Архива

Септември 2026 • 31

Архива

Изберете година и месец

У.бр.72/2025
23/09/2026
СЕ УТВРДУВА неуставност и незаконитост на член 3 став 22 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.26/2025), во време на важењето
Други прописи и колективни договори, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Претпријатија и други организации и заедници, Се утврдува
Скендер: Транспарентноста не смее да се поистоветува со прејудицирање и коментирање на одлуките
22/09/2026
Судијата на Уставниот суд, м-р Фатмир Скендер се обрати на регионалната конференција „Како да се зголеми довербата во уставните судови?“, што се одржа во Охрид во периодот 16–17 септември. Во контекст на транспарентното работење на Уставниот суд, тој посочува и на потребата од внимателност при јавните седници, особено за да не се прејудицираат одлуките пред […]
Домашни активности, Соопштенија
Федералниот судија Пол Бајрон во посета на Уставниот суд: Транспарентноста е една од најмоќните алатки за градење доверба
22/09/2026
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со Пол Бајрон, судија во Федералниот окружен суд на САД за Средниот округ на Флорида (U.S. District Court for the Middle District of Florida), кој денеска го посети Уставниот суд. По средбата со претседателот Костадиновски, судијата Бајрон оствари средба и со сите судии на Уставниот суд, […]
Домашни активности, Соопштенија
Кадриу: Довербата во уставното судство се гради преку ефективна заштита на човековите права
21/09/2026
Судијата на Уставниот суд, проф. д-р Осман Кадриу, се обрати на регионалната конференција „Како да се зголеми довербата во уставните судови?“, што се одржа во Охрид во периодот 16–17 септември. Во своето излагање тој посебно се осврна на уставно-судската заштита на човековите права, укажувајќи дека ограничениот број одлуки во кои граѓаните добиле непосредна заштита пред […]
Домашни активности, Соопштенија
Павловска-Данева: Довербата почнува од независноста и се потврдува преку интегритетот на судиите и транспарентноста на институцијата
21/09/2026
Судијката на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева, се обрати на регионалната конференција „Како да се зголеми довербата во уставните судови?“, што се одржа во Охрид, во периодот 16-17 септември 2026 година. Во своето излагање таа се осврна на меѓусебната поврзаност на независноста, стручноста, интегритетот и транспарентноста како клучни предуслови за градење доверба во уставното […]
Домашни активности, Соопштенија
Васиќ-Бозаџиева: Потребно е формирање на регионална иницијатива за повисоки стандарди на транспарентност и поголема доверба во уставните судови
21/09/2026
Судијката на Уставниот суд, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, се обрати на регионалната конференција „Како да се зголеми довербата во уставните судови?“, што се одржа во Охрид, во периодот 16-17 септември 2026 година. Во своето излагање таа го постави прашањето дали довербата во уставните судови треба да се мери исклучиво преку анкети и проценти или, пред сè, […]
Домашни активности, Соопштенија