December 2019
-
Работна средба со претседателот на Националното собрание на Република Турција, проф.д-р Мустафа Шентоп
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и судиите: Елена Гошева, Јован Јосифовски и Насер Ајдари на 21.12.2019 година, остварија средба со делегација на Големото национално собрание на Република Турција предводена од претседателот на Собранието, проф.д-р Мустафа Шентоп, кој по покана на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, беше…
-
У.бр.75/2019
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата за националната рамка на високообразовните квалификации
-
Присуство на обраќањето на претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. г. Стево Пендаровски, во Собранието на Република Северна Македонија
На покана од Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, присуствуваше на сто дваесет и втората седница на Собранието на Република Северна Македонија што се одржа на 18 декември 2019 година, на која имаше обраќање Н.Е. г. Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија.
-
У.бр.93/2019
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 123-а од Законот за семејство
-
У.бр.63/2019 и У.бр.73/2019
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на: уставноста на член 46 ставови: 3, 5, 6 и 7 од Законот за извршување и членот 52 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.233/2018) и уставноста и законитоста на Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работа…
-
Соопштение по повод средбата на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар
На средбата одржана денес помеѓу претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати и Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, предмет на разговор беа теми кои се однесуваат на функционирањето на Судот како независен и самостоен орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста.…
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар
На ден 16 декември 2019 година (понеделник), со почеток во 10.00 часот, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, ќе оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.
-
Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 30-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 19.12.2019 година (четврток), со почеток во 09,30 часот
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА: 1. – Член 46 ставови: 3, 5, 6 и 7 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018); – член 52 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.233/2018) и –…
-
Учество на Меѓународниот ден на човековите права
По повод Меѓународниот ден на човековите права, посветен на одбележување на 71-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации, Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на ден 10.12.2019 година учествуваше на дебатата посветена на заштитата на основните слободи и права на човекот…
-
У.бр.129/2019
Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 28 алинеи 1 и 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 202/2019), на седницата одржана…
-
У.бр.128/2018 и У.бр.136/2018
Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 2 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/2019), на седницата одржана на 12 декември 2019 година,…
-
У.бр.124/2019
Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 202/2019), на седницатa одржана на 12 декември…