Делегација на Уставниот суд во состав од судиите м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер, Генералниот секретар на Судот м-р Виолета Ѓорѓиевска и советникот на Судот м-р Мајлинда Исмаили, учествуваше на свеченото отвoрање на судиската година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Во ЕСЧП се одржа судски семинар во чијшто фокус беше темата „Заштита на човековите права во свет на вештачка интелигенција, алгоритми и податоци за прибирање, категоризација и анализа (big data)”.
Годишното отворање на судската година го означи Марко Бошњак, претседател на ЕСЧП, воведно обраќање имаше судијата Садет Јуксел, претседател на Комисијата за организација на семинарот, пред присутните се обратија и Џанлука Еспозито, генерален директор за човекови права и владеење на правото од Советот на Европа, еминентни професори од Универзитетот Оксфорд, Универзитетот во Нантере.
Во рамки на посетата, Делегацијата на Уставниот суд оствари средба со Јован Илиевски, судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права.
Годишното отворање на судската година во Судот во Стразбур се одржа на 31 јануари 2025 година.