Дневен ред за 11. седница закажана за 3 април 2024 година

Уставниот суд на 3 април 2024 година со почеток во 9:30 часот ќе ја одржи 11. Седница со дневен ред на која се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост. Предвидени се четири предмети за одлучување по нацрт-одлуки. 

1. Реферат У.бр. 83/2023, У.бр.96/2023 и У.бр.111/2023 

Оспорени: Член 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи 

Подносители: Политичката партија „Левица”, Хелсиншки комитет за човекови права од Скопје и Сојуз на синдикатите на Македонија ССМ застапуван од претседателот Слободан Трендафилов, Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија СГИП застапувано од претседателот Иван Пешевски. 

Според подносителот Левица законската норма која предидува дека прекувремената работа може да трае подолго од осум часа неделн о и 190 часа годишно, по претходна дадена писмена согласност од страна на работникот, е уназадувачка, општествено-деградирачка и нехумана и е во спротивност со основните слободи и права на граѓаните. 

Според подносителот Хелсиншки комитет, меѓу другото, оспорените одредби се во спротивност со Уставот, односно се наведува дека со нив се напушта нивото на заштита кои го нудат позитивните законски прописи и меѓународни конвенции и се прави обид да се наметне механизам за заобиколување на веќе воспоставени правила, што создава опасност од нееднаков третман и дискриминација на одредена група работници со акт на министер. 

Во третата иницијатива подносителите наведуваат дека оспорените одредби од Законот се во спротивност со член 109, 1110 и член 134 став 2 од самиот закон за работни односи, како и со член 36 став 2 од Општиот колективен договор за приваниот сектор од областа на стопанството. 

2. РефератУ.бр. 142/2023

Оспорен: Законот за судски такси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.114/09, 148/11, 106/13 и 257/2020).

Подносител: Aлександра Илиева Милчова 

Од наводите во иницијативата: Подносителката го оспорува износот од 48 000 денари во делот на тарифниот број од парничната постапка и извршување, одредбата со која се додавааат „за правни лица, односно”. Се наведува дека со оспорената одредба се создава дискриминација во остварување на правата помеѓу физичките и правните лица и дискриминација во правото на пристап до Судот, односно во еден ист судски процес физичките лица ќе имаат помала таксена основица, а правните лица поголема иако се исти страни како тужители. 

  1. У.бр.170/2023

Оспорен акт: Делот „ставот 5 на“ од член 95 став 7 од Законот за градежно земјииште и Автентично толкување на член 57 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот смета дека оспорената норма е нејасна и може да доведе до арбитрерно толкување, што според него е недозволено и во спротивност со владеењето на правото. 

  1. У.бр.174/2023

Оспорен акт: Член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.87/13).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Oд наводите во иницијативата:

Според подносителот оспорената одредба остава простор за правна несигурност бидејќи со оспорената одредба остава простор да се оттуѓува  добро од општ интерес како земјоделско земјиште. 

  1. У.бр.62/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Охрид

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

  1. У.бр. 72/2024

Оспорен: Член 14 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Сопиште

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија