Почитувани,
Уставниот суд денеска одржа седница на која расправаше по четири иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и донесе одлуки по два предлога за укинување, за предмети за кои е поведена постапка.
1.У.бр.19/2022 и Реферат У.бр.39/2022-не поведе постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/2021) и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 ставови 1 и 2 од истиот закон.
Подносители на иницијативите: Весна Кочовска, Јосиф Перчинков и граѓани преку адвокат Мицев Димитрија
2.У.бр.51/2022-ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката бр.09-360/1 од 31.01.2020 година и Одлуката бр.09-317/1 од 28.01.2021 година, донесени од Советот на Општина Кочани.
Подносител на иницијативата: Благој Јованов, адвокат од Кочани.
3.У.бр.33/2022-ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на став 8 од Телеграмата на Министерството за внатрешни работи, бр. 22.1-19/1 од 06.08.2019 година.
Подносител на иницијативата: Грански независен синдикат на Полицијата-Скопје
4.148/2021 и 15/2022 – го укинa член 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово– Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга –Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 163/2021).
Подносители: Сојуз на синдикатите на Македонија – ССМ претставуван од претседателот Дарко Димовски и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија претставуван од претседателот Иван Пешевски, и Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ Штип, претставувано од претседателот на здужението Кристина Ампева.
5.У.бр.26/2022- го укинa член 3 став 1 во делот: „брачниот статус на сопружниците“ од Одлуката за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Ѓорче Петров во 2022 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.18/2021) донесена од Советот на Општина Ѓорче Петров.
Подносител: Денис Димовски
6.У.бр.49/2022–Судот донесе заклучок предметот да биде административно завршен поради повлекување на барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот.
7.У.бр.125/2021- Предлогот не го доби потребното мнозинство гласови.
Политичка партија „Левица” од Скопје
Повеќе од наводите во иницијативите на овој линк.