January 2022
-
Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2021 година
Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2021 година (pdf.)
-
Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за III-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 02.02.2022 година (среда), со почеток во 09:30 часот
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА: 1. Член 68 став 2 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018). Реферат У.бр.130/2021 Подносител: Здружение на граѓани за давање на правна помош на дискриминирани лица „Заштита од дискриминација“ од Виница. Од наводите во иницијативата: Според подносителот на…
-
Соопштение по одржаната II-ра седница на Судот
Почитувани, Уставниот суд денеска ја одржа втората седница од 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред Судот одлучи: Реферат У.бр.111/2021 Подносител: Фатмир Лимани од Кичево Предлогот на судијата-известител за отфрлање на иницијативата не го доби потребното мнозинство гласови и за овој предмет ќе се одлучува на…
-
У.бр.308/2020
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на законитоста на Проектот за инфраструктура за изградба на пристапна улица од измена и дополна на ДУП за дел МЗ Маџари 2, КО Синѓелиќ 1, Општина Гази Баба, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ – Скопје
-
У.бр.104/2021
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на: член 234 став 2, членот 236 и членот 238 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи склучен помеѓу Министерството и Македонскиот Полициски синдикат
-
У.бр. 272/2020
СЕ УКИНУВА Одлуката за продолжување на функционирањето на објектите од времен карактер на територијата на Општина Велес, во кои се врши трговска или друга услужна дејност, до обезбедување на соодветни услови за работа
-
Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за II-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 26.01.2022 година (среда), со почеток во 09,30 часот
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА: 1. – Одлука за започнување на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за модернизација на системот на јавно осветлување, преку финансирање, реконструкција, управување, одржување и развој на интелигентен и адаптивен систем на јавно осветлување (Smart lighting System) во Општина…
-
Соопштение по одржаната I-ва седница на Судот
Почитувани , Уставниот суд денеска ја одржа првата седница за 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред ги донесе следните решенија: У.бр.128/2019 Подносител: Ѓорги Илиевски од Скопје Предлогот на судијата-известител за поведување постапка за оценување на уставноста на член 174 ставови 8 и 9 и член…
-
У.бр.96/2021
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 1 став 2 од Гранскиот колективен договор за изменување и дополнување на Гранскиот колективен договор за органи на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и…