Домашни активности
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на 18 ноември 2019 година (понеделник) ќе одржи средба со Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние, Амбасадор на Франција во Република Северна Македонија со почеток во 11.00 часот.
-
Дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати присуствуваше на дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“ која се одржа на 13 ноември 2019 година во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“. Дебатата беше одржана на заедничка иницијатива на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија,…
-
Присуство на 118-та седница на Собранието на Република Северна Македонија
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г-дин Сали Мурати на ден 5 ноември 2019 година, присуствуваше на 118-та седница на Собранието на Република Северна Македонија на која г-дин Давид Сасоли, претседател на Европскиот Парламент, се обрати пред пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.
-
Судиите на Уставниот суд на Република Македонија остварија средба со Групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото предводена од г. Рајнхард Прибе
На средбата се разговараше за актуелната состојба во уставното судството и предлог – мерките за унапредување на работата на Уставниот суд на Република Македонија, како заштитник на највисокиот правен акт во државата, Уставот на Република Македонија и гарант на демократијата, владеењето на правото и заштита на човековите слободи и права. На крајот на средбата, беше…
-
ВАЖНО – ПРОМЕНА НА ТЕРМИН – Соопштение за свечено примопредавање на компјутери
На 20 декември 2013 година (петок) во 15.00 часот во просториите на Уставниот суд на Република Македонија ќе се изврши свечено примопредавање на компјутери и технички средства од Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) на Уставниот суд на Република Македонија. Примопредавњето е отворено за јавноста.
-
Средба со Роберт Валтер, известител на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Македонија
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Бранко Наумоски денеска (2 ноември 2012 год.) се сретна со г-дин Роберт Валтер, заменик претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа и известител на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Македонија. На средбата беа разменети мислења во врска со функционирањето на Уставниот суд,…
-
Одржана стручна расправа на тема „Уставно судство“.
На 25 септември 2009 година,во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје во организација на Уставниот суд на Република Македонија и Програмата за владеењето на правото на Фондацијата Конрад Аденауер се одржа стручна расправа на тема „Уставно судство“. Во рамките на стручната расправа беше промовирана Публикацијата „Избрани одлуки на Уставниот суд на СР Германија“, преведена на македонски јазик, издадена…
-
Поставен камен темелникот на новиот објект во кој ќе биде сместен Уставниот суд на Република Македонија
На 23 март 2009 година беа поставени темелите на новата зграда во која ќе биде сместен Уставниот суд на Република Македонија. Премиерот Никола Груевски и претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски вчера го поставија камен-темелникот за изградба на објектот, а со свечениот чин што беше проследен со света литургија чиноначалствуваше Архиепископот…
-
Средба со претставници на Фондацијата Конрад Аденауер
На 12 септември 2008 година, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски оствари средба со г-ѓа Стефани Рикарда Рос, раководител на Програмата за владеење на правото на Фондацијата Конрад Аденауер и г-дин Анри Боне, директор на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје. Цел на посетата беше запознавање со проектот за преведување…
-
Средба на судиите од Уставниот суд со Претседателот на Република Македонија, Н.Е.Бранко Црвенковски во Охрид
Средба на судиите од Уставниот суд со Претседателот на Република Македонија, Н.Е.Бранко Црвенковски во Охрид
-
Посета на претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, на Уставниот суд на Република Македонија
Посета на претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, на Уставниот суд на Република Македонија