-
У.бр.116/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста од табеларниот приказ во глава V. Висина на надоместоци за уредување на градежно земјиште и тоа во делот на табелите: V-а. Висина на уредување на градежно земјиште во градот Богданци реден број 15 и 16 од Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024…
-
У.бр.185/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 13 став 2 и член 14 став 1 од Статутот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија
-
У.бр.190/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 2 став 3 во делот „ а до навршени 65 години живот“ од Правилникот за организацијата, составот и начинот на работата на Комисијата за оцена на работната способност, донесен од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија и НЕ СЕ ПОВЕДУВА…
-
У.бр.2/2024, У.бр.3/2024 и У.бр.203/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 8 став 1 и став 2 во деловите „кои се прибираат” од Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Северна Македонија” број 147/2023 и 286/2023) и се СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти или дејствија што се…
-
У.бр.137/2017
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на членовите 176, 177 и 178 од од Законот за електронските комуникации; СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 175 од Законот за електронските комуникации и СЕ ОПРЕДЕЛУВА рок од 6 месеци на Собранието на Република Северна Македонија за измена и/или дополнување на…
-
У.бр.52/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Деловникот на Општина Зелениково и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на Деловникот на Општина Зелениково
-
У.бр.90/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за: оценување на уставноста на член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“,од Законот за вработените во јавен сектор и член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“ од Законот за административни службеници; оценување на уставноста и законитоста на член 2 став 1 алинеја 8…
-
У.бр.121/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на параграф 4 алинеја 1 од Правилото за сместување и ред во Армијата на Република Македонија, донесено од началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија
-
У.бр.19/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за начинот и постапката на утврдување на исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, донесен од Советот на Општина Тетово и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт
-
У.бр.113/2021
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите во Република Македонија и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт
-
У.бр.148/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 26 став 2 во делот „во рок од 30 дена“ од Законот за управните спорови
-
У.бр.69/2023 и У.бр.70/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 2 став 2 алинеја 6 од Правилникот за постапката за доставување и регистрирање на колективните договори и нивните измени до надлежниот државен орган и начинот на водење на евиденцијата на доставените колективни договори и нивните измени и НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на…