Соопштенија
-
Соопштение по одржаната 6-та седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 6-та седница на која се дискутираше по седум предмети по поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост. 1. Реферат У.бр.103/2022 Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на член 78-г од Законот за градење Подносител на иницијативата: Даниел Георгиевски од Скопје 2. Реферат У.бр.210/2023 Уставниот суд поведе…
-
Оформени нови 98 предмети во текот на декември 2023 година и јануари 2024 година
Во периодот декември 2023 година и јануари 2024 година до Уставниот суд се поднесени 98 иницијативи по коишто се формирани нови предмети предмети за работа. Уставниот суд за одредени предмети објави посебни соопштенија во моментот на нивно формирање поради интерес во јавноста, а дел од нив веќе ја завршија и фазата на претходна постапка. Декември…
-
Уставниот суд доби донација од компјутери и печатачи од Турската агенција за соработка и координација
Уставниот суд доби донација од 10 компјутери и 10 печатачи од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Претставници на агенцијата предводени од координаторот од Скопје, Мехмет Бајрак денеска ја презентираа опремата во Судот пред вработените. Претседателката Добрила Кацарска изрази благодaрност во име на сите вработени во Судот и нагласи дека оваа донација е значајна…
-
Утврдена повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на Горан Трпеноски на 27 април 2017 година
Утврдена повреда на слободата на јавно изразување на мислата на Горан Трпеноски на 27 април 2017 година Уставниот суд, на денешната седница, во предметот У.бр.26/2023, утврди повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот, на новинарот Горан Трпеноски застапуван преку адвокат Филип Медарски. Според Судот, подносителот…
-
Соопштение по одржаната 5. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 5-та седница на која се дискутираше по четири предмети по поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и еден предлог за одлучување: 1. Реферат У.бр.129/2023 и У.бр.132/2023 Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 од Законот…
-
Работна средба на претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска со Н.Е. Петра Дрекслер, амбасадорка на СР Германија во земјава
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска оствари работна средба со Н.Е. амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, г-ѓа Петра Дрекслер. На средбата стана збор за актуелната состојба со пополнетоста на судиските места, се дискутираше за напредокот кој го направи Уставниот суд во изминатите три години во полето на транспарентноста, ажурното решавање на предмети и…
-
Демант за Павле Трајанов: Уставниот суд не го отфрлил предметот за измените на КЗ, се води постапка
Уставниот суд ги демантира тврдењата на претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов искажани во емисијата „Аргумент Плус” на ТВ24 , емитувана во живо во 17:45 часот на 30.01.2024. Имено во 17 минута од емисијата господинот Трајанов споделува информација дека Уставниот суд ја отфрлил неговата иницијатива која се однесува на Законски измени на Кривичниот законик. Станува…
-
Соопштение по одржаната 4-та седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 4-та седница на која се дискутираше по четири предмети по поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост и четири предлози за одлучување: 1. Реферат У.бр.98/2022 Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за социјална сигурност за стари лица и за оценувањање на членовите 2, 3…
-
Соопштение по одржаната 3. седница на Уставниот суд во 2024 година
Уставниот суд денеска ја одржа 3. седница на која се дискутираше по два предмета по поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост: 1.Реферат У.бр.202/2023 Ја отфрли иницијативата за оценување на член 4 став 3 од Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работа на извршителите бр.21-648/7 од 07.02.2019 година, поради тоа што…
-
Соопштение по одржаната 2. седница на Уставниот суд
Уставниот суд ја одржа 2. седница на 17.01.2024 година на која дискутираше по пет предмети и го одлучи следното: 1.Реферат У.бр.176/2023 Судот одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 12 од Законот за адвокатура бидејќи не најде повреда на одредбите од Уставот. Судот ја отфрли иницијативата во врска со наводите за…
-
Уставниот суд утврди повреда на слободата на јавно изразување на мислата на новинарката Душица Мрѓа, согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот
Уставниот суд утврди дека Граѓанскиот и Апелациониот суд, не направиле разлика во кое својство била присутна новинарката Душица Мрѓа во Собранието за време на настаните од 27 април 2017 година. Судот оцени дека таа во Собранието била присутна како новинар и требало да информира за изборот на претседател, но била оневозможена во тоа. Според Судот…
-
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на Законот за измена на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување
Остануваат во примена законските измени за облигациони односи и извршување, Уставниот суд не поведе постапка за да ги оценува. Ова значи дека не се прифатени наводите на подносителите од 15 иницијативи кои за овој предмет беа поднесени до Судот. Според Уставниот суд неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека се повредува правото на сопственост на доверителите…