2008
-
Учество на Конгрес во Регенсбург
Судијата на Уставниот суд на Република Македонија Игор Спировски, на 5 и 6 декември 2008 година ќе учествува на Десетиот меѓународен конгрес на европското и компаративното уставно право што ќе се одржи во Регенсбург, Германија. Темите на овогодинешниот Конгрес ќе бидат: „50 години од Уставот на Франција: перспективи од надвор“; и „Најновиот развој на уставното право…
-
Учество на Деветата меѓународна конференција на претседатели на судови од светот
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судијата на Уставниот суд д-р Наташа Габер-Дамјановска од 12 до 15 декември 2008 година ќе учествуваат на Деветата меѓународна конференција на претседатели на судови од светот, што ќе се одржи во Лакноу, Индија. Темата на Меѓународната конференција ќе биде: „Зајакнување на улогата на Меѓународниот суд…
-
Учество на Меѓународен симпозиум по повод 50 годишнината на Уставниот совет на Франција
На покана на претседателот на Уставниот совет на Франција Жан Луи Дебре, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судијата на Уставниот суд д-р Гзиме Старова, од 1 до 4 ноември 2008 година во Париз, ќе присуствуваат на прославата на 50 годишнината од постоењето на Уставниот совет на Франција. По тој…
-
Регионална тркалезна маса во Дубровник
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судиите на Уставниот суд Лилјана Ингилизова Ристова и Игор Спировски од 23 до 26 октомври 2008 година ќе престојува во Дубровник на регионална тркалезна маса на уставните судови од просторите на поранешна Југославија што се…
-
Средба со претставници на Фондацијата Конрад Аденауер
На 12 септември 2008 година, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски оствари средба со г-ѓа Стефани Рикарда Рос, раководител на Програмата за владеење на правото на Фондацијата Конрад Аденауер и г-дин Анри Боне, директор на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје. Цел на посетата беше запознавање со проектот за преведување…
-
Учество на XIV Конгрес на Конференцијата на Европските уставни судови
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од Претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски од 2 до 7 јуни 2008 година учествуваше на XIV-тиот Конгрес на Конференцијата на Европските уставни судови што се одржа во Вилниус-Литванија. Тема на Конгресот беше „Проблемите на законодавниот пропуст во уставно-судската практика“ во рамките на која се дискутираше за…
-
Учество на Конгрес во Вилнус-Литванија
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од Претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски ќе присуствува на XIV Конгрес на Конференцијата на европските уставни судови што ќе се одржи од 2 -7 јуни 2008 година во Вилнус-Литванија. Тема на Конгресот ќе биде „Проблемите на законодавниот пропуст во уставно-судската практика“.
-
Уставниот суд на Црна Гора во посета на Уставниот суд на Република Македонија
Од 7 до 10 мај 2008 година Уставниот суд на Црна Гора во полн состав (претседателот на Судот д-р Милан Марковиќ и пет судии) престојуваше во посета на Уставниот суд на Република Македонија. Оваа посета беше прва официјална билатерална средба на уставните судови на двете земји по нивното осамостојување. За време на посетата беше остварена…
-
Посета на судиите на Уставниот суд на Црна Гора
На 09.05.2008 година, во 10 часот, во посета на Уставниот суд на Република Македонија ќе престојуваат судиите на Уставниот суд на Црна Гора во полн состав, во функција на размена на искуства. Во текот на денот, судиите на Уставниот суд на Црна Гора ќе бидат примени од Претседателот на Република Македонија.
-
Учество на Конгрес во Регенсбург
Судијата на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Игор Спировски од 11 до 13 февруари 2008 година ќе престојува во Регенсбург, Германија каде што ќе учествува на Конгресот за уставните промени во Југоисточна Европа. Конгресот се одржува во организација на Германската фондација за меѓународна правна соработка и Универезитетот во Регенсбург. На Конгресот учествуваат универзитетски професори и…
-
Официјално отворање на новата судиска година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур
Од 23- 26 јануари 2008 година, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и генералниот секретар на Уставниот суд г-ѓа Милица Николовска присуствуваа на официјалното отворање на новата судиска година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Настанот започнa со семинар на тема „Улогата на консензусот во системот на Европската конвенција…