-

Павловска-Данева: Ефикасноста на уставното судство подразбира достапност, навременост, транспарентност и ефективна нормативна контрола
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, учествуваше на меѓународната конференција во Белград, одржана по повод „20 години од Уставот на Република Србија“. Настанот се одржа од 28 до 30 октомври 2026 година во Република Србија. Во рамки…
-

Студенти од Американскиот универзитет на Европа(ФОН) во посета на Уставниот суд
Студенти од прва година на Факултетот за правни и политички науки при Американскиот универзитет на Европа (ФОН), заедно со деканката, проф. д-р Сејдефа Џафче, денеска го посетија Уставниот суд на Република Северна Македонија. Во рамки на посетата, студентите беа запознаени со историјатот, уставната положба, надлежностите и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со…
-
Делегација на Уставниот суд учествува на меѓународна конференција во Белград, по повод 20 години од Уставот на Република Србија
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав од претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, учествува на меѓународната конференција во Белград која се одржува од 28-30 октомври 2026 година. Конференцијата се организира по повод „20 години од Уставот на Република Србија“. Во рамки на конференцијата,…
-

Дневен ред за 26. седница на Уставниот суд закажана за 3 ноември(вторник) во 9:30 часот
На 3 ноември 2026 година (вторник), со почеток во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 26. седница со Дневен ред за кој е предвидено да се дискутира за седум предмети во кои се бара оценување на уставност и/или законитост. Предвидено е да се дискутира за едно барање за заштита на слободи и права и…
-
Соопштение по одржаната 25. седница на Уставниот суд
На 21 октомври 2026 година, Уставниот суд ја одржа 25. седница на која го одлучи следното: I – ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА 1. Реферат У.бр.39/2025 Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 28 став 2 во делот „централното” од Законот за јавна чистота („Службен весник на Република Македонија“ бр.111/2008,…
-

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, што се одржа на 22 октомври 2026 година во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Костадиновски говореше во рамки на втората панел-сесија, на темата…
-

Делегација на Уставниот суд на меѓународна конференција во Приштина, претседателот Костадиновски со свој говор ќе се обрати пред присутните
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, заедно со судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, денеска учествуваат на меѓународна конференција посветена на улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите. Настанот се организира во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Учествуваат…
-

Дознај факти | Што претставува Форумот на балканските на уставни судови?
Форумот на балканските уставни судови (BCCF), основан на 27 октомври 2023 година, ги обединува уставните судови на следните држави како полноправни членки: • Република Албанија• Република Бугарија• Република Косово• Република Северна Македонија• Република Црна Гора• Република Турција Форумот има за цел да ја поттикнува регионалната соработка и да ги унапредува заедничките вредности, вклучително и демократијата, владеењето…
-

Советникот на Судот Јањиќ-Тодорова учествуваше на онлајн семинар на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови (ACCF)
Советникот на Судот за меѓународно-правни односи и соработка, Татјана Јањиќ Тодорова учествуваше на онлајн семинарот на националните кореспонденти на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови (ACCF) чиј полноправен член е Уставниот суд на РепубликаСеверна Македонија. Учесниците на семинарот дискутираа и ги презентираа своите искуства и добри практики во врска со темата на семинарот: Комуникацијата на уставните…
-
Делегација на Уставниот суд ќе учествува на меѓународна конференција за улогата на уставните судови во заштитата на демократијата во Приштина, Република Косово
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски, судиите м-р Фатмир Скендер и проф. д-р Ана Павловска-Данева ќе учествува на меѓународна конференција на темата „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, која ќе се одржи на 22 октомври 2026 година во Приштина, Република…
-
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување
По интерес на повеќе медиуми во врска со предметите во кои е оспорено усогласувањето на пензиите Уставниот суд информира: Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/2025) поради исцрпеност на одредбата во нејзината…
-
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Поради интерес на медиумите за предметот „Реферат УЗ.бр.87/2025″, Уставниот суд информира: Судот на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 257/2025). Причината за отфрлање на иницијативата е фактот дека таа…