Уставниот суд ќе ја одржи 23. седница со дневен ред за кој се предвидени осум иницијативи за оценување на уставност и законитост и шест предлози за одлучување со нацрт-одлуки.
1. Реферат У.бр.138/2023
Оспорен акт: Закон за изменување и дополнување на законот за урбанистичко планирање
Подносител на инцијативата: Хелсиншки комитет за човекови права претставуван од Уранија Пировска, извршна директорка
Од наводите во иницијативата:
Со измените се вметнува нова категорија односно урбанистички проект за градби од стратешки интерес при тоа предвидувајќи нови правила за изработка и донесување на истиот, како и утврдување на правила различни од постоечките за процесот на одобрување на урбанистички проекти наведува подносителот. Се тврди дека со измените Законодавецот цели кон тоа да ги заобиколи правилата за изработка и одобрување на урбанистичките проекти со целосно прескокнување на фази во процесот на одобрување .
2.Реферат У.бр.92/2024
Оспорен: Член 37 став 1 точка 3 во деловите „овите“ од збор „членовите“ и „28 ставови 6 и 9“ од Законот за квалитет и безбедност на ѓубиња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата
Подносител: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека оспорените одредби од Законот упатуваат на примена на ставови од одредба која повеќе не е дел од правниот промет што доведува до забуна во примената на самата норма спротивно на начелото на владеење на правото.
3.Реферат У.бр.86/2023
Оспорен: Член 2 став 1 точка 1 од Правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење евиденција и член 1 од Правилникот за изменување на наведениот правилник.
Подносител на иницијативата: Здружение „Помалку пластика” од Скопје
Од наводите во иницијативата:
Според подносителите со донесување на оспорените одредби од Правилникот, Министерот кој раководи со животната средина излегол надвор од овластувањето бидејќи се впуштил во дефинирање на кесите за носење на стоки на начин што го менува опсегот на исклучок. Имено според подносителите е интервенирано во дефиницијата за кеси за носење на стоки и како што стои во оспорените одредби се дефинираат како кеси со дебелина на ѕидот од 15 до 50 микрони, наместо кеси над 15 микрони. Се наведува дека во одредбите е спорно тоа што Министерот не добил овластување од Собранието да го утврдува опсегот на биоразградливи кеси за носење на стоки за кои ќе се пропишуваат стандарди за биоразградливост.
4. Реферат У.бр.80/2022 и У.бр.85/2022
(У.бр.80/2022)
Оспорен: член 2 од Уредбата за изменување на уредбата за висина на надоместок на приватизација на градежно земјиште коешто се приватизира со број 41-2891/1 и 29.03.2022 год.
Подносител на иницијативата: Љубица Мијалова, Слободанчо Мијалов и Драгица Шукриева преку адвокат Зоранче Крстев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот на иницијативата наведува дека оспорената одредба е во спротивност со член 52 од Уставот кој предвидува дека законите и другите прописи не може да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога е поволно за граѓаните. Се наведува дека со оспорената одредба се овозможува повратно дејство за висината на надоместок на приватизација на градежно земјиште во државна сопственост и поради тоа е побарана и привремена мерка до конечното одлучување за кое подносителот предлага да биде поништување на оспорената одредба.
(У.бр.85/2022)
Подносител: Здравствена уставнова АД Цар Самуил с. Банско преку адвокат Драги Аљоков
Оспорен акт: Уредба за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежно земјите што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација и закуп на градежно земјиште.
Од наводите во иницијативата:
Подносителот како неуставена и незаконска ја смета оспорената Уредба бидејќи според него на постапките за приватизација на градежно земјиште започнати пред денот на влегување во сила на оспорената Уредба се применува надоместокот којшто е составен дел од оспорената Уредба. Според наведеното во иницијативата Уредбата создава тешка материјално-финансиска обврска за лицата кои постапката ја покренале многу порано и причините поради кои не е завршена на време нема никаква вина со оние коишто треба да плаќаат согласно утврденото во Уредбата.
5.Реферат У.бр.134/2024
Оспорени:Член 25-б ставови 4, 6,7,9 и 10 и Прилогот број 5 и Прилогот број 6 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за лиценца за вршење геодетски работи, донесен од Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности.
