-
Протоколарна посета
Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија неговата екселенција Танер Каракаш на 27 јуни 2006 година оствари протоколарна посета на Уставниот суд на Република Македонија. На средбата од двете страни беше изразена желба за зајакнување на соработката помеѓу Уставниот суд на Република Турција и Уставниот суд на Република Македонија.
-
Присуство на свечена Церемонија по повод 50-годишнината на Уставниот суд на Република Италија
По покана на Претседателот на Уставниот суд на Република Италија Проф.д-р. Анибале Марини, Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Г-ѓа Лилјана Ингилизова-Ристова, во придружба на државниот советник Татјана Јањиќ-Тодорова, од 20 – 23 април 2006 година присуствуваше на свечената Церемонија на прославувањето на 50-годишнината на Уставниот суд на Република Италија во присуство на претседатели…
-
Учество на Меѓународна конференција во Вилнус, Литванија
Во периодот од 29 јуни до 3 јули 2005 година судиите на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Зоран Сулејманов и г-дин Игор Спировски учествуваа на Меѓународната конференција на тема: “Правото и фактите во уставната јуриспруденција” што се одржа во Вилнус, Литванија од 30 јуни до 1 јули 2005 година. Меѓународната конференција е организирана од…
-
Учество на Конференцијата на Шефовите на Институциите на франкофонијата во Букурешт
Од 28 мај до 2 јуни 2005 година Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Ингилизова – Ристова, и судијата Бранко Наумоски учествуваа на Конференцијата на Шефовите на Институциите на франкофонијата во рамките на Асоцијацијата на Уставните судови кои ја споделуваат употребата на францускиот јазик (ACCPUF) како гости на Уставниот суд на Романија.…
-
Студиски престој на судиите од Уставниот суд во САД
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од судиите: д-р Трендафил Ивановски, д-р Бајрам Положани, д-р Зоран Сулејманов и Игор Спировски, како и библиотекарот на Уставниот суд г-ѓа Нада Мурадјан, во периодот од 4 јуни до 12 јуни 2005 година беше на студиски престој во Соединетите Американски Држави (САД) во Вашингтон. Планот за…
-
Учество на 63-та Пленарна седница на Венецијанската Комисија
Од 8 до 12 јуни 2005 година во Венеција, Италија се одржа 63-та Пленарна седница на Европската Комисија за демократија преку правото – Венецијанската Комисија на Советот на Европа. На оваа редовна седница на Венецијанската Комисија учествуваше Претседателот на Уставиот суд на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Ингилизова – Ристова и судијата Мирјана Лазарова Трајковска при…
-
Учество на 13-тиот Конгрес на Европската Конференција на Уставните судови
Од 15 до 19 мај 2005 година во Никозија, Кипар се одржа 13-тиот Конгрес на Европската Конференција на Уставните Судови на тема “Критериуми за ограничување на човековите права преку праксата на уставното судство”. На Конгресот учествуваа преставници од 35 уставни, односно врховни судови, членови на Европската Конференција на уставни судови и преставници од 7 земји гости, судии…
-
Учество на делегација на Уставниот суд на Република Македонија на 9-та Меѓународна Конференција во Ереван, Република Ерменија
Уставниот суд на Република Ерменија е домаќин на 9-та Меѓународна Конференција во Ереван насловена како “Обезбедување на принципот на супрематија на правото во уставната правда”. Конференцијата се организира во соработка со Европската Комисија за Демократија преку Правото (Венецијанска Комисија) на Советот на Европа и Меѓународната Организација “Конференција на телата за уставно-судска контрола на државите со…
-
Обраќање на Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Лилјана Ингилизова-Ристова на Меѓународната Конференцијата одржана по повод 40 годишнината од функционирањето на Уставниот суд на Република Македонија, Скопје, 2-5 јуни 2004
Господин Претседател на Република Македонија Господин Претседател на Собранието на Република Македонија Господин Претседател на Владата на Република Македонија Господин Прв Претседател на Република Македонија Господин Претседател на Врховниот суд на Република Македонија Господа министри Колеги и колешки Дами и господа Имам особена чест во името на Уставниот суд на Република Македонија да се обратам на…
-
Меѓународна Конференција по повод 40години од функционирањето на Уставниот суд на Република Македонија
Во периодот од 2 до 5 Јуни 2004 година, Уставниот суд на Република Македонија, во соработка со Венецијанската Комисија на Советот на Европа, беше домаќин на Меѓународната Конференција која се одржа по повод 40 годишнината од функционирањето на Уставниот суд на Македонија. Тема на Конференцијата беше “Уставносудска заштита: сегашност и перспективи”. На оваа Конференција, присуствуваа…
-
Меѓународна Конференција по повод 40 години од фукнционирањето на Уставниот суд на Република Македонија
Програма: [pdf-embedder url=”http://ustavensud.mk/wp-content/uploads/2004/06/Programa.pdf”] Говор на Претседателот на Судот : [pdf-embedder url=”http://ustavensud.mk/wp-content/uploads/2004/06/Pozdraven-govor.pdf” title=”Pozdraven govor”] Листа на учесници: [pdf-embedder url=”http://ustavensud.mk/wp-content/uploads/2004/06/Lista-na-ucesnici.pdf” title=”Lista na ucesnici”]
-
Учество на тркалезна маса во Сараево
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Лилјана Ингилизова -Ристова и судијата д-р Бајрам Положани од 21 – 22 мај 2004 година во Сараево учествуваат на тркалезна маса: “Транзициските искуства на уставните судови со посебен осврт на заштитата на човековите права”, во организација на Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Во работата на оваа тркалезна…