У.бр.10/2023


Уставен суд
на Република Северна Македонија
У.бр.10/2023
Скопје,14.02.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 28 алинеи 2 и 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021) на седницата одржана на 14 февруари 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 1 од Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 281/2022) како и на член 49 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија“ број 141/14 и број 36/16), донесени од Здружението за заштита на авторските музички права.

Образложение

I

Славко Димитров од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбите од правилниците означени во диспозитивот на ова решение.

Подносителот на иницијативата ги оспорува член 1 од Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Република Северна Македонија“ број 281/2022) и член 49 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија “ број 141/14 и број 36/16) со образложение дека тој смета дека оспорените одредби предвидуваат пресметка на авторските надоместоци на начин кој е контрадикторен на начелата утврдени во член 2 од Статутот на Здружението за заштита на авторските музички права (во натамошниот текст: ЗАМП) од 18.11.2013 година, односно оспорените одредби биле спротивни на член 8 став 1 алинеи 3 и 6, член 30 став 3 и член 47 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, како и на член 147 алинеи 6, 7 и 8 од Законот за авторското право и сродните права („Службен весник на Република Македонија“ број 115/10, 51/11, 147/13, 154/15 и 27/16), од што недвосмислено произлегува дека здружението покрај тоа што сторило повреда на член 2 од Статутот, со оспорените одредби сторило повреда и на владеењето на правото како темелна вредност на правниот поредок, го одземало или ограничило правото на сопственоста и правата кои произлегуваат од него, како и загарантираните права што произлегуваат од научното, уметничко и друг вид на интелектуално творештво.

Според подносителот, покрај со наведените уставни и законски одредби, оспорените одредби се контрадикторни и на Професионалните правила на Меѓународната конфедерација на здруженија на автори и композитори (CISAC) како водечка светска мрежа на авторски друштва во која членува и ЗАМП, а кои ЗАМП е должен да ги почитува бидејќи покрај правата на македонските музички автори ЗАМП, согласно со склучените реципрочни договори ги остварува и правата на странските автори од 54 земји членки на CISAC. Во член 18А од Професионалните правила (SG130787R2 од 18.06.2014 година) за здруженијата за колективно управување со авторските права е пропишано дека секоја асоцијација на членови на CISAC мора распределбата на надоместоците да ја заснова врз вистинската употреба на делата со примена на исто ниво на вредност и правичност, без оглед дали распределбата се врши до неговите членови или до членовите на здружените здруженија, како и да обезбеди и одржува ажурирана и точна документација за нејзините методи и распределба во базата на податоци за методите за распределување.

Имено, според подносителот, наспроти позитивната домашна законска регулатива и меѓународните правила и конвенции од релевантната област, особено наспроти член 46 став 1 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци, односно член 147 алинеи 6, 7 и 8 од Законот за авторското право и сродните права, како и Професионалните правила на Меѓународната конфедерација, ЗАМП со оспорените одредби ги фаворизира оние автори чии авторски музички дела се со траење подолго од 4 минути, а на штета на оние автори чии авторски музички дела се со траење помалку од 4 минути.

Исто така, подносителот на иницијативата наведува дека спротивно на член 68 од Законот за авторското право и сродните права, односно, спротивно на одредбите за времето потребно за застарување од Законот за облигационите односи и мерката од Записникот бр.52.-6648/1 од 31.05.2016 година на Министерството за култура од извршен надзор на актите и работењето на ЗАМП, со оспорената одредба од член 49 од Правилникот, ЗАМП на авторите кои не ги пријавиле своите дела навремено, им го одзел правото на целосна и правична исплата на нивните надоместоци кои ЗАМП во нивно име и за нивна сметка ги наплатил од корисниците на нивните објавени музички дела. На тој начин ЗАМП незаконски располагал со средствата прибрани од надоместоците кои во целост ги наплатил од корисниците, а во име на авторите чии дела под полна морална и материјална одговорност навремено не се пријавени во ЗАМП, односно од една страна на овие автори незаконски им исплаќал 50% од наплатените надоместоци, а од друга страна преостанатите 50% незаконски ги прелевал во купот на севкупно наплатени надоместоци предвидени за распределба во соодветната календарска година.