Подносител: Комора на трговци поединци, овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на Република Македонија, преку полномошник Бобан Богдановски, адвокат од Скопје
Од наводите во иницијативата:
Се наведува дека одредбата од оспорениот правилник со која на членовите на Комисијата им се признава право на паричен надомест за учество во работата на Комисијата е спротивна на член 32 став 3 и 5 од Уставот и на одредбите од Законот за административни службеници од причина што Законот не е предвидено тоа. Подносителот наведува дека пренесувањето на надлежност на Директорот и доверување на определени работни задачи на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности не претставува дополнителен работен ангажман, туку извршување на работни обврски во рамките на нивниот заснован работен однос во Агенцијата. На вработените во Агенцијата не може да им се плаќа дополнителен надомест на плата врз основа на одлука на директорот и подзаконскиот акт бидејќи директорот нема законска надлежност да носи акти за плати на административните службеници. Со оспорениот правилник се пропишува нова изворна надлежност на Директорот на Агенцијата да ја утврдува висината на надоместокот за издадените лиценци/решенија, како и да издава лиценци и решенија во времетраење најмногу до една година е во спротивност со член 8 алинеја 3 и член 51 став 1 од Уставот како и со член 118 став 5 од Законот за катастар на недвижности.
6.Реферат У.бр.121/2023
Оспорен: Параграф 4 алинеја 1 од Правилото за сместување и ред во Армијата на Република Македонја, бр.02-295/1 од 16.07.2012година
Подносител: дружение за развој Млади за јавен интерес Дебар
Оспорена содржина: „Во воените објекти се забранува вршење на верски обреди”
Oд наводите во иницијативата:
Се наведува дека оспорената одредба потекнува од Југословенска Народна Армија(ЈНА) и од тогаш не е променет, при што ја оценува како спротивна на член 19 од Уставот кој гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.
7.Реферат У.бр.68/2023
Оспорен: Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и трнспортирање на комуналнит и индустриски неопасниот отпад на територијата на Општина Велес бр.25-1145/5 од 24.02.2023 година
Подносител на иницијативата: Даница Чадиева
Oд наводите во иницијативата:
Подносителката наведува дека оспорената одлука е во спротивност со владеењето на правото и уредувањето и хуманизацијата на просторот, како и заштита и унапредување на животната средина предвидени со Уставот, но и целосно спротивна на Законот за управување со отпадот. Се наведува дека според Одлуката давателот на услугата кој врши собирање и транспортирање на отпад не смее да наплати цена за услуга за управување со комунален отпад од крајниот корисник, која тарифа за отпад не е одобрена од страна на Регулаторната комисија и утврдена во решението за утврдување на тарифи за отпад, што според тврдењата на подносителката е во спротивност со Законот за управување со отпадот.
8.Реферат У.бр.116/2024
Оспорен акт: Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година
Подносител: Градоначалник на Општина Богданци
Од наводите во иницијативата:
Во иницијативата се наведува дека оспорената програма е спротивна на одредби од Законот за градежно земјиште и на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за степенот на уредувањето на градежното земјиште со објекти на комунална инфраструктура и начинот на уредување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на уреденост. Подносителот смета дека при донесување на оспорената програма, Советот на Општина Богданци не се движи во рамките на сумите одредени од страна на минстерот за транспорт и врски, туку одредува суми по свое видување спротивно на законските одредби. Имено, Советот на носи Програмата, но тој, според подносителот, не може спротивно на Законот во кој е предвидено министерот да ја пропише висината на трошоците за уредување во зависност од степенот на уреденост, да не ги почитува одредбите од Правилникот.
ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ
1. У.бр.58/2023
Oспорен: Правилник на Совет на Општина Македонска Kаменица
Подносител на инициајтивата: Градоначалник на Општина Mакедонска Каменица Димчо Атанасовски
Од наводите во иницијативата:
Подносителот на иницијативата наведува дека Правилникот кој ослободува од плаќање на комунална такса за јавно осветлување на територијата на Општина Македонска Каменица е неуставен и спротивен на Законот за локална самоуправа бидејќи е доставен непосредно пред седница, без претходна консултација со општинската администрација. Според наводите, оспорениот Правилник не е заснован на Законот на комуналните такси за да може да се применува и да произведува правно дејство. Се оспорува член 5 кој предвидува да се рефундираат/вратат веќе уплатените средства за комунална такса за јавно осветлување на лицата/правните субјекти во рок од 30 дена од поднесување на барањето итн.
2.У.бр.12/2024
Оспорен: Член 40 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Град Скопје
Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд
3.У.бр.25/2024
Оспорен: Насловот во глава X, точка 7 „Автентично толкување на општи акти” и членовите 178, 179, 180 181 од Деловникот на Советот на Општина Гевгелија.
Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд
4.У.бр.36/2024
Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Градско од 19.07.2006 година
Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд
5.У.бр.51/2024
Oспорен: Член 12 алинеја 3 од Деловникот на Општина Босилово од 2007 година
Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд
6.У.бр.73/2024
Оспорен: Член 17 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Василево од 2007 година
Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд