Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.78/2024
Скопје,14.02.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и членовите 27 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 14 февруари 2024 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Неготино („Службен гласник на Општина Неготино“ бр.3/2006).
2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на членот од оспорениот акт означен во точката 1 од ова решение.
3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, по сопствена иницијатива поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на членот од актот означен во точката 1 од Решението, затоа што пред Судот со основ се постави прашањето за неговата согласност со Уставот на Република Северна Македонија и Законот за локалната самоуправа.
II
На седницата Судот утврди дека член 15 алинеја 3 е содржан во насловот 3 „Покренување иницијативи и поднесување предлози“ од оспорениот деловник и истиот предвидува дека членот на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите.
III
Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставување на владеење на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт.
Согласно член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.
Со предметната иницијатива се оспорува уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Аеродром.
Советот на Општина Неготино, повикувајќи се на член 20 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Неготино („Службен гласник на Општина Неготино ” број 06/2003), на седницата одржана на 12.09.2006 година го донел Деловникот за работа на Советот на Општина Неготино објавен во „Службен гласник на Општина Неготино”бр.3/2006.
Советот на Општина Неготино на седницата одржана на 18.02.2011 година донел Одлука за измена и дополнување на Деловникот на Советот Општина Неготино бр.07-88/4 од 18.02.2011 година.
Деловникот на Советот на Општина Неготино содржи дел со наслов 3 „Покренување иницијативи и поднесување предлози” во кој е содржан член 15 алинеја 3 каде се уредува дека членот на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.
Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).
Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.
Во конкретниот случај, оспорената одредба дава право на член на Советот на Општината да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите, и покрај тоа што станува збор за Совет на Општина кој претставува орган на локалната власт.
Постапувајќи по предметната иницијатива, Судот утврди дека Советот на Општината согласно член 36 став 1 точка 1. од Законот за локалната самоуправа го донел оспорениот деловник.
Законот за локалната самоуправа не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Имено, согласно член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, Советот на Општината го донесува статутот на општината и други прописи, односно во согласност со член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон, што значи дека Законот не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.
При таква фактичка состојба, недвосмислено произлегува дека Советот на Општина Неготино, ги пречекорил своите законски овластувања кога го донел оспорениот деловник во кој предвидел право на член на Советот на Општината да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.
Правото на давање автентично толкување на прописи е прашање коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт, изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите. Од уставно-судската анализа произлегува дека органите на локалната власт немаат законска основа за давање автентично толкување и ваков правен институт не може да биде уреден со Деловник или Статут.
Со оглед на фактот дека автентичното толкување е уредено во наведените одредби на Деловникот, со што Советот на Општината ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа, во однос на кои Судот изразува сомнеж за нивната уставност и законитост, е доволна причина за Судот да го покрене прашањето за уставноста и законитоста на одредбите што се предмет на оспорување со иницијативата.
Имајќи го предвид погоре изнесеното, Судот оцени дека со основ може да се постави прашањето за уставноста и законитоста на конкретната одредба од Деловникот.
Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да ја запре примената на оспорената одредба од Деловникот на Општината, како и да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорената одредба до донесувањето на конечната одлука.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U. nr.78/2024
Shkup,14.02.2024
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 27 dhe 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 14 shkurt 2024, miratoi
A K T V E N D I M
1.INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 15 alinesë 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Negotinës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Negotinës” nr.3/2006)
2. NDËRPRITET zbatimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të nenit të aktit të kontestuar të shënuar në pikën 1 të këtij Aktvendimi.
3. Ky aktvendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, bazuar në nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, me vetëiniciativë me inicioi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit të aktit, të shënuar në pikën 1 të Aktvendimit, për shkak se para Gjykatës me bazë u ngrit çështja e pajtueshmërisë së tij me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Ligjin për Vetëqeverise Lokale.
II
Gjykata në seancë konstatoi se neni 15 paragrafi 3 përfshihet në titullin 3 “Inicimi i iniciativave dhe parashtrimi i propozimeve” të rregullores së kontestuar dhe parashikon se anëtari i Këshillit ka të drejtë që në mbledhjen e Këshillit të parshtrojë kërkesë për dhënien e interpretimit autentik të rregullave.
III
Një nga qëllimet themelore të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është vendosja e sundimit të së drejtës në sistemin e qeverisjes. Ky parim kushtetues është përcaktuar me nenin 8 paragrafin 1 alinejnë 3 të Kushtetutës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha e rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet, në pajtim me nenin 51 të Kushtetutës.
