December 2019

Архива

Изберете година и месец

Работна средба со претседателот на Националното собрание на Република Турција, проф.д-р Мустафа Шентоп
23/12/2019
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и судиите: Елена Гошева, Јован Јосифовски и Насер Ајдари на 21.12.2019 година, остварија средба со делегација на Големото национално собрание на Република Турција предводена од претседателот на Собранието, проф.д-р Мустафа Шентоп, кој по покана на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, беше […]
Домашни активности, Соопштенија
Присуство на обраќањето на претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. г. Стево Пендаровски, во Собранието на Република Северна Македонија
19/12/2019
На покана од Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, присуствуваше на сто дваесет и втората седница на Собранието на Република Северна Македонија што се одржа на 18 декември 2019 година, на која имаше обраќање Н.Е. г. Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија.
Соопштенија
У.бр.63/2019 и У.бр.73/2019
19/12/2019
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на: уставноста на член 46 ставови: 3, 5, 6 и 7 од Законот за извршување и членот 52 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.233/2018) и уставноста и законитоста на Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работа на извршителите во целина и…
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Закони, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија
Соопштение по повод средбата на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар
16/12/2019
На средбата одржана денес помеѓу претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати и Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, предмет на разговор беа теми кои се однесуваат на функционирањето на Судот како независен и самостоен орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста. […]
Домашни активности, Соопштенија
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар
13/12/2019
На ден 16 декември 2019 година (понеделник), со почеток во 10.00 часот, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, ќе оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.
Домашни активности, Соопштенија
Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 30-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 19.12.2019 година (четврток), со почеток во 09,30 часот
13/12/2019
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА: 1. – Член 46 ставови: 3, 5, 6 и 7 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018); – член 52 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.233/2018) и – […]
Дневен ред
Учество на Меѓународниот ден на човековите права
12/12/2019
По повод Меѓународниот ден на човековите права, посветен на одбележување на 71-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации, Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на ден 10.12.2019 година учествуваше на дебатата посветена на заштитата на основните слободи и права на човекот […]
Домашни активности, Соопштенија
У.бр.129/2019
12/12/2019
СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Решението за одобрување на локална урбанистичка планска документација за ГП на кп.бр. 16684 и други, во У3 8, УБ 8.1, КО Охрид донесено врз основа на член 17 став 4 и член 50 а став 8 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ број 51/05,…
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се отфрла
У.бр.128/2018 и У.бр.136/2018
12/12/2019
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 61 став 1 од Законот за денационализација и СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста на член 11 став 2, во делот: „на денот на влегувањето во сила на овој закон“ и член 47 став 3 точка 2, во делот: „стекнато до денот на влегување во сила на овој закон“…
Влада на Република Северна Македонија, Други субјекти, Закони, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се отфрла