Поради сето горенаведено, подносителот на иницијативата предлага Судот да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 1 од Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 281/2022), како и член 49 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија“ број 141/14 и број 36/16), по што, истите да се поништат како спротивни на член 8 став 1 алинеи 3 и 5, член 30 став 3 и член 47 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, како и на член 147 алинеи 6, 7 и 8 од Законот за авторското право и сродните права и на член 2 од Статутот на Здружението ЗАМП, како и да се донесе решение за запирање на примената на оспорените членови.

II

На седницата Судот утврди дека член 1 од Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 281/2022) гласел:

Во Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија“ број 141/14 и број 36/16), во член 46 ставот 2 се менува и истиот по промената гласи:

Траење                         Коефициент
1. Од 1-15 минути              1,00
2. Од 16-20 минути            1,50
3. Од 21-25 минути            2,00
4. Од 26-30 минути            2,50
5. Од 31-35 минути            3,00 итн.

Исто така, Судот утврди дека во член 49 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија “ број 141/14 и број 36/16) се предвидува дека „Дела кои не се пријавени, односно за кои не постои документација, се пресметуваат врз основа на ефективното траење на изведбата со коефициент 0.50“.

III

Според член 110 алинеја 2 од Уставот на Ре­публика Северна Македонија, Устав­ниот суд одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Во рамките на пренесеното јавно овластување, ЗАМП на ден 23.12.2022 година го донел Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.218 од 26.12.2022 година, кој стапил во сила на 03.01.2023 година.
Оспорениот правилник содржи три члена од кои член 1 се однесува на поентирање на делата, член 2 на периодот за кој ќе важи Правилникот за измени и дополнување и член 3 се однесува на неговото објавување и стапување во сила.

Оспорениот член 1 од Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.281/2022) со кој е изменет член 46 став 2 од Правилникот за распределба на авторски надоместоци, предвидува нов начин на поентирање на делата за пресметка на авторскиот надомест врз основа на ефективно траење на изведбата, емитувањето или каква било употреба на музичкото дело.

Во однос на наводите со кои се оспорува уставноста и законитоста на член 1 од Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на РСМ“ број 281/2022), се утврди дека Уставниот суд со Одлуката У.бр.25/2023 од 27.09.2023 година, го поништи Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 281/2022).

Имајќи предвид дека со наведената измена содржината на оспорениот член од Правилникот, не е повеќе во правниот поредок, констатирани се процесни пречки за постапување по иницијативата со што се исполнети условите од член 28 алинеја 3 од Деловникот на Судот за отфрлање на иницијативата.

Во однос на наводите од иницијативата со кои се оспорува уставноста и законитоста на член 49 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на РМ“ број 141/14 и број 36/16), со кој се предвидува дека дела кои не се пријавени, односно за кои не постои документација, се пресметуваат врз основа на ефективното траење на изведбата со коефициент 0.50, Судот утврди дека веќе постапувал.

Имено, со Решението У.бр.3/2014 од 10 декември 2014 година, Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 49 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци, донесен од Собранието на ЗАМП на 23.09.2014 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.141/2014).

Во наведеното решение, според Судот, пресметката на авторскиот надоместок да се категоризира и определува врз основа на ефективното траење на изведбата, емитувањето или каква било употреба на делото, претставува натамошна разработка на категоризацијата на делата согласно со ефективното траење на делото, утврдена во член 5 од Правилникот, поради што определувањето на коефициентите во зависност од траењето на музичкото дело, според Судот, не претставува прашање од суштинска, туку од техничка природа. Поради наведеното пред Судот не се постави прашањето за нивната согласност со член 147 од Законот за авторското право и сродните права. Освен тоа, според Судот, фактот што некои дела се изведени, иако не биле пријавени, односно за нив немало документација, не може да се прифати како да станува збор за необјавени дела, поради што и за ова прашање Судот не прифатил дека станува збор за решение спротивно на член 147 од Законот за авторското право и сродните права.