Sipas nenit 110 paragrafit 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Në pajtim me nenin 14 paragrafin 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.
Në bazë të nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në miratimin e vendimit të plotfuqishëm, mund të miratojë aktvendim për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të ligjit, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë, respektivisht ligjshmërinë e të cilit e vlerëson nëse me zbatimin e tij mund krijohen pasoja të vështira për t’u menjanuar.
Iniciativa në fjalë konteston kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e nenit 15 alinesë 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Negotinës.
Këshilli i Komunës së Negotinës, duke iu referuar nenit 20 paragrafit 1 pikës 2 të Statutit të Komunës së Negotinës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Negotinës” nr. 06/2003), në mbledhjen e mbajtur më 12.09.2006 ka miratuar Rregulloren e punës së Këshillit të Komunës së Negotinës botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Negotinës” nr. 3/2006.
Në seancën e mbajtur më 18.02.2011, Këshilli i Komunës së Negotinës ka miratuar Vendim për ndryshimin dhe plotësimin e Rregullores së Komunës së Negotinës Nr. 07-88/4 të datës 18.02.2011.
Rregullorja e Këshillit të Komunës së Negotinës përmban një pjesë të titulluar 3 “Inicimi i iniciativave dhe parashtrimi i propozimeve” i cili përmban nenin 15 paragrafin 3, ku rregullohet se anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjen e Këshillit.
Interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi në pajtim me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2 të Kushtetutës i miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).
Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimit të vërtetë të një ligji tashmë të miratuar, i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi, mëdyshje ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.
Në rastin konkret, dispozita e kontestuar i jep të drejtën një anëtari të Këshillit të Komunës që të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave, pavarësisht se bëhet fjalë për Këshill të Komunës që përfaqëson një organ të pushtetit lokal.
Duke vepruar sipas iniciativës në fjalë, Gjykata konstatoi se Këshilli Komunal ka miratuar rregulloren e kontestuar të punës në pajtim me nenin 36 paragrafin 1 pikën 1 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale.
Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk përmban një dispozitë të qartë se këshillat e komunave mund të japin interpretim autentik të rregullave që i miratojnë. Konkretisht, në pajtim me nenin 36 paragrafin 1 pikën 1 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale, Këshilli i Komunës e miraton statutin e komunës dhe rregullat e tjera dhe në pajtim me nenin 62 paragrafin 1 të Ligjit, në kryerjen e detyrave në kompetencë të tij, këshilli miraton rregulla, e që janë: statutet, programet, planet, vendimet dhe rregullat e tjera të përcaktuara me ligj, që do të thotë se ligji nuk përmban një dispozitë të qartë se këshillat e komunave mund të japin një interpretim autentik të rregullave që i miratojnë.
Në një situatë të tillë faktike, pa mëdyshje del se Këshilli i Komunës së Negotinës i ka tejkaluar kompetencat e tij ligjore me miratimin e rregullores së kontestuar në të cilën ka paraparë të drejtën e një anëtari të Këshillit të Komunës për të paraqitur kërkesë për interpretim autentik të rregullave.
E drejta për të dhënë interpretim autentik të rregullave është një çështje që duhet të parashikohet në ligj në mënyrë që organet e pushtetit lokal ta zbatojnë atë, siç parashikohet nga ligjvënësi si organ i qeverisjes shtetërore, shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve. Nga analiza kushtetueso-gjyqësore rezulton se organet e pushtetit lokal nuk kanë bazë ligjore për të dhënë interpretim autentik dhe një institut i tillë juridik nuk mund të rregullohet me rregullore apo statut.
Për shkak se interpretimi autentik është i rregulluar me dispozitat e përcaktuara të Rregullores me çka Këshilli i Komunës i ka kaluar, përkatësisht i ka tejkaluar kompetencat e parapara me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, në raport me të cilat Gjykata shpreh dyshim për kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e tyre dhe është arsye e mjaftueshme që Gjykata ta ngritë çështjen për kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e dispozitave që janë lëndë e kontestimit me iniciativën.
Duke marrë parasysh sa më sipër, Gjykata vlerësoi se çështja e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës konkrete të Rregullores së Punës mund të ngrihet me bazë.
Për shkak të mundësisë së krijimit të pasojave të dëmshme, ndërsa në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi ta ndërpresë zbatimin e dispozitës së kontestuar nga Rregullorja e Komunës, si dhe ta ndërpresë ekzekutimin e akteve individuale ose veprimeve të kryera në bazë të dispozitës së kontestuar deri në miratimin e vendimit përfundimtar.
IV
Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska