim hapësinor dhe projeksionet programore për zhvillim hapësinor paraqesin bazën e dokumentacionit të planit rregullues të planit të përgjithshëm urbanistik, i cili është një shtojcë e planit.
Në kreun VI “Procedura për përpunimin dhe miratimin e planeve urbanistike dhe dokumentacionit e planeve urbanistike” të Ligjit për planifikim hapësinor dhe urbanistik, pika 14 në nenin 40 rregullohet në mënyrë të detajuar procedura për zhvillimin dhe miratimin e planit rregullues të planit të përgjithshëm urbanistik.
Sipas nenit 42 paragrafi 5 të Ligjit, miratuesi i planit urbanistik, gjegjësisht i planit rregullues të planit të përgjithshëm urbanistik, është i detyruar që kopjen e planit urbanistik të miratuar dhe Planin rregullues të planit të përgjithshëm urbanistik ta publikojë në formë elektronike në ueb faqen e vet.
Në rastin konkret, nga mbikëqyrja e dokumentacionit të dërguar, Gjykata konstatoi se Këshilli i Qytetit të Shkupit e ka kryer ligjërisht fazën e përcaktuar për publikimin e aktit të miratuar në formë elektronike në ueb faqen e Qytetit të Shkupit, prandaj janë të pabaza pretendimet e parashtruesit se marrësi i vendimit të kontestuar ka vepruar në kundërshtim me nenin 42 paragrafi 5 të Ligjit.
Duke marrë parasysh kuptimin dhe rregullimin e planit rregullues të planit të përgjithshëm urbanistik, sipas Gjykatës, rezulton se i njëjti përcakton kufinj të planifikimit të ardhshëm të detajuar, respektivisht mënyrën e definimit të kufijve të përfshirjes së planit me plan rregullues paraqet bazë për miratimin e Plani të detajuar urbanistik. Nga vendimi i kontestuar mund të konstatohet se bëhet fjalë për miratimin e Planit Rregullues të Planit të Përgjithshëm Urbanistik për lagjen e qytetit Z 05 për të cilin tashmë ekziston planifikim i detajuar i vlefshëm, gjegjësisht Plani i detajuar urbanistik Z 05 të katërt të qatetit i miratuar me Vendimin nr. 07-7546 /4, nga 06.11.2013 nga Këshilli i Komunës së Karposhit.
Në bazë të nenit 43 paragrafi 2 të Ligjit për planifikim hapësinor dhe urbanistik, periudha për planifikim hapësinor e përcaktuar në Planin rregullues të planit të përgjithshëm urbanistik duhet të jetë adekuate me periudhën për planifikim hapësinor të përcaktuar në planin e përgjithshëm urbanistik i cili është miratuar.
Në bazë të Planit të përgjithshëm urbanistik të qytetit të Shkupit 2012-2022, Këshilli i Komunës së Karposhit miratoi Planin e detajuar urbanistik për lagjen Z 05 të katërt të qytetit me Vendim nr. 07-7546/4 të datës 06.11.2013, i cili është ende në fuqi, gjë që i referohet dhe faktit që është në përputhje me Planin e Përgjithshëm Urbanistik. Në anën tjetër, sipas Gjykatës, në kundërshtim me rregullimin e nenit 43 paragrafi 2 të Ligjit, Plani rregullues i Planit të përgjithshëm urbanistik të Qytetit të Shkupit 2012-2022 për Z 05 të katërt të qytetit është miratuar në vitin 2021, respektivisht 7 vjet më vonë dhe i njëjti kryen përpunim të planit të përgjithshëm urbanistik dhe përcakton kufij për planifikimin e detajuar për një plan të detajuar urbanistik tashmë ekzistues.
Duke marrë parasysh se në nenin 23 të Ligjit për planifikim urbanistik (i cili tani është në fuqi) u rregullua çështja se në cilat raste dhe në çfarë procedure mund të pezullohet zbatimi i një plani urbanistik ose pjesëve të tij, cilat janë obligimet e miratuesit të planit, cilat janë pasojat si dhe afatet kohore që paraqet bazë ligjore për pezullimin e zbatimit të Planit të detajuar urbanistik ose pjesëve të tij, sipas Gjykatës, Këshilli i Qytetit të Shkupit nuk mundet me vendim për miratimin e planit rregullues të Planit të përgjithshëm urbanistik të zëvendësojë Planin e detajuar urbanisik të vlefshëm, i cili është miratuar në procedurë të përcaktuar me ligj. Prandaj, Gjykata konsideron se me vendimin e kontestuar për miratimin e Planit rregullues, Këshilli i Qytetit të Shkupit del jashtë kompetencave të tij ligjore. Domethënë, obligimi ligjor që Plani i detajuar urbanistk të harmonizohet me Planin e përgjithshëm urbanistik dhe Planin rregullues nëse miratohet, nëse i njëjti i referohet një plani të detajuar urbanistik në fuqi dhe në zbatim, do të paraqiste pezullim faktik dhe pamundësi për zbatimin e Plani të detajuar urbanistik.
