Одлуки

1,468

Архива

Изберете година и месец

УЗ.бр.28/2025 и УЗ.бр.30/2025
03/06/2026
СЕ УКИНУВА Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт Ј 02 – опфат помеѓу Жданец и Нерези, локалитет А, Б и В, Општина Карпош-Скопје бр.09-2483/18 од 13.03.2025 година, донесена од Советот на Општина Карпош („Службен гласник на Општина Карпош” бр.3 од 14 март 2025 година).
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Претпријатија и други организации и заедници, Се укинува
БЗСП бр.17/2025
29/04/2026
СЕ УВАЖУВА барањето на Југослав Миленковиќ од Скопје, застапуван од Жаклина Караниколова Пинзовска, адвокат од Скопје, за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓанинот по основ на социјална припадност и СЕ УТВРДУВА повреда на правото на забрана на…
Барања за заштита на слободи и права, Граѓани, Одлуки, Се утврдува
БЗСП.бр.1/2026
29/04/2026
СЕ УТВРДУВА повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на Давид Илиески од Скопје и СЕ ЗАДОЛЖУВА Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје да ги достави бараните информации на барателот Давид Илиески согласно со барањето за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.03-2916/1 од 10.10.2025 година, во рок од 8 (осум) дена од објавувањето…
Барања за заштита на слободи и права, Граѓани, Одлуки, Се утврдува
У.бр.145/2024
22/04/2026
СЕ УКИНУВА делот „како извршна исправа,“ од точка 2 став 2 од Заклучокот за утврдување на трошоците за извршување (образец бр.21) од Правилникот за формата на налозите, заклучоците, записниците, барањата, службените белешки, потврдите и другите акти кои ги изготвува извршителот при преземањето на извршните дејствија.
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Се укинува
У.бр.30/2024
04/03/2026
СЕ УКИНУВА член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Центар – Скопје, бр.08-4264/1 од 01.10.2020 година и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на одредбата означена во точка 1 од диспозитивот на оваа одлука.
Други прописи и колективни договори, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Се укинува, Уставен суд на Република Северна Македонија