Одлуки

У.бр.251/2024
25/06/2025
СЕ УКИНУВААТ дел II „Општ дел“ точка 5 потточка 1 во делот „,Вкупно резидентно население’ го сочинуваат следните лица – единици на Попис“ и потточка 2 во делот „,Вкупно нерезидентно население’ го сочинуваат следните лица – единици на Попис“ од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Се укинува
У.бр.172/2024
11/06/2025
СЕ УКИНУВА Правилникот за формата и содржината на Јавниот оглас, начин на поднесување на пријавата за вработување на давателите на услуги – здравствени работници и соработници, како и начинот на спроведување на постапката за селекција на кандидатите за работното место за кое е објавен јавниот оглас, рангирање, тестирање и спроведување на интервју бр.02-1186/2 од 13.10.2023 година, донесен од Управниот одбор…
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Се укинува
У.бр.98/2023
11/06/2025
СЕ УКИНУВААТ член 1 во делот „и јавнообвинителските службеници“, член 4, член 5, член 6 став 1 во делот „и јавнообвинителските службеници од член 4 на овој Правилник“, член 6 став 3 и член 7 став 2 од Правилникот за додаток на плата, негова висина и начинот на утврдување во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
Други прописи и колективни договори, Јавни служби, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Се укинува