Admin
-
Соопштение по вториот ден закажан за избор на претседател на Уставниот суд
Денеска(31.05.2024) продолжи постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд. Во два наврати судиите гласаа за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство. Со согласност на сите судии беше договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни. Мандатот на претседателката Добрила Кацарска истекува на 2…
-
Соопштение во врска со изборот на претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија
Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за претседател при ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство. Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставниот суд. Седницата за избор продолжува утре во 10 часот
-
Закажана седница за избор на претседател на Уставниот суд денеска во 10 часот
Денеска(30.05.2024) во 10 часот е закажанa седница за избор за претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Според член 7 од Деловникот: „Уставниот суд на седница избира претседател на Уставниот суд од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање. Секој судија може да предложи кандидат за претседател…
-
Кацарска: Беше привилегија да се служи на сите граѓани и да се брани правото од неправото и неправдата
Целосен говор од прес конференцијата на претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска по повод завршување на три годишинот мандат: Почитувани граѓани, почитувани медиуми За неколку дена затворам едно значајно поглавје од моето служење на сите вас, како претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија. По тој повод денеска ќе дадам осврт за преземените обврски…
-
Кацарска за Топ тема: Како најголем успех на Уставен ги сметам предметите за новинарите од 27 април со кои се утврди повреда на слободното изразување
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вечерва во интервју на Топ тема на Телма говореше на повеќе теми поврзани со работата на Судот, предметите, заканите кои беа упатени до неа, правосудството во Република Северна Македонија… Прашана кои предмети ги смета за најголем успех во нејзиниот три годишен мандат Кацарска одговори: “Сите предмети што се завршени…
-
Средба Дрекслер-Кацарска: „Вашата сила и посветеност ќе останат инспирација за многумина!”
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија Н.Е. Петра Дрекслер, по повод завршувањето на мандатот како и неколкугодишната успешна соработка. На средбата беше истакнато заедничкото задоволство од спроведените проекти и активности во Уставниот суд со поддршка на Сојузна Република Германија. Амбасадорката Петра Дрекслер изрази искрена лична благодарност…
-
У.бр.159/2024
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на точката 1 од Упатството за измена и дополнување на Упатството за радиодифузерите за претседателските и за парламентарните избори 2024
-
У.бр.48/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Росоман и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Росоман
-
У.бр.15/2024
СЕ УКИНУВААТ член 24 алинеја 4, член 105, член 106, член 107 и член 108 од Деловникот на Советот на Општина Тетово и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Деловникот на Советот на Општина Тетово
-
У.бр.25/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на насловот во глава X, точка 7 „Автентично толкување на општи акти” и членовите 178, 179, 180 и 181 од Деловникот на Советот на Општина Гевгелија и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на насловот во глава X, точка…
-
У.бр.12/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 40 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Град Скопје и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 40 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Град Скопје