Со оглед на фактот дека повторно се оспоруваат уставноста и законитоста на член 49 од Правилникот по истите наводи за кои Судот веќе се произнел и зазел став со наведеното решение, Уставниот суд оцени дека во конкретниот случај се исполнети условите од член 28 алинеја 2 од Деловникот за отфрлање на иницијативата бидејќи за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.10/2023
Shkup,14.02.2024

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 28 alinetë 2 dhe 3 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 14 shkurt 2024, miratoi

A K T V E N D I M

REFUZOHET iniciativa për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 1 të Rregullores për ndryshimin dhe plotësimin e Rregullores për shpërndarjen e kompensimeve të autorit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 281/2022) si dhe nenit 49 të Rregullores për shpërndarjen e kompensimeve të autorit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 141/14 dhe numër 36/16), të miratuar nga Shoqata për mbrojtjen e të drejtave të autorit muzikor.

Arsyetim

I

Sllavko Dimitrov nga Shkupi në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut ka dërguar iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave të rregulloreve të përcaktuara në dispozitivin e këtij aktvendimi.

Parashtruesi i iniciativës e konteston nenin 1 të Rregullores për ndryshime dhe plotësime të Rregullores për shpërndarjen e kompensimeve të autorit (“Republika e Maqedonisë së Veriut” numër 281/2022) dhe nenin 49 të Rregullores për shpërndarjen e kompensimeve të autorit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.141/14 dhe numër 36/16) me arsyetimin se konsideron se dispozitat e kontestuara parashikojnë llogaritjen e kompensimeve të autorit në mënyrë që është në kundërshtim me parimet e përcaktuara në nenin 2 të Statutit të Shoqatës për Mbrojtjen e të Drejtave Muzikore të Autorit (në tekstin e mëtejmë: MDMA) nga 18.11.2013, përkatësisht dispozitat e kontestuara kanë qenë në kundërshtim me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe 6, neni 30 paragrafi 3 dhe neni 47 paragrafi 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, si dhe nenit 147 alinetë 6, 7 dhe 8 të Ligjit për të drejtën e autorit dhe të drejtat e përafërta (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 115/10, 51/11, 147/13, 154/ 15 dhe 27/16), nga ku pa mëdyshje rezulton se shoqata, përveç që ka bërë shkelje të nenit 2 të Statutit, me dispozitat e kontestuara ka shkelur edhe sundimin e së drejtës si vlerë themelore e rendit juridik, ka marrë ose kufizuar të drejtën e pronësisë dhe të drejtat që rrjedhin prej saj, si dhe të drejtat e garantuara që rrjedhin nga krijimtaria shkencore, artistike dhe llojet e tjera intelektuale.

Sipas parashtruesit, përveç dispozitave kushtetuese dhe ligjore të përmendura, dispozitat e kundërshtuara janë gjithashtu në kundërshtim me Rregullat Profesionale të Konfederatës Ndërkombëtare të Shoqërive të Autorëve dhe Kompozitorëve (CISAC) si një rrjet udhëheqës botëror i shoqërive të autorëve në të cilin është antare edhe MDMA dhe të cilat MDMA është e obliguar t’i respektojë sepse, përveç të drejtave të autorëve muzikorë maqedonas, MDMA, në përputhje me marrëveshjet reciproke të lidhura, realizon edhe të drejtat e autorëve të huaj nga 54 vende anëtare të CISAC. Në nenin 18A nga Rregullat Profesionale (SG130787R2 të datës 18.06.2014) për shoqatat e menaxhimit kolektiv përcakton se çdo shoqatë anëtare e CISAC duhet të bazojë shpërndarjen e kompensimeve në përdorimin e vërtetë të veprave duke zbatuar të njëjtin nivel vlere dhe drejtësie, pavarësisht nëse shpërndarja bëhet për anëtarët e sajë ose për anëtarët e shoqatave të lidhura, dhe të sigurojë dhe të mbajë dokumentacion të përditësuar dhe të saktë të metodave dhe shpërndarjes së sajë në bazën e të dhënave të metodave të shpërndarjes.

Përkatësisht, sipas parashtruesit, kundër legjislacionit vendas pozitiv dhe rregullave dhe konventave ndërkombëtare nga fusha përkatëse, veçanërisht kundër nenit 46 paragrafi 1 të Rregullores për shpërndarjen e kompensimeve të autorit, gjegjësisht nenit 147 paragrafët 6, 7 dhe 8 të Ligjit për të drejtën e autorit dhe të drejtat e përafërta, si dhe Rregullat profesionale të Konfederatës Ndërkombëtare, MDMA me dispozitat e diskutueshme favorizon ata autorë, veprat origjinale muzikore të të cilëve janë më të gjata se 4 minuta dhe në dëm të atyre autorëve, veprat origjinale muzikore të të cilëve janë me kohëzgjatje më pak se 4 minuta.

Gjithashtu, parashtruesi në iniciativë thekson se në kundërshtim me nenin 68 të Ligjit për të drejtat e autorit dhe të drejtat e përafërta, gjegjësisht në kundërshtim me dispozitat për kohën e nevojshme për vjetërsim nga Ligji për marrëdhëniet obligative dhe masën nga Procesverbali nr. 52.-6648/1 të datës 31.05 .2016 të Ministrisë së Kulturës nga mbikëqyrja e kryer e akteve dhe veprimeve të MDMA-së, me dispozitën e kundërshtuar të nenit 49 të Rregullores, MDMA autorëve që nuk raportonin në kohë veprat e tyre ua hiqte të drejtën për pagesë të plotë dhe të drejtën e kompensimeve të tyre që MDMA, në emër dhe me shpenzimet e tyre, i ka paguar nga shfrytëzuesit e veprave të tyre muzikore të botuara. Në këtë mënyrë, MDMA-ja ka disponuar në mënyrë të paligjshme mjetet e grumbulluara nga kompensimet të cilat në tërësi i kanë paguar përdoruesit dhe në emër të autorëve, veprat e të cilëve, nën përgjegjësinë e plotë morale dhe materiale, nuk janë paraqitur në kohë në MDMA, respektivisht nga njëra anë u ka paguar këtyre autorëve 50 % të kompensimeve të grumbulluara në mënyrë të paligjshme dhe nga ana tjetër 50 % të tjera të paligjshme i ka derdhur në grumbullin e kompensimeve totale të planifikuara për shpërndarje në vitin kalendarik përkatës.

Për të gjitha sa më sipër, parashtruesi i iniciativës i propozon Gjykatës që të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 1 të Rregullores për ndryshimin dhe plotësimin e Rregullores për shpërndarjen e kompensimeve të autorit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.281/2022), si dhe nenit 49 të Rregullores për shpërndarjen e kompensimeve të autorit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 141/14 dhe numër 36/16), me çka, ato duhet të anulohen si në kundërshtim me nenin 8 paragrafi 1 alinetë 3 dhe 5, nenin 30 paragrafi 3 dhe nenin 47 paragrafi 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, si dhe nenin 147 alinetë 6, 7 dhe 8 të Ligjit për të drejtën e autorit dhe të drejtat e përafërta dhe nenin 2 të Statutit të Shoqatës MDMA, si dhe të merret vendim për ndërprerjen e zbatimit të neneve të kontestuara.

II

Në seancë, Gjykata konstatoi se në nenin 1 të Rregullores për ndryshimin dhe plotësimin e Rregullores për shpërndarjen e kompensimeve të autorit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 281/2022) thuhet:

Në Rregulloren për shpërndarjen e kompensimeve të autorit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 141/14 dhe numër 36/16), në nenin 46 paragrafi 2 ndryshon dhe i njëjti pas ndryshimit është si vijon:

Kohëzgjatja                           Koeficienti
1. Prej 1-15 minuta                   1,00
2. Prej 16-20 minuta                 1,50
3. Prej 21-25 minuta                 2,00
4. Prej 26-30 minuta                 2,50
5. Prej 31-35 minuta                 3,00 etj.

Gjithashtu, Gjykata ka konstatuar se në nenin 49 të Rregullores për shpërndarjen e kompensimeve të autorit (“Gazeta Zyrtare e RM-së” numër 141/14 dhe numër 36/16) është përcaktuar se “Veprat që nuk janë paraqitur, respektivisht për të cilat nuk ka dokumentacion, llogariten në bazë të kohëzgjatjes efektive të performancës me një koeficient 0.50“.

III

Sipas nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e rregulloreve të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në suaza të autorizimit publik të transmetuar, MDMA më 23.12.2022 miratoi Rregulloren për ndryshimin dhe plotësimin e Rregullores për shpërndarjen e të kompensimeve të autorit, botuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 218, të datës 26.12.2022, i cili ka hyrë në fuqi më 03.01.2023.

