Студенти од прва година на Факултетот за правни и политички науки при Американскиот универзитет на Европа (ФОН), заедно со деканката, проф. д-р Сејдефа Џафче, денеска го посетија Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Во рамки на посетата, студентите беа запознаени со историјатот, уставната положба, надлежностите и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со неговата улога во заштитата на уставноста и законитоста.
Темите беа презентирани од советничките на Судот кои работат на предмети, Сузана Фетаи Цана, Магдалена Паункова-Спасова, и советникот Емир Куртиши.
Студентите се интересираа за постапувањето на Судот, за сите фази од постапката oд поднесувањето иницијатива, преку испитување на околностите и донесување на одлука.
Во текот на посетата беа информирани и за активната транспарентност на Уставниот суд, достапноста на информациите за неговата работа и активностите насочени кон поголема видливост и отвореност кон јавноста, со акцент на снимањето и емитувањето во живо на седниците.
За студентите беше организирана и обиколка на просториите на Судот, салата во која се одржуваат седниците, со што имаа можност непосредно да се запознаат со институцијата и условите за работа.