Mund të shihet nga Programi i Planifikimit për Planin rregullues të Planit të përgjithshëm urbanistik të Qytetit të Shkupit 2012-2022 Z 05 të katërt i referohet periudhës planifikuese 2018-2022, gjegjësisht për periudhë më të vogël se Plani i përgjithshëm urbanistik, ndërsa në pjesën e tekstit si synim që duhet të arrihet, ndër të tjera, vazhdimësia në planifikimin urbanistik duke harmonizuar dhe përcjellë dokumentet e miratuara planifikuese nga një nivel më i lartë dhe më i ulët. Gjykata konsideron se ky qëllim i harmonizimit me dokumentet planifikuese tashmë të miratuara nga niveli më i ulët gjatë miratimit të planit rregullues është në kundërshtim me dispozitat e Ligjit për planifikim hapësinor dhe urbanisik, i cili përcakton Planin rregullues dhe procedurën për miratimin e tij.
Sipas Gjykatës, është e vërtetë se në nenin 94 paragrafi 1 të Ligjit për planifikim urbanistik parashikohet se procedurat e filluara për miratimin e Planit rregullues të Planit të përgjithshëm urbanistik deri në ditën e fillimit të zbatimit të këtij ligji, do të vazhdojë në përputhje me dispozitat e Ligjit për planifikimin hapësinor dhe urbanistik, megjithatë, duke marrë parasysh kuptimin e përcaktuar të Planit rregullues si plan që mund të përdoret për zhvillimin e fushëveprimit planor të një Plani të përgjithshëm urbanistik me qëllim të planifikimit të detajuar, kjo dispozitë e ligjit nuk zbatohet në rastin e ekzistimit të një plani të detajuar urbanistik të vlefshëm dhe në zbatim.
Në rastin konkret, në mënyrë të padiskutueshme rezulton se miratuesi i aktit të kontestuar ka vepruar në kundërshtim me rregullimin e nenit 94 paragrafi 2 i Ligjit për planifikim urbanistik, dhe sjell Plan rregullues në një Plan të përgjithshëm urbanistik 7 vjet më vonë, kur tashmë ekziston Plani i detajuar urbanisik i vlefshëm dhe në zbatim në përputhje me Planin e përgjithshëm urbanistik, dhe së këndejmi, Plani rregullues mund të përpunohet dhe miratohet vetëm në formën e një ndryshimi dhe plotësimi të planit të përgjithshëm urbanistik dhe me atë plan rregullues të ndryshohet Plani i përgjithshëm urbanistik.
Nga sa u tha më lart, Gjykata konstatoi se me miratimin e aktit kontestues, Këshilli i Qytetit të Shkupit ka tejkaluar kompetencat e veta ligjore, dhe në të njëjtën kohë ka cenuar rëndë sigurinë juridike të qytetarëve, e cila nuk është në përputhje me vlerën themelore të rendit kushtetues, sundimit të së drejtës të përcaktuar në nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës
Në plotësimin e iniciativës, parashtruesi i kërkesës gabimisht i referohet nenin 117 si pjesë e Rregullores për standarde dhe norma për planifikim urbanistik (“Gazeta Zyrtare e RM-së” nr. 142/2015, 217/2015, 222/2015, 228/ 2015, 35/2016, 99/2016, 134/2016, 33/2017 dhe 86/2018), për shkak se kërkesa konkrete për pëlqimin e vendimit të kontestuar me nenin 117 e cila në fakt është e rregulluar në Rregulloren për planifikim urbanistik (“Gazeta Zyrtare e Republika e Maqedonisë së Veriut” nr. 225/2020, 219/2021 dhe 104/2022), e cila nuk është pjesë e akteve ligjore dhe nënligjore sipas të cilave është përpiluar akti kontestues, Gjykata vlerëson se këto janë pretendime me të cilat kërkohet vlerësimi i akteve të së njëjtit rend, dhe kjo del nga kufijtë e kompetencës së Gjykatës Kushtetuese.
IV
Me miratimin e këtij vendimi, Gjykata vendosi ta shfuqizojë Aktvendimin U.nr. 81/2023 nga 12 korriku i vitit 2023 për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të Planit të miratuar rregullues të Planit të përgjithshëm urbanistik të Qytetit të Shkupit 2012-2022 për Z 05 të katërt.
V
Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata, me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut
Dobrilla Kacarska