Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија.
Во оваа прилика претседателката Кацарска се заблагодари на интересот за работата на Уставниот суд и ги сподели информациите поврзани со надлежностите на Судот, долгогодишната традиција на уставното судство во Северна Македонија и ја сподели визијата за унапредување на заштитата на слободите и правата на граѓаните преку воведување на уставна тужба.
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска ја потенцираше и проблематичната состојба со недостатокот на судиите и последиците во работењето на Судот во сегашните околности.
Амбасадорот Гарсија се заинтересира за проблемите со кои се соочува Уставниот суд, изрази интерес за поврзување на уставните судови во двете земји преку размена на искуства на судиите и службата и ја истакна можноста и волјата за развивање на соработката.