Меѓународни активности

Делегација на Уставниот суд учествуваше на Годишното отворање на судската година во Судот во Стразбур
02/02/2026
Делегација на Уставниот суд предводена од судиите проф. д-р Осман Кадриу и м-р Татјана Васиќ- Бозаџиева учествуваше на свеченото отвoрање на судиската година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Покрај традиционалното отворање на судската година, се одржа и семинар во чијшто фокус беше темата „Заштита на медиумскиот плурализам и демократскиот процес во предизвикувачки […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ
15/01/2026
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ. На средбата, претседателот Костадиновски изрази посебно задоволство од фактот што уставните судови на Република Северна Македонија и Република Хрватска остваруваат континуирана одлична соработка заснована на меѓусебна доверба и размена на искуства. Претседателот Костадиновски ја […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Средба на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски со претседателот на ТИКА, Абдулах Ерен
20/12/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со делегација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), предводена од претседателот Абдулах Ерен. На средбата, претседателот Костадиновски, упати благодарност за континуираната поддршка што ТИКА ја обезбедува за Судот, при што посебно ја истакна донацијата од техничка опрема во функција на дигитализација на Уставниот […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Претседателот Костадиновски оствари средба со амбасадорката на НР Кина,  Џијанг Сјаојан
19/12/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со новоназначената амбасадорка на НР Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џианг Сјаојен. На средбата, претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со актуелните предизвици со кои се соочува Уставниот суд, како и со улогата и надлежностите на Судот како столб на демократијата и гарант на уставните права […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Судијката Добрила Кацарска се обрати во Собранието на Црна Гора по повод 120 години од усвојувањето на Уставот на Кнежеството Црна Гора
17/12/2025
На лична покана на претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ судијката на Уставниот суд, Добрила Кацарска имаше свој говор во кој се осврна на уставна традиција и трансформација, преку компаративен преглед на Уставот на Кнежеството Црна Гора од 1905 и Уставот на Република Северна Македонија од 1991 година. Дел од македонската делегација е […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Конференција на службите за комуникации од Балканскиот форум на уставни судови: „Предизвиците и најдобри практики во комуницирањето високопрофилни уставно-судски предмети“
11/12/2025
Во организација на Уставниот суд на Република Косово, а со поддршка на Советот на Европа, се одржа тркалезна маса посветена на комуникациските предизвици и најдобрите практики при соопштување на високопрофилни одлуки на уставните судови. Меѓу присутните учесници беше и делегацијата на Уставниот суд на Република Северна Македонија, составена од генералниот секретар м-р Виолета Ѓорѓиевска и […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Советникот на Уставниот суд, Александар Лазов учествуваше на регионална конференција за упатствата за надомест на нематеријална штета при дискриминација во организација на ОБСЕ
25/11/2025
Советникот на Судот, Александар Лазов, учествуваше на Регионална конференција посветена на промоцијата на Упатствата за надомест на нематеријална штета во случаи на дискриминација. Настанот беше организиран на 19 ноември во Балград, под покровителство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со мисиите на ОБСЕ во Босна и Херцеговина и Србија. Упатствата, кои беа презентирани […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Зајакнување на меѓународната соработка на Уставниот суд – средби со амбасадорите на Австрија и Италија
20/11/2025
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, денеска оствари средби со амбасадорите на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер, и на Италија, Н.Е. Паоло Палминтери, во рамки на интензивираната меѓународна агенда и зголемената динамика во меѓународните активности на Судот. На средбите, беа разменети мислења и идеи за зајакнување на соработката меѓу Уставниот […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Уставниот суд на Република Северна Македонија го презема претседавањето со Балканскиот форум на уставни судови-Костадиновски ќе го претставува форумот на меѓународни и регионални настани
15/11/2025
Уставниот суд на Република Северна Македонија од денеска, во наредната година ќе претседава со Балканскиот форум на уставни судови (BCCF) и ќе биде домаќин на 4. Форум кој ќе се одржи во земјава, на 12 и 13 ноември 2026 година. Претседателот д-р Дарко Костадиновски и официјално го презеде претседателството на 3. Годишен состанок на Балканскиот […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Говор на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски на 3. Годишна Конференција на Балканскиот форум на уставни судови во Република Туркије
14/11/2025
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски денеска се обрати на 3. Годишна Конференција на Балканскиот форум на уставни судови на темата „Стандардизација на човековите права и улогата на уставната правда”.  Во прилог целосното обраќање: Почитуван претседател на Уставниот суд на Република Туркије,  Драг брате Кадир, Почитувани колеги и пријатели,  Ми претставува чест и задоволство да […]
Меѓународни активности, Соопштенија
(НАЈАВА) Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот Костадиновски ќе присуствува на 3. Годишна Конференција на Балканскиот форум на уставни судови во Република Туркије
13/11/2025
Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски, во периодот од 13-16 ноември ќе учествува на 3. Годишна Конференција на Балканскиот форум на уставни судови. Согласно Агендата претседателот Костадиновски ќе има свое обраќање на темата „Стандардизација на човековите права и улогата на уставната правда”.   Во рамки на настанот предвидено е да се одржи […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Мадриско Коминике усвоено на VI-от Конгрес на Светската Конференција за уставна правда „Човековите права на идните генерации“
05/11/2025
Мадридска декларација – 6. Конгрес на Светската конференција за уставна правда „Човековите права на идните генерации“ Светската конференција за уставна правда го одржа својот 6. Конгрес на 29-30 октомври 2025 година во Мадрид, по покана на Уставниот суд на Кралството Шпанија. На Конгресот учествуваа 88 делегации од уставни судови и судови со еквивалентна надлежност, со […]
Меѓународни активности, Соопштенија