October 2022

Архива

Изберете година и месец

Новоизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работа
31/10/2022
Денеска во Уставниот суд почнаа со работа новоизбраните судии Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер.  Двајцата судии утрово беа примени од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, добија работни материјали за следната седница закажана за 9 ноември.  Судиите Бозаџиева и Скендер се запознаа со вработените во службата на Уставниот суд и во наредниот период ќе […]
Соопштенија
Средба со претставници на ИРЗ: Изработена е студија за воведување на уставна жалба во Република Северна Македонија
27/10/2022
Претставници на Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) го посетија Уставниот суд и остварија средба со претседателката на Судот, Добрила Кацарска. На средбата организирана на барање на ИРЗ, претставниците на германската фондација информираа дека е подготвена студијата за воведување на уставна жалба во Република Северна Македонија. Имено, се работи за студија изработена од германски […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Судиите Насер Ајдари и Осман Кадриу учествуваа на меѓународна конференција во Тирана
25/10/2022
Судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија Насер Ајдари и Проф. д-р Осман Кадриу учестуваа на дводневна меѓународна конференција која се одржа во Тирана, Албанија. Преку овој настан Уставниот суд на Албанија  го обележа 30 годишниот јубилеј од основањето на уставното судство.  На научната конференција главен акцент беше ставен на улогата на уставните судови […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Соопштение по одржаната XXXIII-та седница на Уставниот суд
19/10/2022
Уставниот суд денеска ја одржа XXXIII-та седница на која се дискутираше по две иницијативи за оценување на уставност  и законитост  и едно барање заштита на слободи и права и одлучи: 1. Реферат У.бр.55/2022- предлогот не го доби потребното мнозинство гласови. Оспорен: Членот 3 од Законот за изменување на Законот за административни службеници („Службен весник на Република […]
Соопштенија
У.бр.63/2022
19/10/2022
СЕ ОДБИВА барањето на Милан Јовчевски од Прилеп, поднесено преку полномошникот, адвокат Трајче Арсов од Велес и на други 247 лица, преку полномошникот Милан Јовчевски од Прилеп, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на слободата на мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување…
Барања за заштита на слободи и права, Граѓани, Одлуки, Се одбива
Соопштение на Уставниот суд по одржаната XXXII-ра седница
12/10/2022
Почитувани,  По одржаната XXXII-ра седница на Уставниот суд денеска, одлучено е да:  1.Реферат У.бр.69/2022- Предметот е одложен за некоја од наредните седници поради дополнително доработување на рефератот.  Оспоренa одредба: Член 19 став 16 од Законот за административни службеници( „Службен весник на Република Македонија бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и  Службен весник […]
Соопштенија