На 25 септември 2009 година,во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје во организација на Уставниот суд на Република Македонија и Програмата за владеењето на правото на Фондацијата Конрад Аденауер се одржа стручна расправа на тема „Уставно судство“.
Во рамките на стручната расправа беше промовирана Публикацијата „Избрани одлуки на Уставниот суд на СР Германија“, преведена на македонски јазик, издадена по повод 60 години на Уставот на СР Германија.