Уставниот суд денеска ја одржа 11. седница со дневен ред на кој се расправаше по три иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права и одлучи:
1.Реферат У.бр.100/2022
По излагањето на судијата-известител неговиот предлог да се поведе постапка за оценување на уставноста на член 35 став 1 во делот „шест години“ и да не се поведе постапка за оценување на уставноста на член 35 став 1 во делот „во рок од десет години“ и став 2 од Законот за експропријација, не беше усвоен, поради недобиено мнозинство гласови.
Оспорени одредби: Член 35 став 1 во деловите „во рок од десет години” и „шест години” и став 2 од Законот за експропријација („Службен весник на Република Македонија” број 95/2012, 131/2012, 24/2013, 27/2014, 104/2015, 192/2015, 23/2016, 178/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 122/2021)
Подносител на иницијативата: Славко Лазоски
2.Реферат У.бр.129/2022
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на точка 37 од став 1 на член 132 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ број 157/2010, 53/2011, 1/2012, 164/2013, 187/2013, 43/2014, 72/2015, 84/2015, 129/2015, 213/2015, 39/2016 и 64/2018).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
3.Реферат У.бр.21/2023
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на членовите 22-б и 27-б од Законот за превоз во патниот сообраќај(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/2004, 23/2006, 127/2006, 64/2008, 114/2009, 50/2010, 83/2010, 140/2010, 152/2010, 17/2011, 53/2011, 6/2012, 23/2013, 120/2013, 163/2013, 187/2013, 42/2014, 112/2014, 166/2014, 20/2015, 44/2015, 97/2015, 124/2015, 129/2015, 193/2015, 37/2016, 71/2016, 64/2018, 140/2018, 163/2018, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 275/2019, 86/2020, 67/2022).
Подносител на иницијативата: Сашко Стојиловски
II- БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
1.Реферат У.бр.18/2023
Се отфрла барањето на Сандра Рилкова за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на заштита на правото на забрана на дискриминација по основ на социјална и политичка припадност.