Соопштенија
-
Соопштение
Уставниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 1 октомври 2020 година, донесе одлука со која за генерален секретар на Уставниот суд на Република Северна Македонија, се назначи Александар Лазов, досегашен генерален секретар на Уставниот суд на Република Северна Македонија, сметано од 5 октомври 2020 година.
-
Известување за одржување на подготвителна седница
Уставниот суд на Република Северна Македонија, на 1 октомври 2020 година со почеток од 10,00 часот, ќе одржи подготвителна седница по предметот У.бр.97/2019 во кој е оспорена уставноста на членовите 22 и 23 од Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 245/2018).
-
Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Сергеј Баздникин
Денес, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, оствари работна средба со Н.Е. амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, г. Сергеј Баздникин. Повод за оваа средба беше врачување на поканата на министерот за правда на Руската Федерација, г. Констатин Чујченко за претседателот на Судот, г. Мурати, за учество на…
-
Соопштение
Денес, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, оствари работна средба со министерот за правда Бојан Маричиќ. На оваа средба, беше разговарано за начините за унапредување на самостојноста на Судот (институционална, административна и буџетска), статусот на уставните судии, заштитата на слободите и правата пред Уставниот суд, за можноста за донесување Закон за…
-
Соопштение
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XХVI седница (денeс, 23 септември 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да: – не поведе постапка за оценување на уставноста на член 82 став 4 од Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“…
-
Соопштение
Во врска со утрешната подготвителна седница на Уставниот суд, ја известуваме јавноста дека поради мерките кои се преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот, бројот на места во судницата наменети за претставниците на медиумите е ограничен. Од тие причини, како и заради информирање на јавноста, Судот ќе издаде посебно соопштение од одржаната подготвителна седница.
-
Известување за одржување на подготвителна седница
Уставниот суд на Република Северна Македонија, на 17 септември 2020 година со почеток од 10,00 часот, ќе одржи подготвителна седница по предметот У.бр.13/2020 во кој е оспорена уставноста на член 143 став 3 и 4 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр.184/2013, 13/2014, 44/2014, 101/2014, 132/2014, 142/2016, 132/2017,…
-
Соопштение
Во врска со вчера објавената вест на еден од медиумите со наслов: „И уставни судии на линија со Пендаровски за мандатот за Влада“, Уставниот суд ја известува јавноста за следното: Уставниот суд е независен и самостоен орган на Републиката кој никогаш не зазема страни во ниту еден политички спор. Судот, единствено може во рамките на…
-
Изјава на претседателот на Судот, Сали Мурати
Подолу е целосната изјава на претседателот на Уставниот суд, г. Сали Мурати од 12 август 2020 година, на прашања поставени од МИА кои се однесуваат на тоа: дали може да се смета дека Собранието е конституирано, а имајќи ги различните ставови на претседателот на Републиката, Стево Пендаровски и поранашниот претседател на Собранието, Талат Џафери; дали…
-
Средба на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со делегација на Специјалната мисија за проценка на изборите во Република Северна Македонија
На 9 јули 2020 година, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, оствари работна средба со делегација на Специјалната мисија за проценка на изборите во Република Северна Македонија, предводена од шефот на Мисијата, Лаима Андрикине. На средбата, претседателот на Судот, ги запозна членовите на делегацијата со одлуките на Судот во врска со…
-
Соопштение
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XХIV седница (денeс, 8 јули 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дополнетиот дневен ред одлучи да: – одржи подготвителна седница по предметот У.бр.106/2018 во кој е оспорена уставноста на член 353 став 5 од Кривичниот законик („Службен весник на…
-
Соопштение
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XХII седница (денeс, 1 јули 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да: – одржи подготвителна седница по предметот У.бр.137/2019 во кој е оспорена уставноста на член 96 став 4 од Законот за Судскиот совет на…