Судијата на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Игор Спировски од 11 до 13 февруари 2008 година ќе престојува во Регенсбург, Германија каде што ќе учествува на Конгресот за уставните промени во Југоисточна Европа.
Конгресот се одржува во организација на Германската фондација за меѓународна правна соработка и Универезитетот во Регенсбург.
На Конгресот учествуваат универзитетски професори и уставни судии од поголем број на земји од Југоисточна Европа.