Admin
-
У.бр.140/2023
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на членовите 1, 2, 4 и 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.111/2023)
-
У.бр.36/2022
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 2 од Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште, донесена од Владата на Република Северна Македонија
-
У.бр.136/2022
СЕ УТВРДУВА дека Министерството за транспорт и врски е стварно надлежно да постапува по барањето за ништовност на Решението за трансформација бр.16-367/2 од 17 јуни 2002 година и Решението за трансформација бр.16-480/2 од 3 март 2003 година на Министерството за транспорт и врски ПЕ на Општина Карпош – Скопје за КП бр. 263 поранешна КО…
-
У.бр.186/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Наредбата донесена од страна на директорот на ЈСП-Скопје
-
У.бр.182/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 115 став 1 во делот „и за членување во здружение на пензионери (членарина)“ и член 116 став 1 во делот „и членарината“, став 2 во деловите „и членарина“ и „начинот на распределба на членарината“ и став 4 од Законот за пензиското и инвалидското…
-
У.бр.175/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Упатството за начинот на користење на социјалните мрежи од страна на работниците во Министерството за внатрешни работи
-
У.бр.172/2023
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 67 став 2 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија
-
У.бр.44/2023
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 166-б од Законот за заштита на децата
-
Законот за матична евиденција повторно на седница на Уставниот суд
Поради интерес на јавноста ве информираме дека Уставниот суд на 20.12.2023 година, (утре) ќе ја одржи 45. седница на која меѓу останатите предмети е предвидено да се гласа по предметот кој опфаќа оспорени одредби од Законот за матичната евиденција. Овој предмет беше ставен на дискусија на 19 јули 2023 година при што се исцрпи дискусијата,…
-
Дневен ред за 45. седница на Уставниот суд закажана за 20 декември 2023 година
На 20 декември со почеток од 9:30 часот Уставниот суд ќе ја одржи 45. седница со дневен ред за кој се предвидени 10 иницијативи за оценување на уставност и законитост и еден предлог за решавање на судир на надлежности. Реферат У.бр.44/2023 Оспорен: Член 166-б од Законот за изменување на Законот за заштита на деца („Службен…