Меѓународни активности
-
Говор на претседателката Добрила Кацарска од обраќањето на тема: „Улогата на Уставниот суд во заштитата на приватна сфера на граѓанинот”
УЛОГАТА НА УСТАВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЗАШТИТАТА НА ПРИВАТНАТА СФЕРА НА ГРАЃАНИНОТ Почитуван претседател на Уставниот суд на Црна Гора, Почитувани колеги, Почитувани претставници на Фондацијата ИРЗ, Дозволете во мое и во име на моите колеги – судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија, да се заблагодарам на поканата за учество…
-
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари онлајн средба со претставници од германската фондација ИРЗ во врска со извештајот за уставна жалба
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари онлајн средба со претставници на германската фондација за правна соработка (ИРЗ) на чело со г. Штефан Пирнер, раководител на проектна област, експерти за уставно право од Сојузна Република Германија и претставници на амбасадата на СР Германија во Република Северна Македонија. На оваа работна средба претставниците на ИРЗ ги…
-
Билатерална средба на уставните судови на Република Северна Македонија и Република Бугарија
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателката на Судот, Добрила Кацарска, оствари официјална посета на Република Бугарија во периодот од 7 до 10 јуни 2023 година. Во рамки на посетата се реализираа работни средби со фокус на дискусија на тема „Пристапот на граѓаните до уставната правда”. Судиите од двата суда разменија…
-
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија во студиска посета на Република Хрватска
Петчлена делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија беше дел од студиска посета на Република Хрватска со цел запознавање и размена на најдобрите искуства од уставно-судската пракса на хрватскиот Уставен суд. Во текот на посетата се организираше работилница со фокус на запознавање со хрватскиот модел на уставна жалба, од основни информации поврзани со правната…
-
Уставните судии се сретнаа со Рајнер Вилант, потпретседател на Европскиот Парламент и член на Комитетот за уставни прашања
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска заедно со сите судии остварија средба со Рајнер Вилант, потпретседател на Европскиот Парламент и член на Комитетот за уставни прашања на Европскиот Парламент. На средбата се дискутираше за актуелните предизвици, како што е неизбирањето на уште двајца уставни судии од страна на Собранието, начинот на работа во Уставниот суд…
-
Претседателката Добрила Кацарска присуствуваше на одбележување на 100 годишнината од романскиот Устав
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска присуствуваше на одбележувањето на 100 годишнината од донесувањето на првиот Устав на Република Романија. Во рамки на јубилејот се одржа меѓународна конференција кадешто повеќе oд 15 говорници упатија пораки унапредување на владеењето на правото и човековите слободи и права. Претседателот на Уставниот суд на Романија, Мариан Еначе истакна дека…
-
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска се сретна со шефот на делегацијата на Европска Унија, амбасадорот Дејвид Гир
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска се сретна со шефот на делегацијата на Европска Унија, амбасадорот Дејвид Гир. Средбата се одржа на барање на евроамбасадорот Гир кој во име на ЕУ изрази силна поддршка и посочи дека го гледа Уставниот суд како пример, централна институција која ќе го предводи процесот на реформи во пристапните…
-
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска и дел од вработените од стручната служба во работна посета на Бугарија
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска и дел од вработените од стручната служба на Судот се во работна посета во Република Бугарија од 1 до 4 ноември. Во рамки на посетата се организира работна средба на која се разменуваат искуства и знаења од двата суда. Првата тема на дискусија е „Заштита и ограничување на основните…
-
Средба со претставници на ИРЗ: Изработена е студија за воведување на уставна жалба во Република Северна Македонија
Претставници на Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) го посетија Уставниот суд и остварија средба со претседателката на Судот, Добрила Кацарска. На средбата организирана на барање на ИРЗ, претставниците на германската фондација информираа дека е подготвена студијата за воведување на уставна жалба во Република Северна Македонија. Имено, се работи за студија изработена од германски…
-
Судиите Насер Ајдари и Осман Кадриу учествуваа на меѓународна конференција во Тирана
Судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија Насер Ајдари и Проф. д-р Осман Кадриу учестуваа на дводневна меѓународна конференција која се одржа во Тирана, Албанија. Преку овој настан Уставниот суд на Албанија го обележа 30 годишниот јубилеј од основањето на уставното судство. На научната конференција главен акцент беше ставен на улогата на уставните судови…
-
Согласно мерките за штедење претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска со онлајн учество на V-от Kонгрес на Светската конференција за уставна правда
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска учествува на Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда. Централна тема на Конгресот е „Ограничување на улогата на уставните судови во одржувањето на мирот”. На сесиите кои се одржуваат се дискутира посебно за следните прашања: „Основни принципи: заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото како предуслов…