-
УЗ.бр.80/2025
СЕ УКИНУВА член 6 став 4 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за овластувања и начин на работа на контролата на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 226/2020).
-
УЗ.бр.3/2026
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за давање согласност на Годишниот план за вработување во Општина Дојран за 2026 година, бр.08-1841/4 од 25.12.2025 година
-
УЗ.бр.5/2026
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 41 став 1 и член 46 ставови 1 и 2 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија“ бр.141/2014 и 36/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.147/2023, 263/2023, 286/2023, 135/2024, 218/2024, 275/2024 и 215/2025) и уставноста и законитоста…
-
У.бр.72/2025
СЕ УТВРДУВА неуставност и незаконитост на член 3 став 22 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.26/2025), во време на важењето
-
УЗ.бр.38/2025
СЕ УКИНУВА Упатството за уредување на постапката при решавање на барање за одобрение за сеча во приватна шума, број 02-958/1 од 23.10.2015 година, донесено од директорот на ЈП „Национални шуми“ – Скопје.
-
УЗ.бр.4/2026
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на делови од акт – Методологија за пресметка и исплата на пензии.
-
УЗ.бр.14/2026
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на: Одлуката за ослободување од комунална такса за јавно осветлување бр.07-4554/14 од 31 мај 2012 година („Службен гласник на Општина Куманово” бр.8 од 5 јуни 2012 година); Одлуката за дополнување на Одлуката за ослободување од комунална такса за јавно осветлување бр.07-1135/9 од 21…
-
УЗ.бр.52/2025
СЕ УКИНУВА Одлуката за поништување на одобрен урбанистички проект за село со намена А4.7 – куќи за потребите на селскиот туризам, во урбанистички план за село Сопиште на КП1526/8 и КП 1532/5 КО Сопиште – Вонград, Општина Сопиште, бр.02-1509/1 од 29.05.2025 година
-
УЗ.бр.78/2025
СЕ УКИНУВА член 3 од Уредбата за престанување на важење, односно на примена на прописите опфатени со проектот регулаторна гилотина („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/2008)
-
УЗ.бр.75/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиспитување на Одлуката У.бр.94/2019 на Уставниот суд на Република Северна Македонија, донесена на седницата одржана на 12 мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.136/2020)
-
УЗ.бр.15/2026
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на став 2 реченица втора во делот „јавните” и став 3 во деловите „јавните” и „за околу 6.000 крводарители” од точка IV. Финансирање на програмата и став 2 реченица прва во делот „јавните” од точка V. Распределба на средствата од Програмата за организирање и унапредување…
-
УЗ.бр.85/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на членовите 6, 9 и 11 од Правилникот за критериумите за склучување договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на приватните здравствени установи кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита и лабораториски испитувања по упат на избран лекар
Hello in Save.