У.бр.54/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.54/2024
Скопје, 14.02.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 14 февруари 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Струга, број 08-1535/3 од 16.04.2018 година, објавен во „Службен гласник на Општина Струга” број 4/2018.

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од актот означен во точката 1 од ова решение.

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, по сопствена иницијатива одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од актот, означен во точката 1 од ова решение.

II

На седницата Судот утврди дека според член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Струга „Членот на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите”.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт.

Согласно член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на Советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, Советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од погоре наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должностите на членовите на советот, а во таа смисла според став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.

Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.

Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Струга во свој пропис – Деловникот на Советот Општина Струга, во поглавјето III. Права и должности на членовите на Советот, точка 3. Покренување иницијативи и поднесување предлози, го уредил член 15 алинеја 3, според кој член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите.

Правото, коешто Советот на Општина Струга, го пропишал за членовите на Советот во Деловникот, е поврзано со институтот „автентично толкување на прописите”. Меѓутоа, Законот за локалната самоуправа, со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.

Органите на локалната власт можат да го употребуваат институтот автентично толкување, само ако истото е предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).

За органите на локалната власт, со закон не е предвиден институтот автентично толкување на општите акти коишто ги донесуваат, така што не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот. Оттука, член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Струга, со кој се утврдува право на членовите на Советот на Општината да можат на седниците на Советот да поднесуваат барање за давање автентично толкување на прописите, е пропишан без законски основ, со што Советот на Општина Струга излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.

Имајќи го предвид погоре наведеното, како и имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот со основ изрази сомнеж за согласноста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Струга со Законот за локалната самоуправа, вклучително и за неговата согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Деловникот на Советот на Општина Струга, до донесувањето на конечната одлука.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.54/2024
Shkup, 14.02.2024

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafit 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 14 shkurt 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 15 alinesë 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Strugës, numër 08-1535/3 të datës 16.04.2018, të publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Strugës” numër 4/2018.

2. NDËRPRITET zbatimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të dispozitës së aktit të përcaktuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

3. Ky aktvendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përputhje me nenin 14 paragrafin 1 të Rregullores së Gjykatës me iniciativë të vetën vendosi të iniciojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së aktit të përcaktuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

II

Në seancë, Gjykata konstatoi se në pajtim me nenin 15 alinenë 3 të Rregullores së Komunës së Strugës, “Anëtari i Këshillit, ka të drejtë në seancat e Këshillit të paraqesë kërkesë për dhënien e interpretimit autentik të rregullave”.

III

Sipas nenit 8 paragrafit 1 alinesë 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Secili e ka për detyrë t’i respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Në bazë të nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit përfundimtar, mund të miratojë aktvendim për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë, përkatësisht ligjshmërinë e të cilit e vlerëson nëse me ekzekutimin e tij mund të krijohen pasoja të vështira për t’u mënjanuar.

Me nenin 36 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 5/2002) janë rregulluar kompetencat e Këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pikës 1 të nenit të dhënë, Këshilli është kompetent të miratojë statut të komunës dhe rregulla të tjera. Sipas nenit 62 paragrafit 1 të ligjit të lartpërmendur, në ushtrimin e detyrave me kompetencë të saj këshilli miraton rregulla, edhe atë: statutin, programe, plane, vendime dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.

Me nenin 43 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale rregullohen të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit, dhe në këtë kuptim, sipas paragrafit 2 të këtij neni, anëtarët kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i parashtrojnë pyetje kryetarit të komunës në seancën e këshillit, ndërsa sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregullore të tjera, në pajtim me këtë ligj.

Sipas kësaj, me statut dhe rregulla të tjera mund të përcaktohen edhe të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, mirëpo, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, përcaktimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për Vetëqeverisje Lokale.

Në rastin konkret, Gjykata ka konstatuar se Këshilli i Komunës së Strugës në rregullin e tij – Rregullorja e punës së Këshillit të Komunës së Strugës, në kapitullin III. Të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të Këshillit, pika 3. Inicimi i iniciativave dhe paraqitja e propozimeve, të rregulluara me nenin 15 alinenë 3 sipas të cilit anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullores në seancat e Këshillit.

E drejta, të cilën Këshilli i Komunës së Strugës, ua caktoi anëtarëve të Këshillit me Rregulloren, lidhet me institutin “interpretim autentik i rregulloreve”. Megjithatë, Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk parasheh me asnjë dispozitë kompetencë të këshillit të komunës për të dhënë interpretim autentik të rregulloreve që i miraton, dhe as Ligji nuk u jep komunave autorizimin që të jenë në gjendje në rregullat (rregullore ose statutet) të përcaktojnë dispozita për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme.

Organet e pushtetit lokal mund ta përdorin institutin e interpretimit autentik, vetëm nëse i njëjti parashihet në ligj, siç parashihet për ligjvënësin si organ i pushtetit shtetërore dhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e punës së Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).

Për organet e pushtetit lokal, ligji nuk parashikon institucionin e interpretimit autentik të akteve të përgjithshme që ato i miratojnë, në mënyrë që ky institucion dhe procedura e tij të mos mund të rregullohen fillimisht në rregullore apo statut. Prandaj, neni 15 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Strugës, i cili përcakton të drejtën e anëtarëve të Këshillit të Komunës që të mund të paraqesin kërkesë për interpretim autentik të rregulloreve në seancat e Këshillit, është paraparë pa bazë ligjore, me çka Këshilli i Komunës së Strugës ka dalë jashtë kompetencave të përcaktuara në Ligjin për Vetëqeverisje Lokale.

Duke e marrë parasysh sa më sipër, si dhe duke i pasur parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutë dhe me ligjin dhe secili e ka për detyrë t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata ka shprehur dyshime për pajtueshmërinë e nenit 15 alinesë 3 të Rregullores së Punës së Këshillit të Komunës së Strugës me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, duke përfshirë përputhshmërinë e tij me parimet themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të ligjit nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregullime juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.

Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme, ndërsa në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi ta ndalojë ekzekutimin e akteve apo veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të dispozitave kontestuese të Rregullores së Këshillit të Komunës së Strugës, deri në miratimin e vendimit përfundimtar.

IV

Në bazë të lartpërmendurës Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska