November 23, 2022
-
Соопштение по одржаната 37. седница на Уставниот суд за 2022 година
Почитувани, Уставниот суд денеска ја одржа 37. седница на којашто расправаше и одлучуваше по девет иницијативи за оценување на уставност и законитост. 1.Реферат У.бр. 72/2022 Нe се поведува постапка за оценување на уставноста на член 111 став 4 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015,154/2015 5/2016, 142/2016, 11/2018 и…
-
У.бр.21/2020
СЕ УКИНУВА Решението УП.1 бр.11-44 од 16.05.2018 година, донесено од градоначалникот на Општина Дојран, со кое се одобрува локална урбанистичка планска документација за дел К.П. бр.1073 и др. за К.О. Сретеново, Општина Дојран, изработена од ДГПТУ „СТАН АРТ“ ДООЕЛ Куманово
-
У.бр.78/2021
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина
-
У.бр.93/2021
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценка на уставноста на член 40 ставови 3, 4 и 6 од Законот за процена
-
У.бр.72/2022
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 111 став 4 од Законот за административни службеници
-
У.бр.63/2021
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 128 став 1 во делот: „на некој предмет или право што се запишани во јавни книги“ од Законот за стечај
-
У.бр.144/2021
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 62-а став 1 во делот: „од денот на издавање на одобрението за градење“ од Законот за градење и СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста на: член 62-а став 2 во делот „од денот на издавање на одобрението за градење“ од Законот за градење
-
У.бр.78/2022
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 219 став 2 од Колективниот договор на МВР и СЕ ОТФРЛА иницијативата во делот во кој се бара оценка на меѓусебната согласност на член 219 став 2 со член 243 став 3 од Актот
-
У.бр.116/2021
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 136 став 7 од Законот за високото образование и СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста на член 187 став 4 од Законот
-
У.бр.88/2021
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2021 година, Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2021 година и Завршната сметка на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2020 година
-
У.бр.120/2021
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценка на законитоста на член 6, член 8 и член 9 од Колективниот договор на Агенцијата за пошти склучен помеѓу Агенцијата за пошти и Синдикалната организација при Агенцијата за пошти