Rregulloreja e kontestuar përmban tre nene, nga të cilët neni 1 i referohet pikëzimit të akteve, neni 2 periudhës për të cilën do të jetë e vlefshme Rregulloreja për ndryshimin dhe plotësimin dhe neni 3 i referohet botimit dhe hyrjes në fuqi të saj.

Neni 1 i kontestuar i Rregullores për ndryshimin dhe plotësimin e Rregullores për shpërndarjen e kompensimeve të autorit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.281/2022), me të cilin është ndryshuar neni 46 paragrafi 2 i Rregullores për shpërndarjen e kompensimeve të autorit, parashikon një mënyrë të re të pikëzimit të veprave për llogaritjen e kompensimeve të autorit bazuar në kohëzgjatjen efektive të shfaqjes, transmetimit ose çdo përdorimi të veprës muzikore.

Lidhur me pretendimet për kontestimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 1 të Rregullores për ndryshimin dhe plotësimin e Rregullores për shpërndarjen e kompensimeve të autorit(“Gazeta Zyrtare e RMV-së” nr. 281/2022), u konstatua se Gjykata Kushtetuese me Vendim U. nr. 25/2023 të datës 27 shtator 2023, e anuloi Rregulloren për ndryshimin dhe plotësimin e Rregullores për shpërndarjen e kompensimeve të autorit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 281/2022).

Duke pasur parasysh se me ndryshimin e cekur, përmbajtja e nenit kontestues të Rregullores nuk është më në rendin juridik, janë konstatuar pengesa procedurale për procedimin e iniciativës, me çka plotësohen kushtet nga neni 28 alineja 3 të Rregullores së Gjykata për refuzimin e iniciativës.

Në lidhje me pretendimet nga iniciativa me të cilën kundërshtohet kushtetutshmëria dhe ligjshmëria e nenit 49 të Rregullores për shpërndarjen e kompensimeve të autorit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 141/14 dhe numër 36/16), ku përcaktohet se veprat të cilat nuk janë paraqitur, pra për të cilat nuk ka dokumentacion, llogariten në bazë të kohëzgjatjes efektive të interpretimit me koeficient 0.50, Gjykata ka konstatuar se tashmë ka vepruar.

Gjegjësisht, me Aktvendimin U.nr. 3/2014 nga 10 dhjetori i vitit 2014, Gjykata Kushtetuese nuk ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 49 të Rregullores për shpërndarjen e kompensimeve të autorit, të miratuar nga Kuvendi i MDMA-së më 23.09.2014 (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.141/2014).

Në vendimin në fjalë, sipas Gjykatës, përllogaritja e kompensimit të autorit të kategorizohet dhe përcaktohet në bazë të kohëzgjatjes efektive të shfaqjes, transmetimit apo çdo përdorimi të veprës, paraqet një përpunim të mëtejshëm të kategorizimit të veprave sipas kohëzgjatjes efektive të veprës, e përcaktuar në nenin 5 të Rregullores, prandaj përcaktimi i koeficientëve në varësi të kohëzgjatjes së veprës muzikore, sipas Gjykatës, nuk është çështje thelbësore, por e natyrës teknike. Për shkak të sa më sipër, çështja e pajtueshmërisë së tyre me nenin 147 të Ligjit për të drejtat e autorit dhe të drejtat e përafërta nuk u ngrit para Gjykatës. Përveç kësaj, sipas Gjykatës, fakti që disa vepra janë transmetuar edhe pse nuk janë paraqitur, gjegjësisht nuk ka pasur dokumentacion për to, nuk mund të pranohen si akte të pabotuara, për këtë arsye Gjykata nuk ka pranuar se bëhet fjalë për aktvendim në kundërshtim me nenin 147 të Ligjit për të drejtën e autorit dhe të drejtat e përafërta.

Duke qenë se kushtetutshmëria dhe ligjshmëria e nenit 49 të Rregullores kontestohet sërish për të njëjtat arsye për të cilat Gjykata tashmë ka vendosur dhe mbajtur qëndrim me vendimin në fjalë, Gjykata Kushtetuese ka vlerësuar se në rastin konkret janë plotësuar kushtet nga neni 28 paragrafi 2 i Rregullores së punës për refuzimin e iniciativës për shkak se tashmë ka vendosur për të njëjtën çështje dhe nuk ka bazë për vendimmarrje tjetër.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata, vendosi si dispozitiv të këtij aktvendimi.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska