-
Проф. д-р Кристоф Грабенвартер, претседател на Уставниот суд на Австрија во посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија
Во пресрет на 4.Годишен состанок на Балканскиот форум на уставни судови што ќе се одржи во Охрид на 13 ноември, на 12 ноември 2026 година, во билатерална посета на Уставниот суд на Република Македонија престојуваше претседателот на Уставниот суд на Австрија, проф. д-р Кристоф Грабенвартер и шефицата на кабинетот на Претседателот г-ѓа Мариане Брукмулер. Претседателот…
-
Делегација на Врховниот Уставен суд на Египет во посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија
На 11 ноември 2026 година, на покана на претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија д-р Дарко Костадиновски кој во 2026 претседава со Балканскиот форум на уставни судови, беше остварена билатерална посета од страна на Врховниот Уставен суд на Египет во состав од претседателот Н.Е. Булос Фахми Искендер, заменикот претседател г-дин Махмуд Мохамед Али…
-
Уставниот суд ја претставува програмата на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови и меѓународната конференција во Охрид
Претседатели и судии на уставни судови, претставници на меѓународни организации и истакнати правни експерти ќе учествуваат на меѓународната конференција посветена на довербата во уставното судство, современите предизвици и владеењето на правото. Уставниот суд на Република Северна Македонија, од 12 до 14 ноември 2026 година, во Охрид ќе биде домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот…
-
Судијката м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева говорник на меѓународна конференција во Грузија по повод 30 години од основањето на Уставниот суд
Судијката на Уставниот суд м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, имаше свое обраќање на меѓународната конференција во Батуми, по повод 30 годишнината од основањето на Уставниот суд на Грузија. Централната тема на конференцијата е „Улогата на уставносудската контрола во државата заснована на владеење на правото“. Васиќ-Бозаџиева се обрати на првата сесија посветена на темата „Уставниот поредок и основните…
-
Претседателот на Уставниот суд оствари проштална средба со амбасадорот на ОБСЕ
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, оствари проштална средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килиан Вал, по повод завршувањето на неговиот мандат. Во разговорот беше направен осврт на досегашната соработка со ОБСЕ, особено на поддршката во јакнењето на институционалните капацитети на Судот, преку обуки за службата…
-
Павловска-Данева: Ефикасноста на уставното судство подразбира достапност, навременост, транспарентност и ефективна нормативна контрола
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, учествуваше на меѓународната конференција во Белград, одржана по повод „20 години од Уставот на Република Србија“. Настанот се одржа од 28 до 30 октомври 2026 година во Република Србија. Во рамки…
-
Делегација на Уставниот суд учествува на меѓународна конференција во Белград, по повод 20 години од Уставот на Република Србија
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав од претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, учествува на меѓународната конференција во Белград која се одржува од 28-30 октомври 2026 година. Конференцијата се организира по повод „20 години од Уставот на Република Србија“. Во рамки на конференцијата,…
-
Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, што се одржа на 22 октомври 2026 година во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Костадиновски говореше во рамки на втората панел-сесија, на темата…
-
Делегација на Уставниот суд на меѓународна конференција во Приштина, претседателот Костадиновски со свој говор ќе се обрати пред присутните
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, заедно со судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, денеска учествуваат на меѓународна конференција посветена на улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите. Настанот се организира во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Учествуваат…
-
Советникот на Судот Јањиќ-Тодорова учествуваше на онлајн семинар на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови (ACCF)
Советникот на Судот за меѓународно-правни односи и соработка, Татјана Јањиќ Тодорова учествуваше на онлајн семинарот на националните кореспонденти на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови (ACCF) чиј полноправен член е Уставниот суд на РепубликаСеверна Македонија. Учесниците на семинарот дискутираа и ги презентираа своите искуства и добри практики во врска со темата на семинарот: Комуникацијата на уставните…
-
Делегација на Уставниот суд ќе учествува на меѓународна конференција за улогата на уставните судови во заштитата на демократијата во Приштина, Република Косово
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски, судиите м-р Фатмир Скендер и проф. д-р Ана Павловска-Данева ќе учествува на меѓународна конференција на темата „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, која ќе се одржи на 22 октомври 2026 година во Приштина, Република…
-
Делегација на Уставниот суд учествува на меѓународна конференција по повод 35 години од основањето на Уставниот суд на Бугарија
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски и судијата Добрила Кацарска, учествуваат на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во гарантирање на владеењето на правото“ во Софија, Република Бугарија. Конференцијата се организира по повод 35-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Бугарија. Се одржуваат три тематски панели…