2023
-
У.бр.31/2023
СЕ ПОНИШТУВААТ: членовите 99, 100, 101 и 102 од Статутот на Општина Кисела Вода; Автентичното толкување на општи и посебни одредби на донесени урбанистички планови и урбанистичко-планска документација, дадено од Советот на Општина Кисела Вода и Решението на градоначалникот на Општина Кисела Вода за објава на Автентично толкување по барање од група граѓани во врска…
-
У.бр.81/2022
СЕ УКИНУВА Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр.27-8039/1 од 23 август 2021 година, донесена од Советот на Град Скопје
-
У.бр.86/2021
СЕ УКИНУВА член 6 став 3 во делот „донесено од стечајниот управник“ од Законот за судските такси
-
У.бр.171/2020
СЕ ОДБИВА барањето на Влатко Сајкоски од Кичево за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, а коишто се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на политичка припадност сторени со Пресудата РО.бр.463/18 од 25.12.2018 година, донесена од Основниот суд Кичево и Пресудата РОЖ…
-
У.бр.146/2021
СЕ УВАЖУВА барањето на Влатко Стојановски, новинар од Скопје. СЕ УТВРДУВА повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на барателот Влатко Стојановски, сторена со Пресудата МАЛВП-705/20 од 14.04.2021 година од Основниот граѓански суд Скопје и Пресудата ГЖ-2666/21 од 30.09.2021 година на Апелациониот суд Скопје.
-
У.бр.32/2022
СЕ УКИНУВА член 9 став 6 во делот „и лицата ангажирани врз основа на договор за дело и/или авторски договор” од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување
-
У.бр.109/2022
СЕ УКИНУВААТ член 152 став 1 точка 2) во делот „став (4)”, член 154 став 1 точка 2) во делот „став (4)”, член 156 став 1 точка 8) во делот „став (4)” и член 158 став 1 точка 4) во делот „став (4)” од Законот за градење
-
У.бр.117/2019
СЕ УВАЖУВА барањето на лицето Фатмир Мемедов од Скопје, застапуван од Кети Јандријеска Јованова, адвокат од Скопје, за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓанинот по основ на национална припадност и СЕ УТВРДУВА…
-
У.бр.137/2021
СЕ ОДБИВА барањето на Живко Јаќимовски од Скопје за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија што се однесуваат на слободата на уверувањето и совеста, како и заштита на правото на забрана на дискриминација повредени со Решение на Основниот суд Куманово и…
-
У.бр.9/2023
СЕ ОДБИВА барањето на Валентина Тошиќ Мишевска, адвокат од Куманово, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија што се однесуваат на заштита на слободата на мислата и јавното изразување на мислата
-
У.бр.319/2020
СЕ ОДБИВА барањето на Дејан Владев, поднесено преку адвокатот Гоце Тасков, двајцата од Свети Николе, за заштита на слободата на мислата и јавното изразување на мислата, во смисла на член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија