Архива

Април 2026 • 70

Архива

Изберете година и месец

Студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во посета на Уставниот суд
14/04/2026
Студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ го посетија Уставниот суд на Република Северна Македонија, во рамки на активностите предвидени со склучениот Меморандум за соработка меѓу двете институции. Во текот на посетата, студентите имаа можност непосредно да се запознаат со надлежностите, организацијата и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со неговата улога во заштитата […]
Соопштенија
Граѓаните во Уставниот суд: Одржан отворен ден и средби со претседателот д-р Костадиновски
09/04/2026
Денеска во Уставниот суд се одржа Отворен ден за граѓаните, по втор пат, во рамки на иницијативата за поголема транспарентност и директна комуникација со јавноста. Претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски, оствари средби со десетици граѓани кои пројавија интерес за работата и надлежностите на институцијата. Граѓаните се интересираа и бараа информации во врска со предмети […]
Соопштенија
(ИНТЕРВЈУ) Костадиновски: Нека бидат спокојни граѓаните никој нема да го чепне Aлбанскиот јазик
09/04/2026
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во интервју за емисијата „Со факти”, емитувана на 08.04.2026 година на МРТ 1 одговори на повеќе актуелни теми поврзани со одлуките на Судот, положбата на судската и уставно-судската власт, Законот за употреба на јазиците, Колективниот договор за култура, уставната тужба, политичките притисоци врз Судот и реформите што, според […]
Соопштенија
Уставниот суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и член 78-љ од Законот за култура
08/04/2026
На денешната 9. седница Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, во целина, склучен на 30.12.2019 година по поднесена иницијатива од страна на адвокат, Томислав Стефков и по сопствена иницијатива поведе постапка за член 78-љ од Законот за култура. Од уставно-судската анализа на овој предмет произлегоа три клучни […]
Соопштенија
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието
08/04/2026
Уставниот суд денеска ја одржа 9. седница на која го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.39/2026). При конечното одлучување за поништување на Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година, како решавачки аргументи беа утврдени значењето на финансиската […]
Соопштенија