На средбата се разговараше за актуелната состојба во уставното судството и предлог – мерките за унапредување на работата на Уставниот суд на Република Македонија, како заштитник на највисокиот правен акт во државата, Уставот на Република Македонија и гарант на демократијата, владеењето на правото и заштита на човековите слободи и права.
На крајот на средбата, беше искажана взаемна благодарност од одржаната средба.