July 2022
-
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија. Во оваа прилика претседателката Кацарска се заблагодари на интересот за работата на Уставниот суд и ги сподели информациите поврзани со надлежностите на Судот, долгогодишната традиција на уставното судство во Северна Македонија…
-
Посета на ученици во Уставниот суд во рамки на летна школа за правници „Копру-Скопје”
Ученици организирани преку невладината организација „Копру- Скопје” присуствуваа на јавната седница која се одржа на 13.07.2022 во Уставниот суд. Во рамки на летната школа за правници учениците имаа можност непосредно да ја следат дискусијата за предметите кои беа закажани на дневен ред и да слушнат како уставните судии аргументираат ценејќи уставност и законитост на иницијативите.…
-
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари работна средба со министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска во просториите на судот оствари работна средба со министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Темите на разговор беа административно-финансиската независност на Уставниот суд и прашањата кои се поврзани со техничките услови во коишто работи Судот. Претседателката Кацарска истакна дека вработените во службата не може да бидат…
-
У.бр.26/2022
СЕ УКИНУВА член 3 став 1 во делот: „брачниот статус на сопружниците“ од Одлуката за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Ѓорче Петров во 2022 година
-
У.бр.33/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на став 8 од Телеграмата на Министерството за внатрешни работи
-
У.бр.19/2022 и У.бр.39/2022
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 151/2021) и СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 2 ставови 1 и 2 од Законот
-
Соопштение по завршената XXIV-та седница на Уставниот суд
Почитувани, Уставниот суд денеска одржа седница на која расправаше по четири иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и донесе одлуки по два предлога за укинување, за предмети за кои е поведена постапка. 1.У.бр.19/2022 и Реферат У.бр.39/2022-не поведе постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за…
-
У.бр148/2021 и У.бр.15/2022
СЕ УКИНУВА член 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија
-
У.бр.51/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуки донесени од Советот на Општина Кочани
-
Дневен ред за XXIV-та седница на Уставниот суд (13.07.2022)
Уставниот суд ќе одржи седница на 13 jули 2022 година, понеделник во 09:30 часот со дневен ред на кој се предложени предложени четири иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и два предлога за одлучување по предмети. I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА: 1.Реферат У.бр.19/2022 и У.бр.39/2022 Оспорен: Членoвите 1 и 2 од…
-
Објавени огласи за јавни набавки за 2022 година
Преземи овде (.pdf) [pdf-embedder url=”http://ustavensud.mk/wp-content/uploads/2022/07/Objaveni-oglasi-2022.pdf” title=”Objaveni oglasi 2022″]
-
У.бр.35/2022
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 6 став 2 и член 6-а) од Законот за судските такси